Jan 26, 2026
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 7-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 7–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 26.01.2026 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за усвојување на Општински енергетски план за 2026 година за општина Дебрца
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Dec 25, 2025
На денешната седница на Советот на Општина Дебрца, советниците го изгласаа Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година, со што се создаваат услови за непречено функционирање на општината и реализација на планираните активности и проекти.
Вкупниот проектиран буџет за 2026 година изнесува 202 милиони денари, од кои околу 88.146.663 милиони денари се предвидени за реализација на капитални и развојни проекти.
Буџетот е креиран со цел обезбедување финансиска стабилност и поддршка на приоритетните области, меѓу кои се: локалната инфраструктура, образованието, социјалната заштита, животната средина, спорт, култура и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Општина Дебрца ќе продолжи со одговорно и транспарентно управување со јавните финансии, во интерес на сите жители на општината.
Dec 19, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 6-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 6–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 25.12.2025 година (четврток) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 4-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 5-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за предавање во соптвеност на движни ствари – пластични канти за комунален отпад
- Предлог – Одлука за користење на службено патничко моторно возило на општина Дебрца
- Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2026 година (Т1)
- Предлог – Годишна програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2025/2026 година
- Предлог – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура и комуналите услуги во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
- Предлог – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
- Предлог – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2026 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Dec 12, 2025
Со цел активно вклучување на сите заинтересирани граѓани од општина Дебрца и креирање на граѓански буџет низ транспарентен и инклузивен процес, за првпат оваа година на увид на јавноста ги ставаме нацрт програмите и нацрт буџетот за 2026 година на општина Дебрца. Истите ги усвои Советот на општина Дебрца на седницата оддржана на ден 12.12.2025 година.
Со јавниот увид право да поднесуваат: предлози, забелешки, идеи за работа, конкретни проекти имаат сите заинтересирани: граѓани, здруженија на граѓани, правни лица, совети на месни заедници како и институции.
Јавниот увид на нацрт програмите и нацрт буџетот за 2026 година на општина Дебрца ќе трае до 19.12.2025 до 14.30 часот (петок). Предлозите може да се поднеста директно во архивата на општина Дебрца или електронски на следната емаил адреса: contact@debrca.gov.mk.
По однос на нацрт програмите и нацрт буџетот на општина Дебрца за 2026 година ќе биде организирана и јавна презентација која ќе се оддржи на ден 17.12.2025 година (среда) во салата на Советот на општина Дебрца со почеток во 11.00 часот, на која заинтересираните субјекти ќе остварат директен контакт со стручните служби на општината.
Очекуваме активно вклучување од страна на сите заинтересирани чинители со оглед на значајноста на овој процес!
Прилог:
програма спорт
програма односи со јавност
програма образование
програма настани и личности
програма ЛЕР
програма култура
програма јавно осветлување
Програма за локална инфраструктура и комунални
програма оддржување јавни патишта
програма зимско
програма еднакви можности
Нацрт програма социјална заштита
Нацрт Буџет 2026
Со почит,
Општина Дебрца
Градоначалник
Златко Сиљаноски
Dec 11, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 5-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 5–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 12.12.2025 година (петок) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на социјалната и здравствената заштита во 2026 година (Т1)
- Нацрт Годишна програма за еднакви можности меѓу жените и мажите во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за зимско одржување на општинските патишта и улици во општина Дебрца во зимската сезона 2025/2026 година
- Нацрт – Годишна програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на локалната инфраструктура и комуналите услуги во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2026 година
- Нацрт – Годишна програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Нацрт – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Dec 10, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 4-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 4–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 10.12.2025 година (среда) , со почеток во 11.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Дебрца за 2025 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски