Apr 16, 2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ,
ОКШ ги извества жителите на општина Дебрца, дека на територија на општината за време на викендот дозволи за работа преку онлајн, телефонски нарачки, поднесоја барање и добија следните трговски друштва,
- Спироски СН Дооел- Издеглавје, ☎️+38971859931
- Тупанчески Дооел – Волино, ☎️+38978282008
- Перко 2017 Дооел – Лактиње ☎️+38971942986
- БМС-М Дооел – Оровник ☎️+38975216712
- Коала Дооел – Мешеишта ☎️+38970856708
- Маркет Марија Дооел – Волино☎️+38972217060
- Криго Дооел – Требеништа ☎️+38972275913
- Викса 2016 Дооел = Белчишта☎️+38970483111
- Жиго ТП – Песочани☎️+38975619145
🚜Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
🚜 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.
👉Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.
Apr 10, 2020
ИЗВЕСТУВАЊЕ,
ОКШ ги извества жителите на општина Дебрца, дека на територија на општината за време на викендот дозволи за работа преку онлајн, телефонски нарачки, поднесоја и добија следните трговски друштва,
🛒Спироски СН Дооел- Издеглавје,
🛒Тупанчески Дооел – Волино,
🛒 Перко 2017 Дооел – Лактиње
🚜Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
🚜 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.
👉Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.
ИЗВЕСТУВАЊЕ,
ОКШ ги извества жителите на општина Дебрца, дека на територија на општината за време на викендот дозволи за работа преку онлајн, телефонски нарачки, поднесоја и добија следните трговски друштва,
🛒Спироски СН Дооел- Издеглавје, ☎️+38971859931
🛒Тупанчески Дооел – Волино, ☎️ +38978282008
🛒 Перко 2017 Дооел – Лактиње ☎️+38971942986
🚜Земјоделците кои што имаат работна обврска на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во кое живеат, може да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
🚜 Земјоделците пак чии што земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, при тоа треба да возат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производство, задолжително треба да извадат дозвола за движење или да се јават на телефонот 192 во МВР.
👉Регистрираните земјоделци дозволите ги вадат преку подрачните единици на МЗШВ.
Apr 9, 2020
Кризниот штаб на Општина Дебрца за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, во согласност со мерките и препораките на Владата за ограничено движење, Ги Известува сите маркети и економски оператори:
Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Дебрца кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Дебрца на следната електронска адреса belcista@t-home.mk / contact@debrca.gov,mk најдоцна до утре (петок) до 10 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.


Apr 6, 2020
Во однос на новата забрана за движење што ја донесе Владата на Република Северна Македонија, а којашто стапува во сила од среда (08.04.2020), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува земјоделците:
-Земјоделците што имаат работни обврски на своите земјоделски површини и на фармите, а кои се наоѓаат во атарот на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.
-Земјоделците пак чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото во кое живеат и треба да патуваат, а имаат работни обврски поврзани со производството, задолжително треба да извадат дозвола за движење.
Вадењето дозволи за оние земјоделци кои треба да патуваат од местото на живеење до локацијата кадешто им се наоѓа земјоделската површина или фарма, ќе биде по претходно воспоставениот принцип, преку Подрачните единици на МЗШВ. Досега, се издадени 3.491 дозвола за движење на земјоделци заради извршување на работните обврски.
Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата, и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето со коронависрусот во нашата држава.
Mar 31, 2020
Во време на кризи, каква што е актуелната светска пандемија од корона вирусот, секогаш најголеми херои се хуманите луѓе.
Денес, како прв човек на општина Дебрца бев пријатно изненаден од еден таков хуман човек, Александар Голабоски, кој потекнува од село Лешани, а живее и работи со своја градежна фирма во Швајцарија.
Александар денес ја посети општина Дебрца со донација на 150 социјални пакети, кои ги донираше на општина Дебрца, со намена да се распределат на социјално ранливи лица во општината и лица кои се потешко погодени од кризната состојба. Дополнително, распределил уште 60 социјални пакети во неговото родно Лешани и село Арбиново.
Ни рече дека во овие тешки моменти, кои освен закана за здравјето, предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес.
Со неговата донација сака да ги поттикне и останатите да ја препознаат иницијативата и да ја покажат својата хуманост на дело.
Во наредните денови мобилните тимови на општината помошта ќе ја споделат до оние на кои им е најпотребна, а општината од својот буџет ќе обезбеди дополнителни 150 социјални пакети.
Од името на граѓаните на Дебрца изразувам голема благодарност и длабок поклон до Александар Голабоски за хуманиот гест, со кој покажа како треба да се биде општествено одговорен и солидарен кон оние на кои тоа им е најпотребно.
Апелирам до сите да го следат неговиот хуман гест и да помагаат секој на начин на кој што може.
Само така, ќе излеземе посилни од оваа глобална криза.
Mar 23, 2020
🔴Се известуваат граѓаните на општина Дебрца дека поради кризната состојба предизвикана од вирусот КОВИД-19, а согласно препораките и мерките на Владата за спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 19 вирусот, од денес, 23.03.2020 година општинската администрација работи со скратено работно време, од 07:30 до 12:30 часот, секој работен ден и со намален број на вработени.
🔴Во општината ќе можат да влегуваат само странки, кои имаат итни и неодложни работи во однос на општината, при што задолжително на влезот ќе ги дезинфицираат рацете со дезинфикционо средство.
🔴Уште еднаш АПЕЛИРАМ граѓаните на минимум да ги редуцираат своите активности во однос на локалната самоуправа и своите контакти со општината да ги остваруваат телефонски или електронски , преку активните телефонски линии на општината и мобилните општински тимови, како и веб сервисите на општината .