Select Page
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.

Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026  (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15  часот во сала на сотаноци во општина Дебрца.

Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk,  најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.

Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.

http://https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/pokana-za-javna-rasprava-po-nacrt-na-zakon-za-proglasuvanje-na-belcisko-blato-za-zastiteno-podracje-vo-kategorija-iv-park-na-priroda

КОНКУРС  за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети во Република Македонија

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети во Република Македонија

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа „(Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 39 став 1 точка 9 од Статутот на Општина Дебрца, како и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети во Република Македонија број 01-341/1 од 12.03.2026 година, Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

КОНКУРС

за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети во Република Македонија

  1. Воведни напомени

Општина Дебрца доделува стипендии на редовни студенти од општина  Дебрца запишани на додипломски студии на државните и приватните универзитети во Република С. Македонија. Студентските стипендии се доделуваат со цел поттикнување на високото образование, поддршка на талентирани студенти,  поддршка на студенти кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, поддршка на студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби.

Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една академска година.

Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.

Стипендиите се доделуваат во три категории:

А) Стипендии за студенти со висок успех во студирањето;

Б) Стипендии за студенти кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;

В) Стипендии за студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби.

Стипендиите се неповратни.

А) Стипендии за студенти со висок успех во студирањето;

Право на стипендија за успех имаат студенти кои ги исполнуваат следните услови: 

  1. да се редовни студенти на додипломски студии;
  2. да се жители на општина Дебрца;
  3. да не повторувале година во текот на студирањето;
  4. да не се корисници на друга стипендија;
  5. да имаат постигнато висок просечен успех.

Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– најмалку 7,50 за студенти на природно-математички, техничко-технолошки, биотехнички и медицински науки;

– најмалку 8,00 за студенти на општествени науки, уметности и други студиски програми.

– за студентите од I година да имаат континуиран одличен успех во текот на Средно образование ;

– Студентите треба да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити од претходните студиски години. 

Начин на пријавување 

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават следните документи:

1.Копија од лична карта;

  1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025-2026 година (копија или во оригинал);

3.Копија од трансакциска сметка;

4.Копија од уврение за положени испити од кои ќе може да се утврди просекот;

5.Копија од Свидетелства од Средно образование доколку се работи за кандидат од I година на додипломски студии ;

  1. Изјава потпишана од студентот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија;
  2. Изјава потпишана од студентот за обработка на личните податоци.

Б) Стипендии за студенти кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;

Право на стипендии за редовни студенти на додипломски студии кои живеат во потешки социјални услови, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да се редовни студенти запишани на прв циклус додипломски студии на државните и приватните универзитети во РСМ;
  3. да живеат во потешки социјални услови (со вкупни примања во семејството од максимум две минимални плати) – (студенти кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител, без родител, од семејства кои се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош, студентот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести);
  4. да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;

Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– најмалку просечен успех 7,00 за студентите од повисоките години на студии, или- континуиран многу добар успех во средното образование за студентите запишани во прва година.

– Студентите треба да имаат положено најмалку 80% од предвидените испити од претходните студиски години.

Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)

  1. Копија од лична карта;
  2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025-2026 година (копија или во оригинал);
  3. Копија од трансакциска сметка;
  4. Копија од уврение за положени испити од кои ќе може да се утврди просекот;
  1. Копија од Свидетелства од Средно образование доколку се работи за кандидат од I година на додипломски студии ;
  1. Потврда за висината на примања (Годишна пријава) на сите членови на семејството на студентот издадена од УЈП;
  2. Копија од извод на умрени за ученици од самохран родител или без родители, Копија од Решение од Суд за развод на брак за студент од самохран родител;
  3. Копија од потврда дека семејството е корисник на социјална помош;
  4. Изјава потпишана од студентот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија;
  1. Изјава потпишана од студентот за обработка на личните податоци.

В) Стипендии за студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби;

Право на стипендии за редовни студенти со ретки болести и студенти со посебни потреби, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да се редовни студенти запишани на прв циклус додипломски студии на државните и приватните универзитети во РСМ;
  1. Да имаат најмалку просечен успех 7,00 за студентите од повисоките години на студии, или
  2. Да имаат многу добар успех во средното образование за студентите запишани во прва година;
  3. медицинска документација или потврда од надлежна здравствена институција за студенти со ретки болести;
  4. решение или медицинска документација за утврден степен на попреченост за студенти со посебни потреби.

Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)

  1. Копија од лична карта;
  2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2025-2026 година (копија или во оригинал);
  3. Копија од уврение за положени испити од кои ќе може да се утврди просекот;
  1. Копија од Свидетелства од Средно образование доколку се работи за кандидат од I година на додипломски студии ;
  1. Изјава потпишана од студентот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или компанија;
  2. Изјава потпишана од студентот за обработка на личните податоци.
  1. Копија од трансакциска сметка;
  2. Дијагноза утврдена од надлежна здравствена институција со која се евидентирани во Регистарот на лица со ретки болести во Република Северна Македонија;
  1. Соодветно решение или медицинска документација издадена од надлежна институција за Студенти со посебни потреби (лица со попреченост).

Конкурсот се објавува на огласна табла во општината и на ВЕБ страната на општината.

Конкурсот трае 20 дена од денот на објавување, односно најдоцна до 04.04.2026 година.

Пријавите со потребните документи, студентите треба да ги достават по пошта, на адреса : Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик , со назнака : „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување на ученички и студентски стипендии“ или лично во архивата на општина Дебрца.

Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на :  www.debrca.gov.mk

  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со секој студент на кој му е доделена стипендија ќе биде склучен посебен Договор во кој подетално ќе се уредат начинот и условите за користење на стипендијата.

На студентот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија ќе му биде раскинат Договорот за користење на стипендијата, а исплатените средства е должен да ги врати на општината.

На студентот ќе му биде раскинат Договорот за користење на стипендија и во случаи на недолично однесување во средината (противзаконски дејствија и нарушување на јавниот ред и мир).

Прилог:Пријави и Изјави

                                                                                                            Градоначалник

                                                                                                          Златко Сиљаноски

КОНКУРС  за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија

КОНКУРС за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа „(Сл.весник на РМ“ бр.5/02), член 39 став 1 точка 9 од Статутот на Општина Дебрца, како и Правилникот за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, број 01-342/1 од 12.03.2026 година, Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

КОНКУРС

за доделување стипендии на редовни ученици запишани во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија

  1. Воведни напомени

Општина Дебрца доделува стипендии на редовни ученици од општина  Дебрца запишани во јавните и приватните средни училишта во Република С. Македонија. Ученичките стипендии се доделуваат со цел поттикнување на образованието и постигнување високи резултати во учењето, поддршка на талентирани ученици,  поддршка на ученици кои потекнуваат од социјално ранливи семејства, поддршка на ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби.

Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година.

Износот на стипендијата изнесува 2.500,00 денари месечно.

Стипендиите се доделуваат во три категории:

А) Стипендии за ученици со висок успех во студирањето;

Б) Стипендии за ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;

В) Стипендии за ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби.

Стипендиите се неповратни.

А) Стипендии за ученици со висок успех во студирањето;

Право на стипендија за успех имаат ученици кои ги исполнуваат следните услови:

 да се редовни ученици во средно училиште;

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да не повторувале година во текот на школувањето;
  3. да не се корисници на друга стипендија;
  4. да имаат постигнато висок успех во учењето.

 Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– континуиран одличен успех од претходните години;

– за учениците од I година да имаат континуиран одличен успех во текот на Основното образование ;

 Начин на пријавување

 Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават следните документи:

1.Копија од извод од матичната книга на родени;

2.Копија од трансакциска сметка;

3.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2025/2026 година ;

4.Копија од Свидетелства од претходните завршени години на образование ( кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI до IX одделение) ;

  1. Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и меѓународни натпревари ;
  2. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити

7.Изјава од родител – стартел дека ученикот не е корисник на друга стипендија;

  1. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци.

Б) Стипендии за ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории на семејства;

Право на стипендии за редовни ученици кои живеат во потешки социјални услови, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да се редовни ученици во средно училиште;
  3. да живеат во потешки социјални услови (со вкупни примања во семејството од максимум две минимални плати) – (ученици кои потекнуваат од семејства каде има невработени родители, самохран родител, без родител, од семејства кои се социјални случаи – приматели на еднократна или постојана парична помош, ученикот од прва линија во семејството има лице со посебни потреби или ретки болести);
  4. да не се корисници на стипендија од други институции;

Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– најмалку континуиран добар успех, или- континуиран многу добар успех во од VI до IX одделение за учениците од прва година.

Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)

  1. Копија од извод од матичната книга на родени;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2025/2026 година
  3. Копија од трансакциска сметка;
  4. Копија од Свидетелства од претходните завршени години на образование ( кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI до IX одделение) ;
  5. Потврда за висината на примања (Годишна пријава) на сите членови на семејството на ученикот издадена од УЈП;
  6. Копија од извод на умрени за ученици од самохран родител или без родители, Копија од Решение од Суд за развод на брак за ученик од самохран родител;
  7. Копија од потврда дека семејството е корисник на социјална помош;
  8. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити
  1. Изјава од родител – стартел дека ученикот не е корисник на друга стипендија;
  1. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци.

