Select Page
Информација за ѓраѓаните  за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD  фонд

Информација за ѓраѓаните за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD фонд

Телото за управување со IPARD при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, започнува со организирање на промотивна кампања со цел започнување  и доближување на можностите за користење на средствата од IPARD програмата со потенцијалните корисници. Со оглед на фактот, дека IPARD Програмата има голем опфат, во сите економски гранки преку трите акредитирани мерки кои ќе бидат презентирани на овој настан се следни:

 

  • Мерка 1 :Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства (инвестиции во изградба на фарми, набавка на трактори и земјоделска механизација, инвестиции во преработка на сопствено земјоделско производство, подигање на нови насади).

 

  • Мерка 3 : Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи( изградба на преработувачки капацитети- млекари, кланични капацитети, мелнички капацитети, производство на месни производи, винарии, преработка на овошје и зеленчук – опремување со машини и опрема за истите и сл).

 

  • Мерка 7: Диверзификација на фарми и развој на бизниси во рурални средини ( поддршка на сите производни капацитети, од сите дејности, кои се лоцирани во рурални средини)

 

На презентацијата ќе присуствуваат претставници на Телото за управување со IPARD и претставници на Агенцијата за Финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Настанот во Општина Дебрца ќе се реализира  на ден 13.09.2023 година (Среда) со почеток во 11:00 часот во салата за совет на Општина Дебрца.

 

Информација за ѓраѓаните  за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD  фонд

ОБЈАВА број 02/2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОБЈАВА број 02/2023

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија за 2023 година  бр. 01-710/11 од 30.05.2023 година објавена во Службен гласник на Општина Дебрца бр.05/2023 од 06.06.2023 година, предмет на електронското јавно наддавање е отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички проект за разработување на Урбанистички план за село Долно Средоречје за формирање на градежна парцела 3.1 со намена Е1.13-фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на дел од КП2/4 и КП2/5 КО Белчишта, Општина Дебрца. Одобрен со
Потврда за заверка, број 63-1441/3 од 16.03.2022 година, од Министерот за транспорт и врски и Урбанистички проект за разработување на Урбанистички план за село Злести за формирање на градежна парцела 8.1 со намена Е1.13-фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на дел од КП30/1 КО Злести, Општина Дебрца. Одобрен со Потврда за заверка, број 63-1440/3 од 16.03.2022 година, од Министерот за транспорт и врски, согласно табеларниот преглед, во кој се дадени податоците за градежните парцели, намената на градежните парцели, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м² за отуѓување, вкупна почетна цена за отуѓување и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед 1:

Бр. на аукција Број на градежна парцела Намена на градежната парцела Број на катастарска парцела Површ. на градеж. парцела (м²) Површ. на градба (м²) Макс. развиена површина (м²) Катност и максимална висина до венец Процент на изграденост (%) Коефициент на искористеност Почетна цена за отуѓување по м² (денар) Вкупна почетна вредност (денари) Банкарска гаранција за сериозност на понудата (денари)
02/2023-1 3.1 Е.1.13 – фотоволтаична електрана, со компатибилна класа на намена E1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија КП 2/4, КО Белчишта 277306 194114 194114 П

Н=4 м

70 0,7 61 16915666,0 16915666,0
02/2023-2 8.1 Е.1.13 – фотоволтаична електрана, со компатибилна класа на намена E1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија КП 30/1, КО Злести 250232 175162 175162 П

Н=4 м

70 0,7 61 15264152,0 15264152,0

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

  1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

  1. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk), со пополнување на електронски образец за секоја градежна парцела поединечно, кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач, комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар):

  1. Пополнета пријава во електронска форма од страна на подносителот на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);
  2. Скенирана банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ наведен во табеларниот преглед за градежната парцела, со рок на важност до 29.02.2024 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на писменото известување за избор, истата покрај во електронска форма задолжително да ја достави и во оригинал преку архивата при Општина Дебрца до “За комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање” во бел коверт со назнака “Не отварај” и со повикување на бројот на јавната објава заклучно со истекот на рокот за пријавување.
  3. За физичките лица уверение за државјанство, не постаро од 6 (шест) месеци;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар во скенирана форма (Извод од тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 30 дена);
  5. Уредно полномошно во скенирана форма за полномошникот што го претставува правното лице, доколку правното лице не е претставувано од одговорното лице, заверено на нотар;
  6. e-mail адреса од подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Дебрца нема обврска да прима и врши корекции на истата);
  7. Изјава заверена на нотар, под полна морална, материјална и кривична одговорност дека подносителот на пријавата се согласува и ги прифаќа условите од Објавата бр. 02/2023 и доколку биде избран за најповолен понудувач во целост ќе ги почитува дадените параметри во урбанистичкиот план и доколку се јави потреба за преместување на подземна или надземна инфраструктура, истото ќе го изврши на негов товар и нема да има оштетно побарување према Република Северна Македонија, Општина Дебрца или од надлежните институции.

