Select Page
Градоначалникот Ногачески присуствуваше на свеченото доделување свидетелствата на учениците од IX одделение при ОУ”Дебрца”

Градоначалникот Ногачески присуствуваше на свеченото доделување свидетелствата на учениците од IX одделение при ОУ”Дебрца”

Денес во ООУ “Дебрца”  градоначалникот Зоран Ногачески  присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование .

На сите полуматуранти уште еднаш им го честитав завршувањето на основното образование и им посакав многу успех во понатамошното образование.

На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Јана Дуклеска, во име на општина Дебрца, и доделив плакета за првенец на генерација , а на учениците Емилија Целакоска, Христина Николоска, Мартина Бимбилоска и Александар Дуклески плакети за ученици на генерација .

На првенецот на генерација општината доделува и парична награда, во износ од 10.000 денари, а на учениците на генерација во износ од 5.000 денари.

Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес. – изјави градоначалникот Ногачески по повод свечениот настан.

Градоначалникот Ногачески ја промовираше новата мерка за доделување на субвенција за купување нов велосипед

Градоначалникот Ногачески ја промовираше новата мерка за доделување на субвенција за купување нов велосипед

“Живеј здраво – вози точак”

Воведуваме нова мерка – поддршка на рекреативниот спорт со доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година.

Секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари.

Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, кој ќе биде транспарентно објавен.

mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух! – напиша на својата Facebook страна градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод крајот на школската година

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод крајот на школската година

Денес официјално завршува учебната година.

Оваа година поради кризната состојба предизвикана од Ковид 19 вирусот добар дел од второто полугодие наставно-образовниот процес се одвиваше во посебни услови, со користењето на расположивите дигитални платформи за онлајн настава, што бараше дополнителен ангажман и на наставниците и на учениците.

На сите ученици им честитам за вложениот труд и напор и постигнатиот успех, а на наставниците за вонредниот ангажман во новонастанатата ситуација.

Посебно ги поздравувам учениците-полуматуранти од ООУ “Дебрца”.

Со завршувањето на 9-то одделение успешно заврши една фаза од Вашето образование, основното.
Сега сте пред нов предизвик, односно сте исправени пред избор со кој ќе треба да решите каде ќе се движат вашите професионални, а преку тоа и лични животи.

И притоа, и каде да го продолжите вашето образование, секогаш трудете се да постигнете најдобри резултати и да ги имате на ум познатите зборови на Нелсон Мандела, според кого, образованието е најсилното оружје со кое може да го промените светот.

Општина Дебрца секогаш ќе биде тука и со годишните образовни програми ќе Ве поддржува како средношколци.

Сакам да информирам дека денес од сметката на општинскиот буџет се исплатени средствата за ученичките стипендии за средношколците од општина Дебрца за учебната 2019/2020 година и тоа на 17 ученици-стипендисти по 13.500 денари или вкупно 229.500 денари.

Во текот на распустот ќе спроведеме и повеќе инфраструктурни активности во училиштата, со цел да ги подобриме условите за учење и престој.

Локалната самоуправа во следните денови ќе додели и награда за првенец и ученици на генерација од основното училиште.

Ученици, среќен распуст, се гледаме во Септември, се надеваме сите во училиштата‼️

Реализирани капитални инвестиции во повеќе проекти од локалната инфраструктура во Општина Дебрца

Реализирани капитални инвестиции во повеќе проекти од локалната инфраструктура во Општина Дебрца

Кризата предизвикана од Ковид 19 вирусот го отежнува нашето секојдневие и тековните активности на локалната самоуправа.

И во такви околности, со несмален интензитет продолживме со реализација на капиталните инвестиции во повеќе проекти од локалната инфраструктура и тоа :

Завршена е реконструкцијата на патниот правец за село Арбиново, врска со Автопат А2 и патен правец за село Лактиње, односно асфалтирана е делница во должина од 1.178 метри, вкупната вредност на работите изнесува 4.377.194 денари, од кои 3.263.926 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а 1.113.268 денари од Буџетот на општина Дебрца ;

Завршено е тампонирањето на полскиот пат од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, во должина од 1376 метри. Средствата за тампонирањето, во износ од 381.218 денари се обезбедени од Биро за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби ;

Завршена е санација на каптажи за водоснабдување во местност “Тројани”, КО-Оровник. Средствата, во износ од 433.650 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца ;

Во напредна фаза е изградбата на канализационен систем за село Волино. Вкупната вредност на работите изнесува 20.011.640 денари, од кои 16.959.017 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Програма за рурален развој и 3.052.623 денари од Буџетот на општина Дебрца ;

Интензивно се работи на реконструкцијата на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато. Реконструкцијата е во рамките на проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”, чија вкупна вредност за општина Дебрца изнесува 219.555,79 EUR, а е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR, Македонија-Грција ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % ) ;