В) Стипендии за ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби;

Право на стипендии за редовни ученици со ретки болести и ученици со посебни потреби, имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

  1. да се жители на општина Дебрца;
  2. да се редовни ученици во средно училиште;
  3. да имаат медицинска документација или потврда од надлежна здравствена институција за ученици со ретки болести;
  4. решение или медицинска документација за утврден степен на попреченост за ученици со посебни потреби.
  5. да не се корисници на стипендија од други институции;

Минималниот просечен успех за добивање стипендија за успех изнесува:

– најмалку континуиран добар успех, или- континуиран многу добар успех во од VI до IX одделение за учениците од прва година.

 Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат на Конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk или да го подигнат во пријавницата на Општина Дебрца.

Со пријавата потребно е да ги достават некој од следните документи: (согласно категоријата по која аплицираат)

  1. Копија од извод од матичната книга на родени;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2025/2026 година
  3. Копија од трансакциска сметка;
  4. Копија од Свидетелства од претходните завршени години на образование ( кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI до IX одделение) ;
  5. Дијагноза утврдена од надлежна здравствена институција со која се евидентирани во Регистарот на лица со ретки болести во Република Северна Македонија;
  6. Соодветно решение или медицинска документација издадена од надлежна институција за Студенти со посебни потреби (лица со попреченост).
  7. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити
  1. Изјава од родител – стартел дека ученикот не е корисник на друга стипендија;
  1. Изјава потпишана од родител – старател за обработка на личните податоци.

Конкурсот се објавува на огласна табла во општината и на ВЕБ страната на општината.

Конкурсот трае 20 дена од денот на објавување, односно најдоцна до 04.04.2026 година.

Пријавите со потребните документи, учениците треба да ги достават по пошта, на адреса : Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик , со назнака : „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување на ученички и студентски стипендии “ или лично во архивата на општина Дебрца.

Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на :  www.debrca.gov.mk

  1. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Со секој ученик на кој му е доделена стипендија ќе биде склучен посебен Договор во кој подетално ќе се уредат начинот и условите за користење на стипендијата.

На ученикот кој ќе даде лажни податоци поврзани со остварувањето на правото на стипендија ќе му биде раскинат Договорот за користење на стипендијата, а исплатените средства е должен да ги врати на општината.

Прилог:Пријава и Изјави

                                                                                                            Градоначалник

                                                                                                          Златко Сиљаноски

Одобрени финансиски средства по поднесени апликации за проект, манифестација/настан во областа на спортот по Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот на Општина Дебрца за 2026 година

Одобрени финансиски средства по поднесени апликации за проект, манифестација/настан во областа на спортот по Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот на Општина Дебрца за 2026 година

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение Фудбалски клуб Слатино 2020 Дебрца 40.000 денари

2.  

Здружение за турнир во мал фудбал св. Никола с.Требеништа

90.000 денари
3. Здружение за унапредување Оровник 2012 – Оровник Дебарца 90.000 денари

4. Здружение Фудбалски клуб САТЕСКА с.Волино 90.000 денари
5. Фудбалски клуб Лешани с. Лешани Дебрца 30.000 денари
6. Здружение Фудбалски клуб Дебарца 43 с.Белчишта 20.000 денари
7. Фудбалски клуб Славеј – Мешеишта 90.000 денари
  Вкупно: 450.000
Апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари

Апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари

Предизвикан пожар во с. Издеглевје при што изгореа десетици хектари. Огнот можеше да навлезе во неколку домови и да предизвика голема материјална штета, но среќа е што навремено беше запрен.
Голема благодарност до ТППЕ Охрид и нашите волонтери од „Ентузијаст Белчишта“ – благодарение на нивната брзина и пожртвуваност, штетата беше спречена и животите на жителите беа заштитени.
Општина Дебрца упатува строг апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари, Опасност по човечки животи: Пожарите од стрништата можат брзо да се прошират кон шуми, села и куќи, директно загрозувајќи ги животите на граѓаните.

Неконтролираните пожари ќе доведат до Уништување на почвата, Наместо палење, експертите советуваат заорување на стрништата, што помага во зачувување на квалитетот на почвата.

Палењето на стрништа и предизвикувањето на општа опасност на отворен простор се законски казниви дела.

