Select Page
Известување за жителите на Подмоље

Известување за жителите на Подмоље

Се известуваат жителите на населеното место Подмоље, дека поради приклучок на новоизградениот резервоар на главната водоводна мрежа, во текот на ден  14.12.2021 година  од 8:00 до 16:00 часот  ќе има прекин во водоснабдувањето на ова населено место се до негово поврзување, по што повторно ќе биде воспоставено водоснабдувањето.

 Општина Дебрца 

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2022

Почитувани граѓани, 

 
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. 
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2022 година.

ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ДЕБРЦА 2026

    Ве молиме изберете во која област припаѓа вашиот предлог/идеја.
  • Ве молиме во кратки црти објаснете ја вашата предлог идеја/проект
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваш контакт број.
  • Доколку сакате нашите служби да ве контактираат, ве молиме оставете ваша е-маил адреса
Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.

Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.

Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот проток од 15m³/s во нејзиното природно корито што се влева во Црн Дрим, како и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.

Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целосното известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр. 3,  1000 Скопје. www.moepp.gov.mk

 

Во прилог спроведената Оцена на еколошкото и социјалното влијание од проектот за обнова на коротото на река Сатеска за пренасочување во нејзиниот природен тек изготвен во согласност со Социјалните и Еколошки стандарди на УНДП (кликнете тука).

Контакт лица:

 

Инвеститор општина Дебрца, Игор Мартиноски

   е-маил: igormartinoski@yahoo.com

тел: 070 667 930

 

М-р Марјан Михајлов-експерт за ОВЖС/СОЖС

е-маил: m.mihajlov@maneko.com.mk

тел: 076 298 297

 

Министерство за животна средина и просторнио планирање

 Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

 

 Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина

   Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

   тел: 076 455 427;

   е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk

Зоран Ногачески е старо-нов градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески е старо-нов градоначалник на Општина Дебрца

Денес од страна на Општинската изборна комисија Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески го доби Уверението за избран градоначалник на општина Дебрца, со што  фицијално го започна новиот втор мандат 2021-2025, а врз основа на изборната волја на граѓаните изразена на локалните избори.
Големата поддршка од Вас, граѓаните за мене е уште поголема обврска и одговорност.
Подавам рака и ги повикувам сите граѓани да ни се придружат заедно да продолжиме да го градиме нашиот заеднички дом, нашата Дебрца.
Убеден сум дека на тој пат ќе имаме добра соработка и со новоизбраните членови на советот на општината, на кои им го честитам изборот.
Продолжуваме! Заедно за Дебрца! – изјави градоначалникот по повод добивањето на новиот мандат.
Предмет: ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Предмет: ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца   како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното  соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца  дека  на  ден 27.08.2021 год. (петок ) екипите на Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во  период од  21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во  Општината, подрачјето на река  Сатеска, локалитетите со застојни  водени површини, урбани населби и локалитети предвидени  во планот и програмата. 

Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на на пчелите. 

Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден. 

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е  231 881: 230 231.

Со почит,

                                                                                       Одделение за епидемиолошка дејност 

Охрид                                                                

25.08.2021 година

 Да се заштитиме од пожари!

 Да се заштитиме од пожари!

Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. На територија на општина Дебрца сме биле сведоци на повеќе пожари од ваков тип
Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, општина Дебрца ја информира јавноста за одлуката на Владата за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.
Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата.
Да покажеме поголема одговорност во заштитата на природата и безбедноста по човековото здравје,
Ви благодариме!