Select Page
Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Католички Божиќ

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Католички Божиќ

Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божик го празнувате според Грегоријанскиот календар,

Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

Мир Божји – Христос се роди !

Иницијатива за Новогодишна хуманитарна акција

Иницијатива за Новогодишна хуманитарна акција

Почитувани  градоначалник, советници, општинска, администрација, вработени во општина Дебарца, и ЈКП Дебрца,  жители на општината и секој добронамерен поединец или фирма.

На ден 28.12.2020 година (понеделник)  во просториите  на зградата на општина Дебрца, село Белчишта, се организира  хуманитарна акција за дарување на храна,  средства за хигиена, облека за нашите сожители  кои што не се во можност тоа да си го дозволат.

Ве замолувам  сите кои ќе дарувате сето тоа да е уредно спаковано. Храната да не е брзо расиплива, а облеката да е чиста, неоштетена,употреблива.

Исто така апелирам  да се запазат мерките за заштита од  пандемијата на covid вирусот.

Да споделиме радост.

Да направиме некој среќен .

Помагајте им на луѓето и тогаш кога знаете дека неможат да ви возвратат. По тоа ќе Ве препознаат дека сте човечни,сочуствителни,милостиви.

Среќна, бериќетна, и благословена  да ни биде 2021 година.

Со почит 

М-р Катерина Пискулоска,

член на совет при општина Дебрца

Градоначалникот Ногачески одржа јавна презентација на предлог програмите и буџетот за 2021 година

Градоначалникот Ногачески одржа јавна презентација на предлог програмите и буџетот за 2021 година

Почитувани граѓани,
Тргнувајќи од мојата заложба во изминативе три години од мандатот, за подигнување на нивото на транспарентност во работата на Општина Дебрца и со цел вие да станете активни чинители и активно да се вклучите во дебати кои директно влијаат на вашите индивидуални, групни и колективни интереси, оваа година поради Ковид 19 кризата одлучивме предлог програмите и предлог-буџетот на Општина Дебрца за 2021 година да го презентираме online преку платформите ZООМ и Facebook.
Презентацијата  се одржа во четврток (10.12.2020 година) со почеток во 11:00 часот.
Вашите разумни предлози беа земени предвид, ќе се разгледаат и според можностите ќе бидат внесени во предлог-буџетот на Општината за 2021 година, кој ќе биде доставен до Советот на Општина Дебрца за усвојување.
Со почит,
Зоран Ногачески
Градоначалник на Општина Дебрца

 

https://www.facebook.com/nogaceskizoran/videos/197857208622600/

 

Градоначалникот Ногачески одржа јавна презентација на предлог програмите и буџетот за 2021 година

Градоначалникот Ногачески јавно ќе ги презентира предлог програмите за 2021 година

Почитувани граѓани,

Тргнувајќи од мојата заложба во изминативе три години од мандатот, за подигнување на нивото на транспарентност во работата на Општина Дебрца и со цел вие да станете активни чинители и активно да се вклучите во дебати кои директно влијаат на вашите индивидуални, групни и колективни интереси, оваа година поради Ковид 19 кризата одлучивме предлог програмите и предлог-буџетот на Општина Дебрца за 2021 година да го презентираме online преку платформите ZООМ и Facebook.

Презентацијата ќе се одржи во четврток  (10.12.2020 година) со почеток во 11:00 часот.

Ве покануваме да учествувате на презентацијата и да кажете свои забелешки и предлози во однос на буџетот.

Вашите разумни предлози ќе бидат земени предвид, ќе се разгледаат и според можностите ќе бидат внесени во предлог-буџетот на Општината за 2021 година, кој ќе биде доставен до Советот на Општина Дебрца за усвојување.

Со почит,

Зоран Ногачески

Градоначалник на Општина Дебрца

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Денес, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација.

Славејќи го овој ден, ја празнуваме идејата на македонските револуционери за самостојна и независна Македонија која денес ја живееме во сопствена, независна државa.

Честит и вековит празник !!

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод 11 Октомври

Почитувани граѓани,
11 октомври е ден од македонската историја, кој не само што е симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност. На овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Востание кое мора да стои на пиедесталот на македонскиот народ во креирањето на вистинската приказна за македонската република..
Во најубавата приказна за слободна Македонија посебно е вградена и нашата Дебрца,
Во Дебрца, на Славеј Планина е формирана првата регуларна воена единица на НОВ и ПОМ, баталјонот “Мирче Ацев”, во Сливово е формирана Првата македонска-косовска ударна бригада, во Црвена Вода е објавен Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ.
Наша должност останува да го чуваме она за кое се дадени многу животи.
Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе.

Нека ни е честит празникот, нека ни е вечна Македонија !

Големина на Фонт
Контраст