Mar 1, 2022
Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво, а со цел поддршка и промоција на женското претприемништво на национално и меѓународно ниво, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.
Препознавајќи го женското претприемништво како сила која придонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на свеста и допринесуваме во креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Feb 26, 2022
Вчера (петок) во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.
На состанокот преставници од Министерството за Животна средина и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино.
Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата.
Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .
Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и во општина Дебрца.
Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Feb 17, 2022
Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/2014, 44/2015 ,129/2015 , 39/2016 и 99/18) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца, со седиште во село Беличишта бб, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито “ во општина Дебрца.
Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .
Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и во општина Дебрца.
Во прилог спроведената Оцена на еколошкото и социјалното влијание од проектот за обнова на коротото на река Сатеска за пренасочување во нејзиниот природен тек изготвен во согласност со Социјалните и Еколошки стандарди на УНДП (кликнете тука).
Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Јавната расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: ““Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца ќе се одржи на
- 25 февруари 2022 година (петок), во Подрачно основно училиште во с. Волино со почеток во 11.30 часот
Контакт лица:
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
infoeko@moepp.gov.mk ,
по пошта на адреса:, плоштад Пресвета Богородица
бр.3, 1000 Скопје.
Маријан Михајлов – експерт “МАНЕКО СОЛУШНС“ ДЕК од Скопје
тел: 02 6142 209, 076 298 297, е -маил: contact@maneko.com.mk
Jan 27, 2022
Денес во општина Дебрца се одржа јавна дебата со заинтересирани граѓани за под-проектот:
“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца, а кој ќе се финансира преку Министерството за финансии, со под-заем и грант , во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
Jan 21, 2022
Врз основа на одлуката на советот на општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање под-проектот:
“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”.
Поднесената апликација е прифатена и следниот чекор е одржување на Јавна дебата со заинтересирани граѓани, на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.
Јавната дебата ќе се одржи на ден 27.01. 2022 година / четврток/, во салата за седници на советот на општината, во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот.
На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници.
Градоначалник,
Зоран Ногачески
Jan 17, 2022
Се известуваат жителите на село Горенци и горниот дел на село Требеништа дека денес и утре, 19 Јануари ќе има прекин во водоснабдувањето.
Причина се работите на поврзување на новата водоводна линија, кои ги врши изведувачот на работите на изградбата на автопатот, фирмата Синохидро.
Ве молиме за разбирање.