Select Page
Решен уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици

Решен уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици

Ставивме крај на уште еден проблем со водоснабдувањето во општина Дебрца, кое се врши преку пумпните станици.

Како што е познато во изминатиот период граѓаните и фирмите кои се водоснабдуваат преку пумпни станици на повеќе пати бевме изложени на притисок од снабдувачот со електрична енергија, ЕВН Хоме,кој користејќи ја монополската положба,која сеуште ја има на пазарот на електрична енергија и постапувајќи спротивно на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија ги исклучуваше пумпните станици од електричната мрежа,оставајќи ги граѓаните,училиштата,фирмите, ПЗУ за дијализа “Невроплус” Охрид и меѓународниот аеродром “Св.апостол Павле” без вода, со што ги загрозуваше здравјето и животот на граѓаните и особено бубрежно болните пациенти.

И покрај од општината искажаната добра волја и преземањето на долгот од 19 милиони денари,некоректниот однос од страна на ЕВН Хоме продолжи и крајно и покрај изречената времена мерка,донесена од Основниот суд Охрид, со која се забранува исклучување на пумпните станици,за 21 Февруари најави ново исклучување.

Исклучување,кое никогаш повеќе нема да се случи.

Имено,на мој предлог,советот на општината на последната седница донесе одлука за преземање од страна на општината на сите пумпни станици и обврската за плаќање на тековните сметки за електрична енергија.

Постапката за промена на корисник е завршена и почнувајќи од 1 Февруари снабдувањето со електрична енергија на пумпните станици ќе го врши од општината избраниот снабдувач, ЕДС АД Скопје, а сметките ќе ги плаќа општината.

Со промената на снабдувачот во старт ги намалуваме сметките за најмалку 30 %.

Имено , ЕВН Хоме киловатот со сите давачки го наплатува 15- 16 денари, а моменталната цена која ја наплатува ЕДС изнесува 9 -10 денари за киловат.

Во наредниот период ќе преземеме активности за дополнителна заштеда /промена на пумпите во пумпна станица с.Мешеишта и поставување на фотонапонски централи за пумпните станици во село Мешеишта и село Требеништа,како и зајакнување на капацитетите на јавното претпријатие,особено во делот на комуналната дејност водоснабдување.

И најбитното,граѓаните и сите други корисници повеќе нема да бидат доведени во непријатна ситуација да останат без вода за пиење,поради неплатени сметки за електрична енергија.

Покрај редовното сервисирање на тековните трошоци општината и во наредниот период ќе продолжи со капитални инвестиции.

 

Активности на ЈКП  ,,Дебрца”

Активности на ЈКП ,,Дебрца”

  • Чистење на резервоарот за вода во Горенци
  • Санација на пат во Ботун предизивикан од ископ за приклучок на водоводна мрежа
  • Премостување на дел од водоводната мрежа во Ново Село

 

 

 

Активности на ЈКП  ,,Дебрца”

Извештај на активности на ЈПКД Дебрца во периодот од 25.08.2023 до 10.09.2023 година

  • Санација на дефект на водоводната мрежа во Мешеишта
  • Санација на дефект на водоводната мрежа во Подмоље
  • Косење на крајпатната вегетација во Издеглавје -Слатино -Сл.Чифлик- Оздолени –Сошани
  • Санација на дефект на водоводната мрежа во Ново Село
  • Чистење на просторот од Манастирот Свети Илија во Песочан

 

 

Извештај на активности на ЈПКД Дебрца во периодот од 17.08.2023 до 25.08.2023 година

Извештај на активности на ЈПКД Дебрца во периодот од 17.08.2023 до 25.08.2023 година

  • Поставување на дозер пумпа за хлор во пумпната станица во Оровник
  • Поставување на дозер пумпа за хлор во пумпната станица во Требеништа
  • Косење на крајпатната вегетација во село Ботун
  • Увид на фекална канализациона мрежа,(на дефеците предизвикани од работата на автопатот) санација и чистење во  село Мешеишта
  • Санација на дефект на водоводната мрежа во Оровник
  • Косење на крајпатната вегетација: Белчишта – Ново Село- Белчишта
  • Косење на крајпатната вегетација: Требеништа – Волино – Требеништа
  • Санација на дефект на водоводната мрежа во Ново Село
  • Санација на дефект на водоводната мрежа во Мешеишта

/

 

 

Неделен Преглед на активности на ЈПКД Дебрца во период од  07.08.2023 до 13.08.2023 година

Неделен Преглед на активности на ЈПКД Дебрца во период од 07.08.2023 до 13.08.2023 година

 

  1. Извршена санација на дефеците на водоводната мрежа во Мешеишта
  2. Извршена санација на дефеците на водоводната мрежа во Волино
  3. Извршена санација на дефектот на водоводната мрежа во Издеглавје

 

Неделен Преглед на активности на ЈПКД Дебрца во период од  07.08.2023 до 13.08.2023 година

Неделен Преглед на активности на ЈПКД Дебрца

  1. Извршена санација на дефект на водоводната мрежа во Горенци
  2. Надополнување на нова водоводна линија од 120метри на водоводната мрежа во близина на ,,Свети Еразмо Охридски” во Подмоље
  3. Промена на цевковод во должина од 106 метри на водоводната мрежа во Горенци
  4. Санација на дефект на водоводната мрежа во Сливово
  5. Косење на тревата на крајпатната вегетација во Мраморец, Турје и Сливово