Select Page
Се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион

Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со отпад.
На седницата, на која учествуваа сите 18 градоначалници од двата региони во својство на членови на Одборот, како и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање  и меѓународните партнери, беа разгледани клучните активности што ќе го одбележат периодот што следи и ќе го насочат понатамошниот развој на регионалниот систем.
На состанокот беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на повеќегодишна координирана работа на општините од двата региона, институциите и меѓународните партнери, и претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад.
Во рамки на седницата беше презентирана и новата веб-платформа „Регион без отпад“, која е во изработка, а која ќе служи како централно место за информации, координација и транспарентна комуникација со јавноста, како и за следење на работата на МОУО и напредокот на регионалниот систем.
Посебен акцент беше ставен на планираните активности за првата половина на 2026 година, меѓу кои се изградбата на претоварни станици и набавка на возила и опрема, изработката на новиот Регионален план за управување со отпад, формирање на регионалното комунално претпријатие, зајакнување на комуникацијата со граѓаните, собирање и управување со податоци за отпадот, како и јасно дефинирање на обврските на општините во процесите.
Членовите на Одборот истакнаа дека наредниот период ќе биде клучен за поставување стабилни основи за функционален систем кој ќе обезбеди подобри и поефикасни услуги за граѓаните, поголема заштита на животната средина и зголемена институционална одговорност.
Со оваа седница, МОУО ја потврди својата улога како клучно тело за координација, планирање и надзор на реформите во управувањето со отпад во двата региони, со јасна заложба за транспарентност, соработка и вклучување на јавноста во процесите што следуваат.
Работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад е поддржана од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со општините и националните институции.
Василица по традиција одбележана во општината Дебрца

Василица по традиција одбележана во општината Дебрца

И Оваа година Василица по традиција беше одбележана во општината Дебрца, најсреќен меѓу нас беше Даниел Паункоски кај кого заврши паричката – знак на среќа, здравје и бериќет.
Со тоа, тој го презеде кумството од поранешниот кум,а од целиот колектив доби пригодни подароци како знак на почит и чест.
Му честитаме од срце и му посакуваме здравје, успех и радост, а кумството да му донесе само убавини.
За многу години Свети Василиј – Василица!“
Дедо Мраз во посета на најмладите жители во општина Дебрца

Дедо Мраз во посета на најмладите жители во општина Дебрца

Денес Дедо Мраз под елката ни остави многу пакетчиња и донесе радост за сите најмлади во Дебрца!

Насмевки, радост и среќа за најмладите жители, кои уживаа во секој момент.

Ресторан Орфеј ни донираше 250 пакетчиња за дечињата, со љубов и внимание.

Ова е уште еден доказ дека заедно можеме да создадеме убави и топли моменти за нашите најмали.

Голема благодарност до Ресторан Орфеј за поддршката и грижата кон нашите деца.

Ви посакуваме среќни празници, исполнети со радост и насмевки!

 

Одржан новогодишен базар со креативни изработки, подготвени од учениците од ООУ ,,Дебрца”

Одржан новогодишен базар со креативни изработки, подготвени од учениците од ООУ ,,Дебрца”

Градоначалникот Златко Сиљаноски присуствуваше на предновогодишната приредба во централното училиште во с. Белчишта.
Во прекрасна празнична атмосфера, учениците и наставниците ни приредија исклучително убава и разиграна програма – со песна, рецитации, глума и многу детска радост.
Посебен впечаток остави и новогодишниот базар со креативни изработки, подготвени од учениците на предновогодишните работилници – доказ за нивната вредност, трудољубивост и талент.
Им благодарам на наставниците, учениците и родителите за поканата и топлиот пречек. На сите им посакувам многу здравје, радост и успех во Новата 2026 година! 🎉
Општина Дебрца секогаш ќе стои зад образованието и младите.
Градоначалникот Златко Сиљаноски помеѓу младите од фолклорниот ансамбл „Св. Петар и Павле“

Градоначалникот Златко Сиљаноски помеѓу младите од фолклорниот ансамбл „Св. Петар и Павле“

Вечерва бев во Мешеишта, – деца полни со енергија, идеи и љубов кон нашата традиција.
Разговаравме отворено, слушнавме искрени желби и убави замисли. Им посакавме многу здравје и успех, а како мало празнично внимание им подаривме пакетчиња, со желба овие денови да им бидат исполнети со радост и насмевки.
Им ветивме поддршка и тоа ветување ќе го исполниме. Знаеме дека условите во кои тренираат не се соодветни и тоа е обврска што сериозно ја преземаме. Ќе работиме на нивно подобрување и ќе вложуваме уште повеќе во младите.
Среќни празници и уште многу успеси!
5-та седница на Советот на општината Дебрца

5-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 5-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 5та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  12.12.2025 година (петок) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:  

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2026 година (Т1)
  2. Нацрт Годишна програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во општина Дебрца за 2026 година
  3. Нацрт – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2025/2026 година
  4. Нацрт – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
  5. Нацрт – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура и комуналите услуги во општина Дебрца за 2026 година
  6. Нацрт – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
  7. Нацрт – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
  8. Нацрт – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
  9. Нацрт – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
  10. Нацрт – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
  11. Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
  12. Нацрт – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
  13. Нацрт – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година

 

  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Иван Стрезоски