Select Page
Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод 8-ми Март

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод 8-ми Март

Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол,
Од срце Ви го честитам денешниот Ден, 8-ми Март, Денот на кој традиционално изразуваме благодарност и почит кон жените, Денот кој не потсетува на големите и храбри жени кои низ историјата се бореа за рамноправност, за она елементарно, во човечка и цивилизациска смисла, а кое многу често им било ускратено и одземено.
Денеска е друго време, многу работи цивилизацијата ги измени, многу грешки поправи, меѓутоа борбата сеуште трае.
На многу подрачја и денес треба да се бориме за вистинско вреднување на положбата и улогата на жените во современото општество. Со тие предизвици посебно е соочена руралната жена.
А повеќе жени во сите подрачја, посебно во оние во кои се управува со општеството само ќе придонесе овој свет да биде подобар, потолерантен и посреќен.
Со таа мисла посакувам Денот на жените уште повеќе да не поттикне секој ден во годината да го посветиме на рамноправноста, толеранцијата, солидарноста и општото добро.
Не заборавете, никој доброволно не се откажува од моќта, никој нема да Ви ја подари рамноправноста, за неа треба секојдневно да се борите, а општината и државата ќе бидат толку јаки колку што сте Вие силни, слободни, почитувани.
Бидете среќни и секој ден нека биде Ваш Ден. – стои во честитката од градоначалникот Ногачески

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање-Божик го празнувате според Јулијанскиот календар,
Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата , љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :
Мир Божји – Христос се роди !

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Видео: Новогодишна честитка од градоначалникот Зоран Ногачески


Почитувани сограѓани,

На крајот сме на 2018 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.

Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2019 година .

Ви се заблагодарувам за Вашиот придонес за општината, за сите пофалби и критики.

Тие ми даваат сила за поголеми заеднички успеси.

Новата година значи многу нови желби и предизвици. 

Затоа, во Новата година  влегуваме со  верба и надеж дека и понатаму трудољубиво и посветено ќе работиме за добробит на сите граѓани на општина Дебрца и дека заедно со Вас ќе создадеме услови за поголема благосостојба и поуспешна 2019 година.

Нека претстојните празници Ви бидат исполнети со мир, топлина и радост.

Драги сограѓани,
Ви
посакувам , многу здравје, среќа, бериќет и успех воНовата 2019 година.
Да
сме здрави и живи.

 

Со почит,

Зоран Ногачески

Градоначалник на општина Дебрца

 

Божиќна честитка од градоначалникот Ногачески

Градоначалникот Ногачески со честитка по повод Католички Божиќ

Искрени честитки до сите христијани кои денеска го слават Рождеството Христово Божиќ!

Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води.

Среќен Божиќ, Христос се роди.

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година

Денес во Основното училиште “Дебрца” ( централното училиште, подрачните училишта и подрачните паралелки ) започнува новата учебна година за 212 ученици, од кои 22 првачиња.
На учениците и наставниците им посакувам успешна учебна година.
Во оваа пригода сакам да потенцирам неколку мерки и активности кои како локална самоуправа планираме да ги имплементираме во текот на учебната година, а со цел унапредување на образовната инфраструктура, подобрување на квалитетот на образованието и мотивирање на учениците да постигнуваат високи резултати во образованието и тоа:
-инсталирање на централно греење во подрачните училишта во село Требеништа и село Мешеишта;
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА
На првиот училиштен ден секое прваче ќе добие училишен прибор.
БЕСПЛАТНА УЖИНКА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Сите ученици од I до IX одделение ќе добиваат бесплатна ужинка. Средствата за ужинката ќе ги обезбедува општината во годишниот буџет, а очекуваме да започне од средината на септември, по завршувањето на тендерската постапка која е во тек.

ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА И УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА
Општината ќе обезбеди парична награда за најдобрите ученици од четирите подрачни основни училишта во општината, од кои ќе се избира еден првенец на генерација и тројца ученици на генерацијата .

ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ
Општината ќе ги покрива сите трошоци за учество на талентираните ученици на меѓуопштински, државни и натпревари во странство.

БЕСПЛАТНА УЧЕНИЧКА ЕКСКУРЗИЈА
За учениците од I до IX одделение општината ќе ги покрие трошоците за еднодневен излет , еднаш во текот на учебната година.

СУБВЕНЦИОНИРАН ОПШТИНСКИ ПРЕВОЗ
Општината ќе им ги субвенционира трошоците за користење на општинскиот линиски превоз на сите ученици кои посетуваат дополнителна настава во приватните образовни центри.

ПАРТИЦИПАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО
Општината ќе соработува со советот на родители и училишниот одбор преку непосредни средби со претставниците на тие органи, најмалку два пати во текот на учебната година .
НАГРАДИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

Годишна Награда за најдобар одделенски наставник во општина Дебрца;
Годишна Награда за најдобар предметен наставник во општина Дебрца.

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита големиот верски празник Курбан Бајрам.

„Ми претставува особена чест, на сите наши сограѓани, како и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви го честитам големиот верски празник – Курбан Бајрам.

Принесувањето на жртва-курбан и дарувањето да Ви ги отворат срцата кон Бога и да Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.

Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година. Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.

Нека е честит Курбан Бајрам.