Jan 9, 2025
Пред крајот на 2024 година заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани.

Се изврши реконструкција на кровот,замена на прозорци и врати ,обработка на внатрешни ѕидови,тавани со кнауф,надворешна фасада со абрип,бетонски тротоари.
Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
Dec 31, 2024
Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.
Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Dec 31, 2024
Во село Ботун завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор, а во еден дел подигнато е и опремено мини детско катче/игралиште.
Вкупната вредност на работите изнесува 335.710 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Dec 25, 2024
Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунална дејност (ЈПКД) Дебрца ја информираат јавноста дека официјално е завршена акцијата за чистење и проодност на територијата на општината, вклучувајќи ги сите највисоки и најтешко достапни подрачја, како што се местата Турие и Мраморец.
Тимовите на Општината и ЈПКД-Дебрца, со цел да се осигура непречено движење и сигурност на жителите, успешно ја завршија операцијата за расчистување на снегот и обезбедување на проодност на патиштата. Во оваа акција вклучени се и најтешко достапните региони, кои поради високите снежни наноси беа блокирани.
Општината и ЈПКД – Дебрца продолжуваат со постојаното следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за одржување на патната инфраструктура во секој момент.
Сите граѓани се повикуваат да ја почитуваат патната сигнализација и препораките за безбедност во овие зимски услови.
Со Почит
Општина Дебрца и ЈКП Дебрца
Dec 24, 2024
Пред крајот на годината може да се сумира дека општина Дебрца во најголемиот дел ја реализира годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година.
Беа асфалтирани улици во повеќе населени места и тоа:
- Село Песочани- главната улица во должина од 1,1 км ,
- Село Лактиње-селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,
- Село Велмеј-улица во должина од 110 метри и рехабилитација на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,
- Село Волино-улица во должина од 280 метри,
- Село Оздолени-улицата од сретсело до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,
- Село Слатино-две улички во должина од 130 метри.
Средствата за овие активности се обезбедија од Буџетот на општината.
- Деновиве започнаа подготвителните работи за реконструкција на патот село Злести-село Белчишта,во должина од 1.4 км,а за кој средствата се обезбедени од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.
Dec 12, 2024
Продолжуваат Активностите на Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца,за уредување на селата во општината, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.
Активности продолжија и во селата Требеништа Мешеишта, Климешатни и Злести.
Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца во наредниод период продолжуваме и во остатокот од селата.