Apr 5, 2022
Денес со потпишување на договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Али Фреш Фруит ДОО и официјално се отвори првиот откупен пункт за земјоделски производи/овошје во општина Дебрца.
Откупниот пункт ќе биде лоциран во село Требеништа, во големата сала на селскиот Задружен дом. Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 15 години.
Според договорот, закупувачот е должен да инвестира во реконструкцијата и адаптацијата на деловниот простор согласно намената и инвестиционата програма.
Со оваа постапка правиме еден голем исчекор напред кон подобрување на квалитетот на услугите при откупот на земјоделските производи и промоција на производството во општина Дебрца, со што се отвораат и нови можности за иднини инвеститори.
Многу успех!
Mar 23, 2022
Деновиве Јавното претпријатие “Дебрца” интензивно врши изведба на индивидуални приклучоци на новоизградената канализациона мрежа на заинтересирани граѓани/домаќинства во село Волино.
Сите заинтересирани за приклучок можат да се јават во Јавното претпријатие.
Изведбата се врши со сопствен или материјал набавен од Јавното претпријатие.
Приклучната такса изнесува 1700 денари.
Апелираме сите домаќинства да се приклучат на канализационата мрежа, бидејќи на тој начин даваме придонес за заштита на животната средина.
За целосно ставање во функција на канализационата мрежа преостанува изградбата на третата пумпна станица за објектите во местноста “Св.Петка”, кое се очекува да биде завршено во наредните месеци.
Mar 14, 2022
Општина Дебрца организира дводневна посета на 89-ти Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2022”, Република Србија, кој ќе се одржи од 21-27 Мај 2022 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 25 и 26 Мај 2022 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 20-25 евра ноќевање со појадок ).
Од организациски причини ги замолуваме заинтересираните земјоделци и други граѓани, да се пријават најдоцна до 9 Април 2022 година, во архивата на општина Дебрца или на следниот контакт:
Телефон: 046/286-855 или е-маил contact@debrca.gov.mk
Mar 4, 2022
Општина Дебрца Ве поканува на консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој). Добредојдени се сите коментари кои би сакале да ги споделите за време на состанокот кој ќе се одржи во Општина Дебрца на 9 март (среда) 2022 г. со почеток во 10.30 часот. На состанокот ќе може да се присуствува и преку Zoom – платформата на следниот линк
https://us02web.zoom.us/j/2200021965?pwd=N0orSUhsN2VrNXh4TFhoVGZMN0UwZz09
Нацрт-студијата е достапна на следниот линк.
Агенда
11.00 – 11.10. ч. Вовед во состанокот, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Охрид / поздравно обраќање, Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца
11.10 – 11.30 ч. Презентација на нацрт Студијата за валоризација, Д-р Даниел Богнер, консултант (Zoom платформа) и Ѓоко Зороски, „Екотуризам 2016“, Охрид
11.30 – 12.15 ч. Отворена дискусија
Mar 1, 2022
Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво, а со цел поддршка и промоција на женското претприемништво на национално и меѓународно ниво, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.
Препознавајќи го женското претприемништво како сила која придонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на свеста и допринесуваме во креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.

Feb 26, 2022
Вчера (петок) во просториите на Центарот на Месната Заедница во Волино, се одржа Јавната расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито“, општина Дебрца.
На состанокот преставници од Министерството за Животна средина и проектните кординатори ја презентира Студијата и значењето на истата пред засегнати страни како и жителите на село Волино.
Присутните имаа можност од прва рака со свои забелешки и сугестии да укажат по текстот на студијата.
Со проектот се предвидува враќање на р.Сатеска во нејзиното природно корито. Вкупната должина на коритото од разделната градба до вливот во Црн Дрим е 7796m и оваа должина припаѓа во две општини, општина Дебарца и општина Струга .
Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и во општина Дебрца.
Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.