Select Page
Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод чествувањето на “Св.Климент Охридски”

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод чествувањето на “Св.Климент Охридски”

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески по повод празнувањето на Св. Климент Охридски, упати честитка до сите православни христијани:

Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.
Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Слава Тебе Клименте !
Честит празник !

Градоначалникот Ногачески положи свежо свеќе по повод 78 години од формирањето на Првата македонска-косовска народно ослободителна ударна бригада

Градоначалникот Ногачески положи свежо свеќе по повод 78 години од формирањето на Првата македонска-косовска народно ослободителна ударна бригада

Денес, пред Споменикот-Паметник во село Сливово, славна Дебрца со историски час и полагање цвеќе се одбележа уште еден светол датум од нашата историја, 78 години од денот кога на 11 Ноември 1943 година беше формирана Првата македонска-косовска народно ослободителна ударна бригада.
Таа генерација наши претходници избраа да изградат држава – светилиште на слободата, дури и по цена на нивните животи, ја грабна таа историска шанса за да го остварат вековниот сон – своја држава, држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани .
И затоа, ние денеска им оддаваме должна почит на тие храбри, државотворни луѓе.

Во Црвена Вода одбежежан јубилејот 78-години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

Денес, во историското село Црвена Вода, славна Дебрца го одбележавме јубилејот- 78 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ, на 03 Октомври 1943 година, ден кој е патронен празник на општина Дебрца.

Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно можеме да констираме дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца.

Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја.

И не само тука, во Црвена Вода, на денешен ден, туку и на Славеј Планина, каде што пред 78 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот “Мирче Ацев, во Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија.

Дебарца долго време беше на маргините, поради што луѓето си заминуваа, селата ни се празнеа. Но, тоа не значи дека духот на нашите предци е исчезнат. Тој живее во сите нас и во нашата визија за Дебрца.

Таа визија е да го промовираме еко капацитетот на Дебрца, да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца.

Дебрца да остане чиста и незагадена и секогаш да пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите добронамерници кои ќе ја посетат.

Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.

 

 

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Почитувани верници од православна вероисповед.

Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На овој празничен ден да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие – да бидеме добри луѓе, да подадеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.

За многу години!

Илинденска честитка од градоначалникот Ногачески

Денеска го празнуваме денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и вториот Илинден – Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија во 1944 година.

Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.

Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.

И во првиот Илинден, со Кузман Капидан, Дејан Војвода, Арбинската битка, 218-те селани протерани на најдолгиот пат до Дијар Бекир и во вториот Илинден, со баталјонот “Мирче Ацев” на Славеј Планина, Првата бригада во село Сливово, првата слободна територија, Манифестот на Асном од Црвена Вода, првиот свештенички собор во село Издеглавје.

Нека ни е честит празникот‼ Нека ни е вековита Македонската Република‼

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Градоначалникот Ногачески упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод Курбан Бајрам

На сите граѓани од муслиманска вероисповед Ви го честитам денешниот празник, 20 Јули – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

Нека овие празнични денови Ви донесат Вам и на вашите најблиски среќа, радост, љубов и внатрешен мир.

Честит Курбан Бајрам!
Kurban Bayramınız Kutlu Olsun!
Urime Kurban Bajramin!

Со почит,
Зоран Ногачески –  градоначалник на општина Дебрца