Select Page
Честитка по повод Рамазан Бајрам

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Почитувани наши сограѓани, верници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник – Рамазан Бајрам.
Нека празникот Ви донесе многу здравје, радост,спокој и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.

Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека ни биде водилка и сега и во иднина.

Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година.

Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска.

 

Нека е честит големиот верски празник – Рамазан Бајрам.

Извршено е асфалтирање на пристапниот пат  до манастирската црква “Св.Недела”,во Требеништа

Извршено е асфалтирање на пристапниот пат до манастирската црква “Св.Недела”,во Требеништа

Деновиве завршија градежните активности за изградба на пристапниот пат кој ја поврзува манастирската црква “Св.Недела”, во Требеништа со локалниот пат, односно се изврши тампонирање и асфалтирање на потегот од поштата до манастирската црква “Св.Недела”

 

3 Април Светскиот ден на водните животни

3 Април Светскиот ден на водните животни

Денес се  одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато  е идна  Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот  и Државата а ќе биде  препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.

 

Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд

Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд

Нов успех на нашата Анастасија Мојсовска, од Оровник на Државното првенство во стрелаштво со воздушна пушка, на кое постави нов личен и државен рекорд.

Честитки, а општина Дебрца како во изминатиот период и во иднина ќе го наградува секој нејзин успех, преку кој ја репрезентира и нашата општина.

 

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Во изминатите години водоснабдувањето беше во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места.

На тој план, реализирани се повеќе проекти, но и покрај тоа има уште проблеми за решавање.

Еден од проблемите на кој во наредниов период ќе посветиме внимание е водоснабдителниот систем во село Мешеишта,кој јавното претпријатие го презеде во септември 2022 година.

Водоснабдителниот систем во Мешеишта,кој се презеде со долг за неплатени сметки за електрична енергија,во износ од околу 500.000 денари има и други аномалии.

Се работи за стар систем,граден во 70-те години на минатиот век,со големи загуби на вода,поради оштетувања на резервоарот и уличната мрежа,со пумпна станица со пумпи со застарена технологија, што има за последица поголема потрошувачка на електрична енергија.

Поради тоа, акцентот го ставаме на неколку активности:

  • Деновиве ќе биде објавен тендерот за набавка на нова пумпа и замена на електричниот орман, како и за санација на постојниот/стариот резервоар,
  • Во подготовка е техничка документација за оправданост од инсталирање на фотонапонска централа кај пумпната станица,
  • Општината има изготвено техничка документација за реконструкција на уличната мрежа и бидејќи се работи за поголема инвестиција, за која општината сама не може да ги обезбеди потребните средства ,

Проектот на прв објавен повик ќе биде аплициран за обезбедување грант средства од домашните или меѓународните инвестициски фондови.

 

Ќе се подигнува безбедноста во сообраќајот со поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

Ќе се подигнува безбедноста во сообраќајот со поставување на вертикална сообраќајна сигнализација

По спроведената постапка за јавна набавка на вертикална сообраќајна сигнализација општина Дебрца ќе врши набавка на сообраќајни огледала, кои ќе бидат поставени на места каде што нема или има мала видливост при приклучување во сообраќајот,со што се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Од страна на општинските служби детектирани се повеќе такви критични места,каде ќе се постават сообраќајни огледала.

Ве повикуваме, доколку имате детектирано вакви места да доставите и Ваши предлози,каде што има потреба од поставување на ваква сообраќајна опрема на контакт телефон 046/286-855 или на mail: contact@debrca.gov.mk

 

Вашите предлози ќе бидат земени во предвид и доколку се оправдани ќе биде соодветно постапено, а во интерес на безбедно одвивање на локалниот сообраќај.