Select Page
Честитка од Градоначалникот Ногачески до граѓаните од исламска вероисповед, по повод Почетокот на светиот месец Рамазан

Честитка од Градоначалникот Ногачески до граѓаните од исламска вероисповед, по повод Почетокот на светиот месец Рамазан

Почитувани граѓани од исламска вероисповед, од срце Ви го честитам почетокот на светиот месец Рамазан , Ви посакувам да го поминете во добро здравје и нека Вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир.

Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека ни биде водилка и сега и во иднина.

Да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина , Република Македонија.

Нека е лесен и благословен Вашиот пост.

Нека е честит светиот месец Рамазан

Честитка по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената

Честитка по повод 8-ми март, меѓународниот ден на жената

Почитувани сограѓанки, припаднички на понежниот пол,

Од срце Ви го честитам денешниот Ден, 8-ми Март, Денот на кој традиционално изразуваме благодарност и почит кон жените, Денот кој не потсетува на големите и храбри жени кои низ историјата се бореа за рамноправност, а која многу често им била ускратена и одземена.

Многу работи цивилизацијата ги измени, многу грешки поправи, меѓутоа борбата сеуште трае.

А повеќе жени во сите подрачја, посебно во оние во кои се управува со општеството,само ќе придонесе овој свет да биде подобар, потолерантен и посреќен.

Со таа мисла, посакувам Денот на жените уште повеќе да не поттикне секој ден во годината да го посветиме на рамноправноста, толеранцијата.

Бидете среќни и секој ден нека биде Ваш Ден.

 

Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани, православни христијани,

Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога.

Божик е празник на мирот и празник на радоста.

Господ Исус Христос при една прилика им порача на своите апостоли: „Мир ви испраќам од небото“.

Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите Нас, да ги посети сите наши домови и тој Мир да ни даде сила во деновите кои доаѓаат, за да се справиме со сите искушенија и нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранција , љубов и разбирање.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

Мир Божји – Христос се роди!

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.

Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж.

Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици, да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.

Ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2024 година.

Честитка по повод чествувањето на “Св.Климент Охридски”

Честитка по повод чествувањето на “Св.Климент Охридски”

Во мое лично име и во име на администрацијата на Општина Дебрца, на сите припадници на православната вероисповед, упатувам честитки по повод големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски.

Основоположникот на македонската црковна и народна духовност, Свети Климент Охридски, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.

Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.
Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Слава Тебе Клименте !

Ви посакувам убав и празничен ден, исполнет со семејна топлина.

3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби

3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби

Денес се одбележува 3 Декември-Светскиот ден на лицата со посебни потреби.

И не само денес, туку секој ден треба да им го посветуваме на овие лица и да обезбедиме нивна целосна инклузија во општеството.

Како општина и во изминатиот период и во иднина ќе преземаме повеќе мерки за подобрување на нивната општествена положба ( финансиска поддршка на програмските активности на нивните здруженија, олеснет пристап до јавните институции и други активности на кои сме обврзани и со националното законодавство и со меѓународните договори ).