НАПОМЕНА: Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат ИСКЛУЧИВО по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со прикачување на наведните докази во скенирана форма. Доколку пријава поднесува странско физичко или правно лице сите докази се доставуваат и преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач. Општина Дебрца нема да прима пријави доставени преку поштенски пат или преку архивата при Општина Дебрца. Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. Заинтересираните лица (физички и правни) ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ИМААТ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на електронското јавно наддавање. Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед изнесува 61,0 денари од метар квадратен.

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед 1  и изнесува 100% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно и истата сите пријавени физички и правни лица се должни банкарската гаранција покрај електронската скенирана верзија да ја достават и во оригинал во рокот определен за поднесување на пријавата заклучно со  02.10.2023 година до 15.30 часот, во архива на Општина Дебрца.

 РОКОВИ

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед можат да се достават до 02.10.2023 година, 23:59 часот, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање за ГП 3.1 ќе започне на 04.10.2023 година, во 09:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

Јавното наддавање за ГП 8.1 ќе започне на 04.10.2023 година, во 11:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

ПОСТАПКА

  1. Комисијата преку електронскиот систем при www.gradezno-zemjiste.mk ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација автоматски им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува Известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
  2. Подносителите на пријавите за да може да поднесат електронска пријава и да учествуваат на електронското јавно наддавање потребно е да имаат дигитален сертификат (потпис).
  3. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на елетронското јавно наддавање.
  4. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање.
  5. Електронското јавното наддавање го следи Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање, формирана од Градоначалникот на Општина Дебрца.
  6. Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
  7. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,0 денари во цели броеви без децимали.
  8. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа Објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање се продолжува неограничен број пати се додека во истекот на последните две минути е дадена понуда од страна на учесниците.
  9. За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена по метар квадратен.
  10. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
  11. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
  12. По завршувањето на постапката за јавното наддавање, Комисијата е должна во рок од 3 (три) работни дена да достави барање до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
  13. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 (триесет) дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  14. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од 3(три) работни дена до најповолниот понудувач доставува Известување за избор на најповолен понудувач.
  15. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на Известувањето дека е најповолен понудувач на јавното наддавање, да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и да ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, да ги достави до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и да достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката.
  16. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, не ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, не ги достави до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и не достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  17. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор уплатените средства согласно постигнатата крајна цена не му се враќаат, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  18. По извршената уплата во утврдениот рок и доставата на оригиналните докази приложени со пријавата и доказот за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето за градежната парцела наведена во табеларниот преглед, Градоначалникот на општина Дебрца во рок од 5 (пет) работни дена склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за градежната парцела која што е со површина до000 м², односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот која што е со површина над 5.000 м², да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење, а согласно со категоризацијата на градба, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Неисполнувањето на овие обврски односно по паѓање во задоцнување со исполнување на овие обврски од страна на купувачот на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата на договорната казна и претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.
  19. Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на оваа објава се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дела од стечајна маса.
  20. Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да изгради најмалку 30% од вкупната развиена површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за градежната парцела.
  21. Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет на недвижности што ќе произлезе како обврска по склучениот Договор за отуѓување на градежното земјиште.
  22. По склучувањето на договорот Општина Дебрца во рок од 1 (еден) ден, електронски го доставува договорот до Одделение за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивање на решението за утврдување на данокот на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
  23. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 (триесет) дена, договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена сметано од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.
  24. Неисполнувањето на обврските од точките 22 и 23 од оваа Објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена не му се враќаат на купувачот.
  25. Во цената за отуѓување не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  26. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности на Република Северна Македонија паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште. Во случај на раскинување на договор по вина на купувачот, истиот е обврзан да плати данок на промет и нотарски трошоци.
  27. Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Неисполнувањето на оваа обврска преставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена не му се враќаат на купувачот.
  28. Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее, без претходна согласност, да го заложува или на друг начин оптоварува земјиштето и објектите кои на истото ќе бидат изградени, се до завршувањето на градбата и бришење на прибелешката од точка 27 во јавните книги. Оваа забрана се прибележува во јавните книги.
  29. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на одржување на електронското јавно наддавање. Приговорот се поднесува во писмена форма до Комисијата, која е должна да одлучи со Решение во рок од 5(пет) работни дена од приемот на истиот. Против Решението донесено од страна на комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15(петнаесет) дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена и на web-страната на Општина Дебрца, www.debrca.gov.mk .

