Jun 11, 2025
Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца завршена е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на ООУ “Дебрца” Белчишта.
Поставена е нова асфалтна подлога,на површина од 998 м2.
Средствата во износ од 1.426.226 денари се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.


Jun 2, 2025
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 04.06.2025 год. (среда) ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца (046-286-855)
May 28, 2025
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“ Започнаа активности за прочистување на јавни површини и крајпатна вегетација на територија на општината, за овие активности е ангажирана механизација на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца” како и човечки капацитети. Оваа активност е дел од редовното одржување на јавните површини и има за цел да обезбеди чист и попријатен престој на јавните површини и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Упатуваме апел до жителите да не се поставуваат материјали и хаварисани возила, особено на крајпатните површини како безбедно би можеле да извршиме чистење на вегетација без оштетување на механизацијата.
May 23, 2025
Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на АСП ПАК и ФК САТЕСКА синоќа заврши Вториот турнир во мал фудбал “Св.Никола 2025” Требеништа.
Во извонредна атмосфера и драматичен натпревар турнирот го освои екипата на ФК Сатеска.

Честитки за победникот,сите учесници и организаторот.
Општина Дебрца покрај постојните доби уште една прекрасна спортска манифестација.
Општина Дебрца и оваа година беше покровител на турнирот и го помогна со 80.000 денари,а истовремено ја подобривме и спортската инфраструктура,со изградбата на трибина во спортската сала,а за што од Буџетот на општината беа издвоени 1.121.180 денари.

Согласно Годишната програма за развој на спортот за 2025 година финансиски ќе бидат помогнати и другите годинешни општински спортски манифестации како:
Турнир “Петровден 2025” Мешеишта со 80.000 денари.
Турнир “Илинден 2025” Оровник,со 80.000 денари.
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо 2025” Лешани со 40.000 денари,
Меморијален турнир “Михаил Мирчески 2025” Слатино,со 40.000 денари,
“Богородица Куп 2025” Волино,со 80.000 денари
Турнир “Св.Богородица2025” Ботун со 20.000 денари,
Средба на генерации на ФК “Дебрца” Белчишта,со 20.000 денари.
Меморијал “Јончески Мирко Мичула 2025” Велмеј,со 20.000 денари.

Општина Дебрца константно вложува во развојот на спортот и младите.
May 23, 2025
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 46-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 46–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 30.05.2025 година (петок) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 45-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 31.03.2025 година
- Предлог – Одлука за давање на користење недвижна ствар – катастарска парцела 147/8 КО Требеништа
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект с намената на земјиштето (КП бр. 760, КП бр. 967, КП бр 966, КП бр. 964, КП бр. 962)
- Предлог – Одлука за утврдување на потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување и усогласување на намената на бесправно изграден објект с намената на земјиштето (КП бр. 519/1 и КП бр 1917 КО Црвена Вода)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош (03-577)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош (03-599)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош (03-682)
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Крсте Јорданоски