Mar 27, 2026
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026 (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15 часот во сала на состаноци во општина Дебрца.
Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.
Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.
Дневен ред
07 Април 2026
Сала за состаноци – Општина Дебрца
| 11:00- 11:15 |
Отварање на јавната расправа
Модератор Даниел Ристески |
| 11:15-11:25 |
Обраќање на висок претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање |
| 11:25:11:35 |
Обраќање на Градоначалник на Општина Дебрца
Златко Сиљаноски
|
| 11:35:12:00 |
Природни вредности, категорија на заштита, предлог граници и предлог зони на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа
Преставник од Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016 Ѓоко Зоровски –
|
| 12:00-12:20 |
Постапка за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа и Нацрт на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа
Претставник од Министерство за животна средина и просторно планирање
|
| 12:20- 13:00 |
Дискусија
|
| 13:00-13:15 |
Затварање на јавната расправа
Модератор |
Mar 26, 2026
Денес во Општина Корча, Република Албанија, заедно со Општина Колоња и Музејот „д-р Никола Незлобински“ од Струга, потпишавме значаен Меморандум за соработка.
Со заедничка проектна документација и партнерски пристап, ќе аплицираме за проект во рамки на ИПА 3 програмата, со цел да придонесеме кон унапредување на културниот развој на Општина Дебрца. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на регионалната соработка и афирмација на нашето културно наследство.
Верувам дека преку вакви иницијативи ќе создадеме нови можности за развој, размена на искуства и збогатување на културниот живот за сите наши граѓани.
Mar 25, 2026
На брегот на Охридското Езеро кај селото Оровник започнавме историска еколошка акција за чистење на плажата „Дебрца“.

Заедно со нашите партнери, ја покажавме силата на заедништвото: Општина Дебрца, АКВАТЕК Охрид, Воден Свет Преспа Охрид и СОС Балкан Медиа Охрид – обединети со една цел – зачувување на нашето езеро.

Оваа акција е резултат на силна лична заложба и јасна визија – екологијата да не биде само збор, туку конкретна акција со долгорочно влијание.

Сликата која ја затекнавме беше загрижувачка – пластика, гуми, текстил и разновиден отпад распослан долж целиот брег, дел и во самото езеро, како директна закана за биодиверзитетот.

Само во првиот ден успеавме да собереме над 12 кубни метри отпад – јасен доказ дека кога се работи заедно, резултатите се видливи.

Охридското Езеро е светско природно наследство на УНЕСКО и наша должност е да го заштитиме и сочуваме за идните генерации.

Утре продолжуваме со уште поважен чекор – за прв пат во историјата на Општина Дебрца ќе се реализира подводно чистење на дното на езерото кај оваа плажа.

Плажата „Дебрца“ кај Оровник има огромен потенцијал – природна убавина, мирна околина и уникатен поглед кон аеродромот „Свети Апостол Павле“ – простор кој заслужува да стане нова туристичка атракција.

„Охридското Езеро е природно наследство на целото човештво. Наша должност е да го предадеме почисто отколку што го добивме.“

Ова не е еднократна акција – ова е почеток на нова ера за плажата „Дебрца“ и за нашата општина.

Благодарност до сите вклучени – ова е пример како се гради иднината!
Mar 21, 2026
Со тешка механизација работевме на уредување на патот до споменикот во Српница.
Извршивме чистење на крајпатната вегетација.
Опфатен е дел во должина од 6 километри.
Продолжуваме со активности за подобрување на инфраструктурата во општина Дебрца.
Mar 19, 2026
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 20.03.2026г Петок (државен празник Рамазан Бајрам), комуналниот отпад ќе се подигне во Понеделник на 23.03.2026г.
Mar 18, 2026
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општинa Дебрца, Ве поканува да присуствувате на јавна расправа по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Јавната расправа ќе биде организирана на 07 Април 2026 (вторник), со почеток во 11:00 – 13:15 часот во сала на сотаноци во општина Дебрца.
Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Коментари/мислења/сугестии по Нацрт Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа може да доставите писмено до Министерство за животна средина и просторно планирање на следнaва поштенска адреса: Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје како и на следнава емаил адреса infoeko@moepp.gov.mk, најкасно 10 дена по одржување на јавната расправа.
Ве молиме Вашето учество на јавната расправа да го потврдите на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на: +389 76 233 020.
http://https://www.moepp.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/pokana-za-javna-rasprava-po-nacrt-na-zakon-za-proglasuvanje-na-belcisko-blato-za-zastiteno-podracje-vo-kategorija-iv-park-na-priroda