Select Page
Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунална дејност (ЈПКД) Дебрца ја информираат јавноста дека официјално е завршена акцијата за чистење и проодност на територијата на општината, вклучувајќи ги сите највисоки и најтешко достапни подрачја, како што се местата Турие и Мраморец.

Тимовите на Општината и ЈПКД-Дебрца, со цел да се осигура непречено движење и сигурност на жителите, успешно ја завршија операцијата за расчистување на снегот и обезбедување на проодност на патиштата. Во оваа акција вклучени се и најтешко достапните региони, кои поради високите снежни наноси беа блокирани.

Општината и ЈПКД – Дебрца продолжуваат со постојаното следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за одржување на патната инфраструктура во секој момент.

Сите граѓани се повикуваат да ја почитуваат патната сигнализација и препораките за безбедност во овие зимски услови.

 

Со Почит

Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Реализирана во најголемиот дел  годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Реализирана во најголемиот дел годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Пред крајот на годината може да се сумира дека општина Дебрца во најголемиот дел ја реализира годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година.

Беа асфалтирани улици во повеќе населени места и тоа:

  1. Село Песочани- главната улица во должина од 1,1 км ,
  2. Село Лактиње-селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,
  3. Село Велмеј-улица во должина од 110 метри и рехабилитација на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,
  4. Село Волино-улица во должина од 280 метри,
  5. Село Оздолени-улицата од сретсело до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,
  6. Село Слатино-две улички во должина од 130 метри.

Средствата за овие активности се обезбедија од Буџетот на општината.

  • Деновиве започнаа подготвителните работи за реконструкција на патот село Злести-село Белчишта,во должина од 1.4 км,а за кој средствата се обезбедени од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.

 

 

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Продолжуваат Активностите на Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца,за уредување на селата во општината, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.

 

Активности продолжија и  во селата  Требеништа Мешеишта, Климешатни и Злести.

 

Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца во наредниод период продолжуваме и во остатокот од селата.

 

Интензивно се работи на чистење на патните правци во високите места во општина Дебрца од снег

Интензивно се работи на чистење на патните правци во високите места во општина Дебрца од снег

По снежните врнежи кои ја зафатија територијата на општина Дебрца особено селата во (горна дебрца), а  во согласност со подготовките за зимската сезона, екипите на Општина Дебрца и ЈПКД-Дебрца за зимско одржување на патиштата веднаш се упатија на терен. Тие активно работат на расчистување на патиштата и обезбедување на безбедноста на сообраќајот.

 

Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед да ги почитуваат законските обврски кои се во важност од 15 ноември за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.

 

 

 

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Активности на Општина Дебрца и ЈПКД- Дебрца за уредување на селата во општината

Со заедничка соработка помеѓу Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи деновиве во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.

До денес овие активности се реализирани во селата Оровник,Горенци Требеништа и Волино.

Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца.

 

 

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма во Оровник

Во село Оровник завршена е првата фаза од уредувањето на детското рекреативно катче, кај селската чешма.

Во оваа фаза се изврши заградување на просторот со нова метална ограда,поставување на летниковец,санација на постојните клупи ,поставување на детски реквизит-клацкалица и поставување на 6 канделабри за јавно осветлување.

Во втората фаза,за која тендерската постапка е завршена наместо песокот поставен кај детските играчки, ќе се постави бетонска основа,на која ќе има слој од гумена подлога,во површина од 50 м2,а дополнително ќе се постави уште една детска играчка-лизгалка,поставување на камени плочи на влезните скали,корпи за отпадоци и засадување на садници.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.