Select Page
Изложбен центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој  Наскоро……….

Изложбен центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој Наскоро……….

Општина Дебрца и  Здружението за екологија и туризам  ,,Екотуризам 2016” активно работи на опремување на Изложбениот центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој со седиште во село Белчишта .

Наскоро се очекува вратите на центарот да бидат отворени за сите посетители кои ќе го почуствуваат спојот на природата и минатото на територија на Дебрца, како локалната заедница живееле  работеле и ги користеле поволностите  на  самото блато.

Повеќе  детали Наскоро!!!!!!

Завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца

Завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца

Во изминатиот период завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца и тоа:

Во село Врбјани тампонирани се две улички, во должина од околу 120 метри.

Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.

Во село Ново Село извршено е пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.

Во село Волино тампониран е пристапен пат,

во должина од околу 750 метри, во местноста “Аџица”,со што се поврзуваат двете долномаалски улици во селото, односно патот во правец на село Ливада со патот во правец на село Мороишта.

Тампониран е патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км

Тампониран е патот до црквата “Св.Атанасије”,село Сливово,во должина од околу 550 метри.

Во село Издеглавје со гребен асфалт тампониран е патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.

Тампониран е полски пат од местноста “Врпче” до местноста “Ѓорамидница”, КО Волино, во должина од 1,1 км.

Со овие активности се обезбедува полесен пристап до верските објекти, земјоделското земјиште и Белчишкото Блато.

Вкупната вредност на работите изнесува 3.540.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Работите ги изведе фирмата БИС дооел Охрид.

И во наредниот период ќе продолжиме со вакви активности,согласно потребите на граѓаните.

 

 

81 годинa од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

81 годинa од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на општина Дебрца

Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта се одбележаа 81 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година, Ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја, а
Манифестот до македонскиот народ, од 1943 година, по своето значење, е еднаков со Крушевскиот манифест од 1903 година и во него е претставена платформата на македонската државност , односно Асномска Македонија.
Како генерација имаме обврска, но и аманет од нашите претци да се однесуваме одговорно кон нашата историја и нејзините придобивки.
Затоа и во наредниот период посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
Мапирани велосипедски патеки во Општина Дебрца со проектот ,,Патеки на Откривање”

Мапирани велосипедски патеки во Општина Дебрца со проектот ,,Патеки на Откривање”

Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а  целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на  љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во општина Дебрца олеснет пристап за нивно откривање, како и безбедно започнување и пристигнување по обележана велоспиедска патека.

Во прилог Линк од велосипедските патеки како и QR-кодови за полесен пристап до самите апликаци (мапи).

Link – MTB Trail Slavej Planina:
Link – MTB Trail Slavej Plania Pesochani:
Link – MTB Trail Karaorman:
Link – MTB Trail Orli Vrv:
Link – MTB Trail Ilinska Planina:
Link – MTB Trail Babin Srt:
Изградба на доводен крак за водоснабдување во село Сливово

Изградба на доводен крак за водоснабдување во село Сливово

Во село Сливово по санацијата на каптажата извршена е изведба на доводен крак за водоснабдување, во должина од 400 метри за потребите на жителите на село Сливово.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца.

Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Во рамките на Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Белчишта-село Злести, во должина од 1400 метри.