 

 

        ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на

постапките за јавно наддавање

Игор Мартиноски дипл.инж.арх. – претседател

Љупчо Балески дипл.град.инж. – член

Даниел Ристески – член

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Почитувани ,

На ден 31.08.2023 година во 10 часот во просториите на Општина Дебрца градоначалникот Ногачески  ќе им  подели училишни ранци и прибор на идните првачиња во,,ООУ Дебрца” .

Учебната година започнува на 01.09.2023 година со почеток во 08:00часот.

Среќен почеток и добар успех во новите школски денови !!!

Информација за ѓраѓаните  за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD  фонд

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

Врз основа на член 65, став (6) од Законот за животна средина (Сл. Весник на РМ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 111/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16 и 99/18) и (Сл. Весник на РСМ бр. 89/22), Општина Дебрца, на ден __.__.2023 година, донесе:

 

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

 

  1. За планскиот документ Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Урбанистички проект (УП) вон опфат на Урбанистички план за формирање на градежнa парцeлa со основна класа на намена E1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 1549/1 и дел од КП 1549/2 КО Белчишта, Општина Дебрца, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Донесувањето на планскиот документ ќе придонесе за: намалување на емисиите во воздух, вклучувајќи намалени емисии на стакленички гасови и придонес кон ублажување на климатските промени, зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика, подобрување на услугите во производство и снабдување со електрична енергија, намалување на зависноста од увоз на струја, отворање на нови работни места, подобрување на бизнис климата, подобрување на квалитетот на живеење и зголемување на животниот стандард на населението. Имплементацијата на планскиот документ со својата намена за користење на обновливи извори на енергија е во насока на реализација на генералните цели на одржливиот развој преку намалување на вкупните емисии во воздух од производство на електрична енергија на конвенционален начин. Со правилно планирање и проектирање и добра анализа на влијанијата, предвидената активност во својата оперативна и функционална фаза нема да претставува значителен товар врз животната средина.
  4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.

Формулар                                                                                      

Градоначалник

Зоран Ногачески

Објавен извештајот за активна транспарентност на 98 јавни институции за 2023 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Објавен извештајот за активна транспарентност на 98 јавни институции за 2023 година Општина Дебрца на листа со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %)

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот за активна транспарентност на 98 јавни институции за 2023 година.

Активната транспарентност на општина Дебрца во 2023 година изнесува 89,9 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %).

Со овие бодови, општината се наоѓа на 27-та позиција од вкупно 98 рангирани институции, со што го исполнивме она што ни беше цел-општината да влезе во групата на институции со ’многу добра‘ активна транспарентност.

За потсетување, според Индексот на активна транспарентност 2017, општина Дебрца го зазеде 86-то место од вкупно 97 институции, со резултат од 16,4 % остварени позитивни показатели, со оценка “многу слаба транспарентност”.

Од сосема нетранспарентна и затворена општина стигнавме до препознатлива и отворена општина.

https://www.aktivnatransparentnost.mk/opshtini.html…

Информација за ѓраѓаните  за користење на средства за инвестиции преку европскиот IPARD  фонд

Кратко резиме за долгот на ЈПКД Дебрца за потрошена електрична енергија и проблемите во водоснабдувањето на територија на Општина Дебрца

Ова е вистината за долгот за електрична енергија кој го има ЈПКД Дебрца, се друго е само политичка манипулација.

Најголемиот проблем со кој се соочува ЈПКД Дебрца во своето работење се големите долгови по основ на неплатени сметки за потрошена електрична енергија за пумпните станици за водоснабдување на дел од населените места во општината.

И ова не е само проблем на нашето јавно претпријатие, туку и на сите други во државата.

До 2018 година водоснабдувањето преку пумпни станици се врши преку – пумпната станица Св.Еразмо и пумпите за водоснабдување за село Издеглавје и село Арбиново.

