Select Page
Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Со заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи деновиве во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.

До денес овие активности се реализирани во селата Оровник,Горенци Требеништа и Волино.

Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца.

 

 

ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА

ОДОБРЕНА ЕДНОКРАТНА ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА МАЛАТА ТЕОДОРА

На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска.

Посакуваме Теодора да се излекува и да биде како сите други дечиња, да има среќно и безгрижно детство.

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.

Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец,санација на постојните клупи ,поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување.

Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

 

Доставени канти за одпад од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање

Доставени канти за одпад од страна на Министерство за животна средина и просторно планирање

Денес од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање  на Општина Дебрца се предадени 75 канти за собирање на одпад  со капацитет од 120 л.

Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад.

Набавените канти ќе бидат распоредени  на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален одпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината.

Со оваа активност општината и ЈПКД,,Дебрца” продолжуваат во континутет во подобрување на хигиента и собирањето и третманот на одпадот од одмаќинствата во општината.

Привршува доизградбата на канализациониот систем во село Мешеишта

Привршува доизградбата на канализациониот систем во село Мешеишта

Во село Мешеишта привршуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.

Во текот на 2024 година се изградени 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,а за што се инвестираа 6.802.682 денари или околу 110.000 евра, од кои 2.500.000 денари беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година,а 4.302.682 денари од Буџетот на општината за 2024 година.

Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци.

40-та седница на Советот на општината Дебрца

40-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 40-та седница на Советот на општината Дебрца

 Ја свикувам 40та седница на Советот на општината Дебрца.

          Седницата ќе се одржи на ден  27.11.2024 година (среда), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                       

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                     

  1. Усвојување на записник од 38-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Усвојување на записник од 39-та седница на Советот на општина Дебрца
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 година
  4. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
  5. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2024 година
  6. Предлог – Решение за именување член – претставник на Општина Дебрца во училишниот одбор на ОУ „Дебрца“ – Белчишта
  7. Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2025 година
  8. Предлог – Годишна Програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2025 година
  9. Предлог – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за развој на образованието во општина Дебрца за 2025 година
  10. Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2025 година
  11. Предлог – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2025 година
  12. Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2025 година
  13. Предлог – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2024/2025 година
  14. Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2025 година
  15. Предлог – Програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2025 година
  16. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени за собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад од индивидуални корисници – домаќинства и правни лица
  17. Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект со намената на земјиштето

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседавач,

                                                                                                Крсте Јорданоски