Select Page
Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Набавена нова машина за чистење на канализациони системи

Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”.

Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски.

Општината учествуваше на повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа и преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на оваа машина претставува значаен чекор во подобрување на комуналната инфраструктура и ефикасното одржување на канализационата мрежа. Новата механизација ќе овозможи побрзо и поквалитетно решавање на затнувањата и редовно одржување на системите за одводнување, со што директно ќе се подобри квалитетот на услугите кон граѓаните.

Општина  ќе продолжи да вложува во модернизација на комуналниот сектор, со цел создавање подобри услови за живот и повисок степен на јавна услуга.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 ДО 10.11.2025 година  ВО СЕЛО МЕШЕИШТА

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 ДО 10.11.2025 година ВО СЕЛО МЕШЕИШТА

Почитувани жители на село Мешеишта,

Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ.

Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ.

Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО 10.11.2025 (ПОНЕДЕЛНИК) ВОДАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПИЕЊЕ И ХИГИЕНА!

ДОЗВОЛЕНО Е САМО КАКО ТЕХНИЧКА ВОДА.

 

Ви благодариме на разбирањето и соработката

Општина Дебрца

Завршена есенска Дератизација на канализационите системи во општината

Завршена есенска Дератизација на канализационите системи во општината

Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината.

Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти  во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село Горенци и село Оровник.

Дератизацијата ја изврши Трули Нолен, Дооел Скопје, овластена компанија за дератизација,дезнисекција и дезинфекција  под надзор на епидемиолог од Центар за јавно здравје – Охрид.

Дератизацијата се изврши со помош на специјални хемиски средства , со цел да се спречи ширењето на заразни болести.

 

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.

Општина Дебрца, изврши набавка на нови пловци со вентили за резервоари

Општина Дебрца, изврши набавка на нови пловци со вентили за резервоари

Општина Дебрца, изврши набавка на 3 нови пловци со вентили за резервоари – два со димензија Ø80 и еден со Ø100.

Мотажата ќе ја изврши ЈПКД „Дебрца“, а пловците се наменети за резервоарите во селата Требеништа, Оровник и Подмолје.

Со оваа инвестиција конечно ќе се реши деценискиот проблем со прекини во водоснабдувањето, кој настануваше поради дотраените пловци стари повеќе од 30 години и честата потреба од човечка интервенција.

Општина Дебрца и понатаму останува посветена на подобрување на водоснабдувањето и условите за живот во сите населени места.

Се врши санација на локалниот пат од село Брежани до црквата „Св. Илија“ (Илинска црква)

Се врши санација на локалниот пат од село Брежани до црквата „Св. Илија“ (Илинска црква)

ЈПКД „Дебрца“ во соработка со Општина Дебрца , во текот на вчерашниот ден 28.07.2025 година, изврши санација на локалниот пат од село Брежани до црквата „Св. Илија“ (Илинска црква).

Поради поголемите оштетувања на патот, санационите активности ќе продолжат и во текот на денешниот ден, со цел да се обезбеди што е можно подобра проодност пред големиот празник Илинден.

Работиме посветено, со почит кон традицијата и потребите на граѓаните, за сите заедно достојно да го одбележиме празникот Илинден.

Активности на ЈПКД ,,Дебрца”

Активности на ЈПКД ,,Дебрца”

JПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, изврши чистење и уредување на спортската сала „Аминта Трети“ во село Требеништа, по иницијатива и барање на жителите.
 Со оваа активност се овозможуваат подобри услови за користење на салата и се придонесува за поквалитетен спортски и општествен живот во заедницата.
 Голема благодарност до мештаните за нивната проактивност!
Продолжуваме заедно да работиме за поубава и поуредена Дебрца!
Интервенција на водоводната мрежа во Охридски аеродром 💧
Екипите на ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, денес успешно интервенираа на дефект на водоводната мрежа (цевка Ф140) во Охридски Аеродром.
✅ Дефектот е отстранет
✅ Водоснабдувањето е нормализирано
По завршувањето на спортскиот турнир во село Мешеишта, Јавното претпријатие за комунални дејности – ЈПКД Дебрца, во соработка со Општина Дебрца, спроведе активности за темелно чистење и уредување на јавниот простор село Мешеишта.
👉 Се изврши целосно чистење на централниот дел на селото, како и на спортското игралиште каде се одржуваа натпреварите, при што отпадот беше соодветно отстранет, зелените површини расчистени, а целиот простор вратен во својата првобитна и уредна состојба. Овие активности се дел од нашата заложба за одржување на хигиената, безбедноста и естетиката на јавните простори во секое населено место од нашата општина.
По пријава за проблем во водоводната мрежа во село Оровник, екипите на ЈПКД „Дебрца“ во координација со Општина Дебрца веднаш излегоа на терен и ја завршија санацијата на дефектот во рекордно време. Интервенцијата беше изведена во близина кај игралиштето каде што беше забележано истекување на вода.
🚰 Снабдувањето со вода сега е целосно нормализирано, а системот функционира без пречки.
САНИРАН ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДОТ ВО С. ГРКОПОЛЕ 🔧💧
Екипите на ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираа и го санираа дефектот на водоводната мрежа во село Гркополе. Интервенцијата беше извршена во близина на локалната патна мрежа, со што беше спречено прекинување во снабдувањето со вода.
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, спроведе итна интервенција на главната водоводна линија во село Горенци, во близина на надвозникот, каде што беше предизвикано сериозно оштетување на цевка со димензија 6/4 цола, која ја поврзува мрежата со локалниот резервоар.
 До прекинот на водоснабдувањето дојде поради градежни активности изведени од компанијата „Синохидро“, ангажирана на терен како изведувач на инфраструктурни проекти.
Во координација со Општина Дебрца, ЈПКД „Дебрца“ успешно изврши инсталација на текомати на цевка Ф110, со цел трајно решавање на проблемот со водоснабдување дел од Подмоље и околината на „Макпетрол“, вклучително и неколку правни објекти зад објектот на „Макпетрол“.
 Оваа интервенција е дел од нашите континуирани напори за подобрување на водоводната и комуналната инфраструктура на територијата на општината.
ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираше на водоводната мрежа кај локацијата под пиланата ДрвоПром во село Оровник, каде што беше евидентиран дефект настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Ад Илинден“ за потребите на изградбата на автопатот.
При изведбата беше оштетен еден водоводен приклучок, со што привремено без вода остана едно Правно Лице