100 ДЕНА ОТЧЕТНО, ТРАНСПАРЕНТНО И ПОСВЕТЕНО ЗА ДЕБРЦА

100 ДЕНА ОТЧЕТНО, ТРАНСПАРЕНТНО И ПОСВЕТЕНО ЗА ДЕБРЦА

Почитувани сограѓани,
Во духот на отчетноста и транспарентноста, чувствувам обврска лично да Ве информирам за сè што е реализирано и започнато во првите 100 дена од мојот мандат во Општина Дебрца.
Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати.
Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот.
Јас сум еден од Вас.
Ги знам предизвиците и секојдневно работам на нивно решавање.
Ветивме грижа за секој човек, поддршка за младите, силна инфраструктура и уредена животна средина.
Првите 100 дена покажуваат дека зборот станува дело.
👇 Ова се дел од резултатите што заедно ги постигнавме:
✔ Воведовме субвенционирање на возачки дозволи за млади до 21 година во износ од 20.000 денари;
✔ Обезбедивме субвенции за продавници како поддршка за локалната економија 10.000 денари месечно;
✔ Извршено е чистење на крајпатна вегетација на патниот правец Белчишта – Ново Село;
✔ Расчистена е вегетација и канали на патниот правец Ботун – Велмеј;
✔ Исчистена е крајпатна вегетација на потегот Годивје – Врбјани – Лактиње;
✔ Расчистена е вегетација во с. Требеништа и с. Мешеишта;
✔ Исчистена е крајпатна вегетација Издеглавје – Слатино;
✔ Целосно е расчистена дивата депонија во Грко Поле;
✔ Целосно е расчистена дивата депонија кај „Сини Вирој“ во Белчишта;
✔ Поставен е нов асфалт на улица „Романка“ во Мешеишта;
✔ Уредени се банкините на регионалниот пат Ботун – Велмеј;
✔ Асфалтиран е патот до с. Долно Средорече во должина од 630 метри;
✔ Започната е реконструкција на улица во Волино до црквата Св. Петка;
✔ Започната е реконструкција на Домот на култура во Волино;
✔ Пробиен е нов пат од 600 метри до црквата Св. Атанасиј во Лешани;
✔ Тампониран е пат во должина од 300 метри во Мешеишта;
✔ Изградивме базен во Песочани;
✔ Набавени се грејни тела за училишната зграда во Горенци;
✔ Реконструирана е оградата на игралиштето во Горенци;
✔ Уреден е дворот пред здравствениот дом во Белчишта;
✔ Расчистени се речни корита и канали во повеќе населени места низ општината;
✔ Извршено е новогодишно уредување пред општинската зграда во Белчишта;
✔ Традиционално е одбележана Стара Нова Година (Василица) со обезбедена храна и огрев за сите населени места;
✔ Набавени се униформи за вработените во ЈПК Дебрца;
✔ Набавени се 480 канти од 120 литри во соработка со Министерството за животна средина;
✔ Набавена е машина за канализациони системи за потребите на ЈКП Дебрца;
✔ Обезбеден е камион МАН за собирање смет (донација од Град Виена);
✔ Обезбедено е возило Фолксваген транспортер за потребите на ЈКП Дебрца;
✔ Обезбедени се финансиски средства за поддршка на спортските клубови и манифестации;
✔ Обезбедени се средства за поддршка на културно-уметничките друштва;
✔ Исплатени се 8.246.582 денари на земјоделците за штета од природни непогоди;
✔ Превземени се обврски на ЈПК Дебрца во износ од 5.500.000 денари за потрошена електрична енергија од пумпни станици;
✔ Доделуваме 100.000 денари за трето дете и секое наредно новороденче;
✔ Обезбедуваме 30.000 денари поддршка за склучување брак за лица до 30 години;
✔ Обезбедуваме 6.000 денари поддршка за склучување брак за лица над 30 години;
✔ Доделуваме 6.000 денари за секое новороденче;
✔ Обезбедуваме 30.000 денари помош за семејства погодени од елементарни непогоди, пожари и поплави;
✔ Овозможуваме еднократна парична помош за лекување;
☝️ Ова не се само бројки.
🙌 Ова се конкретни чекори за стабилна, развојна и достоинствена Дебрца.
100 дена посветеност‼️
100 дена одговорност‼️
100 дена видливи резултати‼️
‼️ Но ова е само почеток.
Продолжуваме со исто темпо, со уште повеќе енергија и со јасна цел –
Дебрца да биде општина со развиена инфраструктура, силна локална економија, чиста животна средина и сигурна иднина за младите.
🙏 Ви благодарам за довербата.
Заедно продолжуваме напред – за нашата Дебрца!