Select Page
Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца започна со уредување на селата во општината

Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца започна со уредување на селата во општината

Преку заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца започна со реализација на програмата  за уредување на Села во Општина Дебрца.

Во програмата етапно ќе биде опфатена цела Дебрца со заедничка работа на локалните власти и жителите, очекуваме значителен напредок во подобрувањето на условите за живеење, како и создавање на поубави и пофункционални заедници.

Екипите започнаа со работа од село Оровник каде се врши расчистување на вискока и ниска вегетација собирање на одпад и складирање на соодветни места каде истиот ќе биде подигнат од страна на ЈПКД Дебрца.

Во наредниод период продолжуваме и во останатите населни места.

 

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2025

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2025

Почитувани граѓани,

 

Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2025 година.

Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.

Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.

Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.

Во рамките на процесот ќе биде одржан и отворен ден (25/11/2024, Понеделник) со почеток во 10:00 часот во сала на совет на Општина Дебрца, каде  поканети се сите граѓани на општина Дебрца, да дадат свој предлог, идеа, мислење.

Секој пополнет формулар и секоја идеа ќе биде темелно прегледан од нашите вработени и предлозите за нови проекти ќе бидат земени во предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2025 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса

Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации  во општина Дебрца

Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца

Почитувани,

 

Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации  во општина Дебрца на 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца.  Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час.

Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, ЕУ агендата и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Покрај граѓанските организации на настанот поканети се и претставници на општинската администрација, млади активисти и волонтери и претставници на бизнис заедницата што соработуваат со граѓанските организации.

Ве молиме да го потврдите вашето учество на: marija@adi.org.mk и/или 071 865-053.

Проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2 е финансиран од Европската Унија а го спроведува Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус, Штип.

 

Со почит,

Тимот на Граѓански ресурсен центар

Проширување на уличната водоводна мрежа, изградба на доводен крак во село Арбиново

Проширување на уличната водоводна мрежа, изградба на доводен крак во село Арбиново

Деновиве во село Арбиново се работи на проширување на уличната водоводна мрежа,односно изградба на доводен крак / ископ на каналски ров и монтажа на полиетиленско црево за водоснабдување ф 63 /, во должина од 900 метри, со што со вода за пиење од водоводниот систем ќе се обезбедат и домаќинствата во долниот дел на селото, односно до автопатот во изградба.

Работите ги изведува ЈПКД “Дебрца”- Белчишта,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година

Известување за спроведување на теренска вакцинација против сезонски грип

Известување за спроведување на теренска вакцинација против сезонски грип

Ве известуваме дека на ден 08.11.2024 ќе се спроведи теренска вакцинацинација против сезонски грип во селата:
с. Идеглавје во 14:00h
с. Слатино во 14:30h
с. Оздолени во15:00h
с. Велмеј во 15:30h
с. Лешани во училиштето во 16:30h
с.  Белчишта во училиштето во 17:00h
с. Ботун во 17:30h

Доколку во некое од селата има непокретни болни лица да се пријават за вакцинација на тел.071 366 564.

Склучен  договорот  за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2/

Склучен договорот за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините, реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2/

Вчера  во Владата Градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на склучување на договор за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.

Во рамките на Јавниот повик на Владата општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2 /,во должина од 1400 метри.

За реализација на проектот од Владата,преку Министерството за транспорт и врски на општина Дебрца се одобрени 8.627.682 денари.

 

По спроведување на тендерската постапка проектот ќе се имплементира.