Nov 30, 2024
По снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Дебрца особено селата во (горна дебрца), а во согласност со подготовките за зимската сезона, екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца за зимско одржување на патиштата веднаш се упатија на терен. Тие активно работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на сообраќајот.
Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед да ги почитуваат законските обврски кои се во важност од 15 ноември за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.
Nov 29, 2024
Со заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи деновиве во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.
До денес овие активности се реализирани во селата Оровник,Горенци Требеништа и Волино.
Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца.
Nov 27, 2024
Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.
Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец,санација на постојните клупи ,поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување.

Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Nov 25, 2024
Денес од страна на претставници на Министерство за животна средина и просторно планирање на Општина Дебрца се предадени 75 канти за собирање на одпад со капацитет од 120 л.
Набавката на кантите е извршена со средства на Министерството за животна средина и просторно планирање од собраните средства од продажба на пластични кеси, кои се искористат за набавка на контејнери – канти за собирање на отпад.

Набавените канти ќе бидат распоредени на територија на општината каде се вршат активности за собирање на комунален одпад и истите ќе бидат во функција на жителите на општината.
Со оваа активност општината и ЈПКД,,Дебрца” продолжуваат во континутет во подобрување на хигиента и собирањето и третманот на одпадот од одмаќинствата во општината.
Nov 25, 2024
Во село Мешеишта привршуваме со доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.
Во текот на 2024 година се изградени 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,а за што се инвестираа 6.802.682 денари или околу 110.000 евра, од кои 2.500.000 денари беа обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година,а 4.302.682 денари од Буџетот на општината за 2024 година.

Општината ќе издвои дополнителни средства и во Буџетот за 2025 година за доизградба на преостанатите неколку канализациони краци.
Nov 19, 2024
Преку заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца започна со реализација на програмата за уредување на Села во Општина Дебрца.
Во програмата етапно ќе биде опфатена цела Дебрца со заедничка работа на локалните власти и жителите, очекуваме значителен напредок во подобрувањето на условите за живеење, како и создавање на поубави и пофункционални заедници.

Екипите започнаа со работа од село Оровник каде се врши расчистување на вискока и ниска вегетација собирање на одпад и складирање на соодветни места каде истиот ќе биде подигнат од страна на ЈПКД Дебрца.
Во наредниод период продолжуваме и во останатите населни места.