Започна реализацијата на проектот за изградба на резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општината ;

Започна проектот за изведба на нова бушотина за водоснабдување во село Требеништа. Вредноста на проектот изнесува 605.400 денари, а средствата ќе се обезбедат од Буџетот на општината ;

започна имплементацијата на проектот “Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам” –завршена е тендерската постапка за набавка на теренски возила и опрема за спасување во зимски услови, а се подготвува тендерската документација за реконструкција на старото училиште во село Брежани и негова пренамена во планинарски дом. Вкупната вредност на проектот за општина Дебрца изнесува 130.000 ЕУР, а е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK AL, Македонија -Албанија ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа ( 15 % );

завршена е тендерската постапка и ќе започна реализацијата на проектот “Тампонирање на полски пат во местност “Рибница”, КО-Оровник”, Вкупната вредност на проектот изнесува 1.161.665 денари, од кои 984.462 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а 177.203 денари од Буџетот на општината ;

завршена е тендерската постапка и ќе започна реализацијата на проектот “Тампонирање на пристапен пат до црква “ Св.Петка”, село Требеништа, средствата, во износ од 944.000 денари се обезбедени од Буџетот на општината ;

Во тек е тендерската постапка за првата фаза од проектот: “Реконструкција-санација на задружниот дом во село Требеништа и негова адаптација во Археолошки Изложбен Центар Требеништа “. Проектот ќе се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а средствата за првата фаза , во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за рамномерен регионален развој за 2020 година.

Ветено – сторено‼️

Градиме по План-от‼️

Општина Дебрца континуирано ги помага активностите на црковните одбори

Општина Дебрца континуирано ги помага активностите на црковните одбори

Континуирано ги помагаме активностите на црковните одбори .

Во оваа прилика ќе потенцирам неколку такви активности кои со општинската механизација или на друг начин сме ги помогнале од почетокот на оваа година :

изградбата на црквата “Св.Јован”, во село Белчишта,
осветлување на црквата “Св.Василије”, село Белчишта,
чистење на дворното место во црквата “Св.Никола”, село Велмеј,
чистење на патот и дворното место на црквата “Св.Никола”, село Издеглавје,
чистење на речното корито и заштита од поплава на црква “Св.Василије”, село Велмеј,
доуредување на дворното место во црква “Св.Варвара”, село Сливово,
помош со механизацијата за почетокот на изградбата на црквата “Св.Петка”, село Лешани,
 320 метри црево за водоснабдување на црква “Св.Кирил и Методиј”, село Песочани,
вода за пиење на манастир “Св.Недела”, село Оровник,

Во изминатите две години помогнавме или реализиравме :

асфалтирање на патот до и пред црква “Св.Никола”, село Белчишта,
асфалтирање на пат до црква “Св.Атанасије”, село Арбиново,
асфалтирање на улица до црква “Св.Ѓорѓија”, село Врбјани,
асфалтирање на паркинг пред црква “Успение на Пресвета Богородица”, село Волино,
тампонирање на пат до црква “Св.Петар и Павле”, село Брежани,
уредување со бекатон плочки на плато во двор на црка Св.Спас, село Годивје,
уредување со бекатон плочки на влез во манастир “Св.Јован”, село Слатино,
уредување со бекатон плочки на дел од дворно место во црква ” Св.Варвара “,село Сливово,
градежен материјал ( камен ) за црква “Успение на Пресвета Богородица”, село Волино и црква “Св.Никола”, село Горенци,
пробивање и чистење на пристапен пат до црква “Св.Атанасије”, село Горенци,
чистење на свлечиште кај црква “Св.Петка”, село Оровник,
чистење на пат и дворно место кај црква “Св.Петка”, село Требеништа,
чистење на пат и дворно место кај црква “Св.Петар и Павле”, село Врбјани,
чистење на дворно место во црква “Св.Климент”, село Климештани,
финансиска помош за тековни проекти за црковните одбори ( село Сливово, село Велмеј, село Злести, село Белчишта, село Волино, манастир “Си Свети”, село Лешани и др.)

Продолжуваме да помагаме, подадената рака кон Господ никогаш не останува празна.

Официјално означен стартот за изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Официјално означен стартот за изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Официјално започнавме со реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект, со што исполнуваме уште едно дадено ветување -изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик.

Проект кој дваесет години наназад беше само неисполнето ветување‼️

Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран согласно Договорот за заем од Европската Инвестициона банка, а 1.170.041,00 денари ќе се обезбедат од Буџетот на општина Дебрца.

Со реализацијата на проектот се обезбедува квалитетно водоснабдување на село Издеглавје, а со завршената изградба на доводниот цевковод минатата година до село Слатински Чифлик, за кој се инвестираа 3.491.010 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, Програмата за финансирање на проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за 2019 година, вода за пиење ќе добие и ова село.