Во 2018 година поставена е нова пумпа за поддршка на водоснабдувањето во село Требеништа.

Во 2021 година пуштена е во употреба уште една пумпна станица со поголем капацитет, во село Требеништа, за водоснабдување на селата од регионот на Аеродромот Св.Апостол Павле и Аеродромот.

Од октомври 2022 година преземен е и водоснабдителниот систем во село Мешеишта, кој исто така се водоснабдува преку пумпна станица.

Според аналитичките картици, заклучно со месец Мај 2023 година вкупниот долг на ЈПКД Дебрца по основ на неплатени сметки за потрошена електрична енергија за пумпните станици изнесува 17.137.247 денари.

Овој долг е создаван со години наназад и тоа:

-заклучно со Април 2013 година ( вд директор Благојче Стојчески ) долгот изнесувал -442.647 денари.

-од Мај 2013 година до 31.12.2017 година ( вд директори Јасмина Мицкоска, Стојмир Велјаноски и Васил Јончески ) долгот се зголемил за 3.377.454 денари и на 31.12.2017 година изнесувал -3.850.101 денари.

-од Јануари 2018 година до 31.12.2021 година ( вд директор Игор Крцоски ) долгот се зголемил за 7.528.863 денари и на 31.12.2021 година изнесувал – 11.378.964 денари.

-од Јануари 2022 година до 31.05.2023 година ( директор Димче Андрески ) долгот се зголемил за 5.758.283 денари и на 31.05.2023 година изнесува -17.137.247 денари.

Притоа, треба да се има во предвид дека во текот на 2022 година, особено во втората половина, поради енормното зголемување на цената на електричната енергија, само за неколку месеци е направено драстично зголемување на долгот.

Така, само од 01.07.2022 до 31.12.2022 година, за шест месеци направен е долг од 3.972.445 денари или од 01.01.2022-31.12. 2022, за една година, долг од 5.226.498 денари.

Од октомври 2022 година преземен е и водоснабдителниот систем во село Мешеишта, со долг за неплатени сметки за Август и Септември 2022 година, во вкупен износ од -544.707 денари.

Ако ги анализираме само сметките за месец Мај 2023 година, поединечно по броила, состојбата е следна:

-пумпна станица Св.Еразмо = 282.807 денари

-пумпна станица с. Требеништа = 90.055 денари

-пумпна станица с.Мешеишта = 136.914 денари

-пумпа с.Издеглавје = 7253 денари

-пумпа с.Арбиново= 11.985 денари

Моменталната цена на електричната енергија изнесува 11,05 ден/кw + 2,67 денари за дистрибуција или вкупно 13,72 ден/кw, без пресметан 18% ддв.

Цената за надоместокот за потрошена вода утврдена од Регулаторна комисија изнесува 19,00 денари за м3.

Ако се направи симулација за вкупниот број на домаќинства, според сметките за плаќање, се земе просечна потрошувачка од 10 м3 по домаќинство и се спореди со вкупно потрошената електрична енергија, се доаѓа до следното:

Вкупен број домаќинства- 762 х 10 м3 = 7620 м3

Потрошена електрична енергија = 530.680 денари ( со додадена комунална такса за јавно осветлување )

530.680 / 7620 = 69,64 денари.

Значи, цената за водата најмалку би требала да биде околу 70 ден/м3, што е превисока, но превисока е и цената на електричната енергија.

На последната седница советот на општината донесе одлука за субвенционирање на дел од трошоците на ЈПКД Дебрца за електрична енергија, на следната ќе предложам општината да го преземе целокупниот долг и да го исплаќа на рати кон ЕВН, за што е постигната начелна спогодба.

Но, долговите и во иднина нема во целост да се елиминираат со ваквиот сооднос на надоместокот за вода и цената на електричната енергија.

Од мај 2013 година до денес цената на електричната енергија е петкратно, а за време на кризата и десеткратно зголемена,а на водата само 3-4 денари плус дополнително во функција се ставени нови пумпни станици.

Треба да се бараат и алтернативни решенија,како фотонапонски централи за пумпните станици,но и тоа не оди брзо и преку ноќ.

Нерационалното користење на водата,нередовно плаќање на сметките од многу корисници е друга приказна.

И крајно,треба да се има во предвид дека поради долговите кон ЕВН сметката на ЈП со години наназад е блокирана и истата е утврдена со судска рамка во која влегуваат само платите за вработените и тековните трошоци.