Dec 30, 2025
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Мешеишта и Климештани дека поради неработниот ден 01.01.2026 Четврток (Нова Година), комуналниот отпад ќе се подигне наредниот ден во Петок на 02.01.2026 година.
Dec 30, 2025
Се известуваат граѓаните дека Општина Дебрца на ден: 02.01.2026 и 05.01.2026 година нема да работи , поради спојување на верските празници.
Работата со странки ќе продолжи на: 08.01.2026 година.
Ви благодариме на разбирањето.
Општина Дебрца
Градоначалник,
Златко Силјаноски
Dec 30, 2025
Градоначалникот Златко Сиљаноски присуствуваше на предновогодишната приредба во централното училиште во с. Белчишта.
Во прекрасна празнична атмосфера, учениците и наставниците ни приредија исклучително убава и разиграна програма – со песна, рецитации, глума и многу детска радост.
Посебен впечаток остави и новогодишниот базар со креативни изработки, подготвени од учениците на предновогодишните работилници – доказ за нивната вредност, трудољубивост и талент.
Им благодарам на наставниците, учениците и родителите за поканата и топлиот пречек. На сите им посакувам многу здравје, радост и успех во Новата 2026 година!

Општина Дебрца секогаш ќе стои зад образованието и младите.
Dec 29, 2025
Пробиен е патот до црквата „Св. Атанасиј“ во с. Лешани со сопствена механизација на Општина Дебрца, овој пат беше долгогодишно барање на жителите на с. Лешани и значително ќе го олесни пристапот до црквата.
Нашата цел е рационално и домаќинско управување со буџетските средства, со што директно се заштедуваат средства на граѓаните.
Продолжуваме со посветена работа во интерес на сите населени места во општина Дебрца.
Dec 27, 2025
Исчистена крајпатна вегетација и наноси од земја.
Извршено е чистење на крајпатната вегетација и отстранување на наноси од земја кои го отежнуваа движењето.
Активностите се реализирани на патните правци: од автопат до с. Годивје, с. Врбјани и с. Лактиње
Со ова се подобрува прегледноста и безбедноста во сообраќајот.
Утре продолжуваме со активности во селата: Арбиново, Сливово, Турје и Мраморец.
Продолжуваме со редовно одржување и активности на терен низ целата општина.
Dec 27, 2025
Решен проблем со фекалната канализација во с. Мешеишта.
Исчистена и санирана канализацијата под мостот.
Отстранета е причината за непријатната миризба во изминатите денови.
Утре ќе се санира и патот на овој дел. Дупките ќе бидат времено пополнети со тампон, со цел полесно и побезбедно движење на граѓаните.
Во периодот што следи ќе продолжат активности, по што ќе следи и конечна санација со нов асфалт.