Select Page
На “Кременатец” симболично одбележан 9-Мај Денот на Европа

На “Кременатец” симболично одбележан 9-Мај Денот на Европа

Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот, Денес, симболично, во името на сите граѓани на општина Дебрца градоначалникот Зоран Ногачески се поклони пред Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“, во чест на јубилејот 75 години од победата над фашизмот и Денот на Европа.

Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.

Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.

9 мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат – напиша градоналачникот Ногачески во својот фејсбук статус.

Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на објект со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура производство на енергија со сончеви панели на КП бр. 1635, 1636, 1652, 1653, 1654, 1655, 1659 и на дел од КП бр. 1634 и 1660, КО Велмеј, Општина Дебрца

Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на објект со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура производство на енергија со сончеви панели на КП бр. 1433, 1437, 1440, КО Велмеј, Општина Дебрца

Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на објект со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура производство на енергија со сончеви панели на КП бр. 1635, 1636, 1652, 1653, 1654, 1655, 1659 и на дел од КП бр. 1634 и 1660, КО Велмеј, Општина Дебрца

Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на објект со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура производство на енергија со сончеви панели на КП бр. 860, 862, 863 и на дел од КП бр. 864 и 869, КО Велмеј, Општина Дебрца

Одлуката за неспроведување на стратегиска оцена за Локална урбанистичка планска документација (ЛУПД) за изградба на објект со основна класа на намена Е2-комунална супраструктура производство на енергија со сончеви панели на КП бр. 1635, 1636, 1652, 1653, 1654, 1655, 1659 и на дел од КП бр. 1634 и 1660, КО Велмеј, Општина Дебрца

КОВИД 19: Известување од Министерство за труд и социјална политика

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 ( корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија, Министерство за труд и социјална политика презеде конкретни мерки и активности со цел жртвите на семејно насилство да добијат соодветна  помош, подршка и заштита најпрво да се јават на Националната бесплата мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство, која обезбедува 24 часовна точна, навремена и доверлива информација за заштита на жртвите, достапни услуги и телефонско советување на жртвите на родово бизарно насилство и семејно насилство. Во случаи кога постои сознание за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, како последица на семејно насилство, да се пријави до најблиската Полициска станица или надлежниот Центар за социјална работа, независно дали е полициски час.

Исто така Ве известуваме дека за општините Меѓуопштинскиот центар за социјална работа има формирано  специализирани тимови кои може да ги контактирате на следните телефонски броеви и e-mail адреси :

  • Центар за жени жртви на родово бизарно/семејно насилство.
  • Советувалиште за жени жртви на родово бизарно/семејно насилство.
  • Контакт : ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид
  • Телефон: +389; 72 232 076, 70 267 831, 71 231 032
  • E-mail: jumcsrOhrid@mtsp.gov.mk

                                                                                                             СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОПШТИНСКИ КРИЗЕН ШТАБ ДЕБРЦА

Велигденска честитка на градоначалникот Ногачески

Велигденска честитка на градоначалникот Ногачески

Почитувани граѓани, православни христијани,

Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите во здравје, мир и радост.
Оваа година Велигденските празнувања се во време кога целиот свет се соочува со заразната болест, предизвикана од Ковид -19 вирусот.
Од тие причини, Ве повикувам да бидеме стрпливи, дисциплинирани , да останеме дома и да ги почитуваме препораките за борба против коронавирусот.
Да го заштитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Овие празнични денови да ги посветиме на семејството, на реафирмацијата и јакнењето на семејните вредности.
Христовата победа над смртта нека ни биде пример и патоказ како и пред ова искушение да излеземе како победници и повторно да му се радуваме на животот.
Христос Воскресе !