Select Page
Листа на проекти кои се отпочнати или треба да започнат со изградба во населените места во Општина Дебрца

Листа на проекти кои се отпочнати или треба да започнат со изградба во населените места во Општина Дебрца

Продолжуваме или започнуваме со годинешните планирани проекти,кои поради изборните правила беа во мирување или не можеа да започнат.

Деновиве продолживме или ќе започнеме со проектите,за кои се завршени постапките за јавни набавки.

Дел од нив се:

  1. Изградба на спортско игралиште и уредување на просторот кај споменикот во село Злести /проектот е во завршна фаза,
  2. Реконструкција на општинската зграда во село Белчишта /реконструкција на големата сала,административните простории,надворешна фасада и др.
  3. Реконструкција на објект-поранешна продавница во село Ботун/ проектот е во тек
  4. Реконструкција на кровната конструкција на Домот во село Годивје,
  5. Регулирање на канал за наводнување-одводнување во село Злести
  6. Заградување на училишниот двор во село Ботун
  7. Реконструкција на спортско игралиште во село Оровник
  8. Уредување на просторот кај чешмата во село Оровник
  9. Изградба на три канализациони краци во село Мешеишта,
  10. Набавка на нова пумпа и реновирање на стариот резервоар за водоснабдување во село Мешеишта
  11. Тампонирање на пат до црква Св.Димитрија во село Издеглавје,
  12. Тампонирање на пат до црква Св.Никола Талалеј во село Сошани
  13. Тампонирање на пат до црква Св.Атанасије, село Сливово
  14. Осветлување на светиот крст во црква Св Спас,село Велмеј
  15. Поставување на јавно осветлување на патниот правец село Требеништа-село Волино.
  16. Санација на рефлектори на спортските полигони

Во наредниот период,по завршување на тендерските постапки ќе започнеме и со други проекти.

 

Јавен Оглас за работно ангажирање на невработени лица по годишната програма за јавни работи за 2024 година

Јавен Оглас за работно ангажирање на невработени лица по годишната програма за јавни работи за 2024 година

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2024 година, број 01-1341/5 , од 13.11.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи за 2024 година

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 општ работниk ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2024 година, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработеното лице ќе биде ангажирано согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицето ќе му се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 900 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk ,  до 23.05.2024 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

Пријава

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

Јавен Оглас за работно ангажирање на невработени лица по годишната програма за јавни работи за 2024 година

Повик за поднесување на понуди (ППП)-Градежни работи Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца

Повик за поднесување на понуди (ППП)

Градежни работи

 

Држава: Република Северна Македонија

Назив на проект:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор

Назив на договор: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

Заем бр.: 9038-МК

Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007/2-24

 

  1. Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова и развој (ИБОР) за финансирање од Светска банка на трошоците за Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор и има намера дел од добиените средства од овој Заем да ги искористи за исплата по договор за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
  2. Општина Дебрца ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.
  1. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање со користење на Повик за поднесување на понуди (ППП) како што е наведено во Правилникот за набавки на Светска банка за заемопримачи за финансирање инвестициски проекти, Набавки за финансирање инвестициски проекти, стоки, работи, неконсултантски и консултантски услуги од јули 2016 година, ревидирани во ноември 2017 и август 2018 година (Правилник за набавки) и е отворен за сите Понудувачи како што е дефинирано во Правилникот за набавки
  2. Заинтересираните понудувачи може да добијат дополнителни информации од Светлана Костоска Донески и да извршат увид во тендерската документација на адреса: с.Белчишта Општина Дебрца, во период од 08:00 до 14:00 часот, но не подоцна од 15:00 часот.
  3. Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќање на неповратна такса од 3000 денари. Плаќањето ќе се изврши преку Народната Банка на Република Северна Македонија:

Банка: Народна Банка на Република Северна Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 719014062263013

Приходно конто: 725 939

По доставување на потврда за извршена уплата за тендерската документација на маил svetle87@yahoo.com целокупната документација ќе ви биде испратена по електронски пат од страна на Општината.

  1. Задоцентите понуди ќе бидат одбиени. Отворањето на понудите ќе биде јавно во присуство на овластените претставници на Понудувачите и лица кои сакаат да присуствуваат на адресата: с.Белчишта на 13.06.2024
  2. Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од 950.000 денари.
  3. Адресата на која се упатува погоре е:

Адреса: Општина Дебрца

с.Белчишта

Поштенски број: 6344, Република Северна Македонија

 

Предмет: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 15.05.2024 год. (среда) ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви  од комарци.

Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца 046-286-855

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2024 за избор на изработувач на Урбанистички проекти и Стручна Ревизија

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2024 за избор на изработувач на Урбанистички проекти

и Стручна Ревизија

Врз основа на члeн 45 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024), Општина Дебрца објавува:

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2024
за избор на изработувач на Урбанистички проекти и Стручна Ревизија

Општина Дебрца објавува јавен повик за изработување на:

  1. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100, КО Горенци, Општина Дебрца
  2. Стручна ревизија на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100, КО Горенци, Општина Дебрца
  3. Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца
  4. Стручна ревизија на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца

 

  1. Податоци за проектниот опфат:

Предмет на изработка:

1.1 Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100, КО Горенци, Општина Дебрца, согласно член 58, став 6 од Законот за урбанистичко планирање, а се во согласност со Законската и подзаконската важечка регулатива. Површина на проектен опфат: 0,06 ха, Должина на интегрирана сообраќајница: 80,0 метри, Ширина на интегрирана сообраќајница: 3,5 метри. Место: дел од КП 100, КО Горенци, општина Дебрца и Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца, согласно член 58, став 6 од Законот за урбанистичко планирање, а се во согласност со Законската и подзаконската важечка регулатива. Површина на проектен опфат: 0,1 ха, Должина на интегрирана сообраќајница: 180,0 метри, Ширина на интегрирана сообраќајница: 3,5 метри. Место: дел од КП 140, КО Горенци, општина Дебрца.

Согласно член 60 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024), потребно е да се изработи идеен проект. Проектот е обврска на општина Дебрца. Во цената на Урбанистичкиот проект не e вклучен Идејниот/Основниот проект, Ревизија на Основен проект, Елаборат за заштита на животна средина, Основен Сообраќаен проект, Ревизија на Основен Сообраќаен проект, изработката на истите се обврска на Општина Дебрца.

Започнување на извршување на услугите/работите: Веднаш по склучување на договорот за изработка на урбанистичките проекти и издавање на налог од Одделение за урбанизам. Општина Дебрца доставува Ажурирана геодетска подлога, Услови за планирање на просторот и Идеен проект за УП од точка 1.1, Урбанистичките проекти да се изработат согласно член 58 став 6 од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024) и Правилникот за урбанистичко планирање (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 219/2021;  104/2022 и 99/2023), за секој соодветно. На урбанистичките проекти да потребно е да биде извршена стручна ревизија од правно лице со лиценца за изработка на урбанистички планови согласно член 62, став 5 од Законот за урбанистичко планирање (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.32/20,111/23) за кој Општина Дебрца ќе обезбеди Ревиденти согласно точка 3 од овој Јавен Повик.

1.2 Стручна Ревизија на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-100, КО Горенци, Општина Дебрца и Стручна ревизија на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.1 Сообраќајни патни инфраструктури – интегрирана сообраќајна површина, на дел од КП-140, КО Горенци, Општина Дебрца
Стручната Ревизија на Урбанистичките проекти потребно е да биде извршена од правно лице со лиценца за изработка на урбанистички планови согласно член 62, став 5 од Законот за урбанистичко планирање (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024).

  1. Период за изработка на урбанистичките проекти:

2.1 Период за изработка на урбанистичките проекти

За (Точка 1.1.)

-5 дена за изработка на предлог проектна програма за барање услови на планирање на просторот

-5 дена за изработка на проектна програма од доставување на потребните документи (Елаборат и Решение од Просторен план, Извод од соседен план (доколку има), Ажурирана геодетска подлога и Имотен лист)

Веднаш по добивање на ахурираната геодетска подлога да се достават барања за податоци и информации согласно член 47 од Законот

-15 дена за изработка на Урбанистичкиот проект по усвоена проектна програма и добиени податоци и информации од институции, установи и правни лица со јавни овластувања од член 47 од Законот и добиен Идеен проект

-5 дена за корекција на УП доколку е потребно по сите фази и корекции во текот на изработката

2.2.Период за изработка на Стручна ревизија

За Точка 1.2

-10 дена за изработка на Стручна ревизија од доставување на Урбанистичките проекти.
Стручната Ревизија на Урбанистичките проекти потребно е да биде извршена од правно лице со лиценца за изработка на урбанистички планови согласно член 62, став 5 од Законот за урбанистичко планирање (,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024).

  1. Потребна документација за докажување и исполнување на критериуми:

На јавниот повик можат да се пријават правни лица со важечка лиценца за изработување на урбанистички планови (или важечка лиценца за проектирање на градби согласно Законот за градење)  и стручна ревизија на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, …168/18).
За докажување на овој услов се доставува Копија од важечка лиценца за изработување на урбанистички планови (или важечка лиценца за проектирање на градби согласно Законот за градење) или стручна ревизија на урбанистички планови, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, …168/18).
Документација за докажување и исполнување на критериуми:

3.1 Како услов за утврдување способност за вршење професионална дејност, правното лице да достави доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка односно треба да достави Документ за регистрирана дејност – образец ДРД или Потврда за регистрирана дејност.

3.2 При утврдување на способноста за вршење професионална дејност на понудувачот се бара и доказ издаден од надлежен орган за исполнување на посебните услови за вршење на дејноста пропишани согласно со закон кои се однесуваат на предметот на јавниот повик односно правното лице да има важечка лиценца

за изработување на урбанистички планови (или важечка лиценца за проектирање на градби согласно Законот за градење) или стручна ревизија на урбанистички планови, согласно членот 68 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024) или Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14….168/18) и да има во работен однос на неопределено време најмалку 1 (еден) архитект -урбанист со важечко овластување за изработка на урбанистички планови согласно Законот за урбанистичко планирање или Законот за просторно и урбанистичко планирање.

  1. Рок и начин за доставување на понудата:

Понудите да се достават најдоцна до 13.05.2024 (понеделник) до 12.00 часот преку архивата на Општина Дебрца, во плик со назнака „НЕ ОТВАРАЈ“ и „за ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2024

  1. Датум, време и место на отворање на понудите:

13.05.2024 (понеделник) во 12,00 часот, во просториите на Општина Дебрца (Административна зграда на Општина Дебрца во с. Белчишта).

  1. Критериуми за доделување на договор на јавниот повик;

Критериум за избор на најповолна понуда во постапката за избор на изработувач на Урбанистички проекти и Стручна Ревизија ке биде – економски најповолна понуда (со сооднос 80 бодови -цена, 20 бодови- квалитет) согласно предвидените и останати критериуми од чл.45 од Законот за урбанистичко планирање (,,Сл.Весник на РСМ,, бр. 32/2020, 111/2023 и 73/2024).

За критериумот цена се предвидени 80 бодови за понудувачот со најниска цена на понудата, а останатите понуди по однос на цената ке се бодираат на следниот начин:
Број на бодови = најниска цена х 80 понудена цена
За критериумот квалитет се предвидени 20 бодови кои се распоредени на следниот начин по елементи:

  • Елемент – Претходни позитивни стручни референци – 20 бодови

6.1. Кадровска и техничка опременост на правното лице

-Правното лице понудувач потребно е да има вработено најмалку 1 (еден) дипломиран инженер архитект – урбанист на неопределено време со овластување на изработка на урбанистички планови или стручна ревизија (листа на вработени од надлежен орган не постара од 1 месец од денот на отварање и важечки овластувања)
Правното лице како понудувач треба да достави листа на вработени од надлежен орган (АВРСМ) не постара од 1 месец од денот на отварање на јавниот повик со важечки овластувања.
Кадровската и техничка опременост на правното лице не се бодира, само претставува услов за исполнување на критериумите за доделување на договорот на јавниот повик.

6.2 Референтна листа за извршени услуги

-Правното лице понудувач потребно е да достави Референтна листа за минимум 1 извршенa услугa за ист или сличен предмет на услуги согласно овој Јавен Повик од последните 3 години (2021, 2022 и 2023)

Со Референтната листа потребно е да се достави Прилог од Договорот за вршење на услуга.
Референтната листа за извршени услуги не се бодира, само претставува услов за исполнување на критериумите за доделување на договорот на јавниот повик

6.3 Претходни позитивни стручни референци – 20 бодови

Истиот ќе се евалуира на следниов начин: Правното лице понудувач потребно е да достави потврди за квалитетно и навремено извршени исти или слични услуги со датуми на извршување на услугата во последните 3 години издадени од страна на корисници на услугите и потпишани од овластени потписници; За секоја Потврда за квалитетно и навремено извршени услуги, потребно е да се достави Прилог од Договорот за вршење на услуга.
Елементот – Претходни позитивни стручни референци – 20 бодови, ке се бодира на следниот начин: од 1-3 Потврди- 10 бодови и од 4-5 Потврди -20 бодови, меѓутоа не може да се добие повеќе од 20 (дваесет) бодови

НАПОМЕНА:
*Доколку на две или повеќе понуди им биде доделен ист број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата во Општина Дебрца.

6.4 Понудена организација и методологија на изработка на услугите;
Правното лице понудувач потребно е да достави динамичен план со рокови на активности во денови пропишани со законската регулатива и истиот потребно е да соодејствува со Точка 2

6.5 Финансиска солвентност;

  • Правното лице понудувач потребно е да остварил позитивен финансиски резултат за претходната година со доставување на извештај за биланс на успех или завршна сметка заверени од надлежен орган.;

6.6 Вредност на понудата потребно е да биде согласно Тарифникот за вредност на работите од урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.140/2021).
Понудувачот треба да ги внесе единичните цени и вкупната цена на набавката во предмерот од Прилог 1, за секој дел одделно (Дел 1.1, Дел 1.2)
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
Понудата е Деллива на Дел 1.1 и Дел 1.2

Начин на плаќање: Вирмански, по доставена фактура за извршена услуга во рок од 60 дена. (50% по одобрување на Проектната програма и 50% по одобрување на урбанистичкиот план), а за дел 1.2 по доставување на Извештајот од Стручната Ревизија
Понудите кои не се предадени во определениот рок, како и оние кои не ги содржат сите потребни елементи согласно условите на повикот, нема да бидат разгледани.
Понудите ќе бидат оценувани комисиски по основ на следните критериуми:

  • Цена на изработка на услугите (80 бода);
  • Претходни позитивни стручни референци – 20 бодови. Согласно законските одредби кои ја обработуваат оваа област, изработувачот на Проектно-техничката документација не може да изработува и Ревизија на Проектно-Техничката Документација. Доколку ист понудувач освои најмногу бодови за двата дела (Дел 1.1, Дел 1.2), во тој случај за најповолен понудувач ќе биде избран второ рангираниот понудувач од последниот дел 1.2)

Напомена: Понудувачот во планот и динамиката за извршување на услугите да наведе реални рокови за исполнување на секоја од законските постапки до донесувањето на УП.

Дополнителни информации за овој Јавен повик може да се добијат секој работен ден во Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, контакт лице: Игор Мартиноски, дипл.инж.арх., тел. 070 667 930, e-mail: igormartinoski@yahoo.com

Јавен Повик улици Горенци

Образец за Понуда

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА


Комисија за избор на изработувач на
Урбанистички проекти и Стручна Ревизија

Се одбележаа 23 години од загинувањето на водникот Игор Костески, припадник на специјалната единица на АРМ “Волци”

Се одбележаа 23 години од загинувањето на водникот Игор Костески, припадник на специјалната единица на АРМ “Волци”

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата во село Слатино се одбележаа 23 години од загинувањето на водникот Игор Костески, припадник на специјалната единица на АРМ “Волци” и уште седумте негови соборци,припадници на одбранбените сили на Република Македонија, на ден 28 Април 2001 година,кај тетовското село Вејце.

Обраќање за настаните од воениот конфликт 2001 година и грозоморниот чин во Вејце имаше Добре Велјаноски од охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста.

Нека им е вечна слава.

Хероите никогаш не умираат.