Select Page
Завршен Базенот во с. Песочани

Завршен Базенот во с. Песочани

Завршен Базенот во с. Песочани, иако времето не нè послужи – ама кога се сака, сè се може.

Ни дожд, ни студ, ни лошо време не нè сопре да го довршиме започнатото. Оваа година, Светиот Крст во Песочани ќе се фрла во новиот базен.

Што сме ветиле – тоа и го правиме, зборот си е збор.

Кај нас нема „утре“ – се работи и делник и викенд, кога треба и како треба.

Продолжуваме понатаму со работа, уште многу работи нè чекаат.

Нека е за многу години – спремни сме за Водици во Песочани!

 

 

Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита.
Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави.
 Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните да нѐ контактираат веднаш.
 Контакт телефони:
 078 822 122 – Златко Сиљаноски
 071 334 801 – Иван Стрезоски
Се санираат штетите настанати од обилните врнежи на дожд

Се санираат штетите настанати од обилните врнежи на дожд

Вчера, заедно со екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца, бев на терен до доцните вечерни часови и лично ја следев состојбата на критичните локации.
🌧️ Поради обилните врнежи, беа детектирани повеќе точки кои претставуваа сериозна опасност од поплави и загрозување на имотот и безбедноста на граѓаните.
🛠️ Со навремена реакција и координиран ангажман, сите критични точки се успешно стабилизирани и ставени под контрола.
👷‍♂️ Екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца работеа неуморно и одговорно до доцна синоќа за да се надминат настанатите проблеми.
🤝 Благодарност до сите вклучени служби и работници за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност.
✅ Ќе продолжиме со постојан мониторинг на состојбата и со навремено преземање мерки со цел целосна заштита и сигурност на нашата општина.
Тампонирана улица во село Мешеишта

Тампонирана улица во село Мешеишта

На дел од жителите во с. Мешеишта им обезбедивме полесен пристап до дома, со што конечно се надминува проблем кој со години наназад им го отежнуваше секојдневното движење, особено во врнежливи денови и во зимскиот период.

Иако се работи за само двајца жители, за нас тоа не е „само бројка“, туку човечки потреби и достоинствен живот.

Како Општина Дебрца, наша обврска е да создадеме подобри услови за секој жител, без исклучоци и без разлика каде живее.

Продолжуваме посветено да работиме и да одговараме на реалните потреби на граѓаните.

Ги повикуваме жителите да продолжат да ги споделуваат своите проблеми и предлози.

Секој жител за нас е важен.

 

Известување до населени места Белчишта, Долно Средорече, Лешани, Велмеј, Требеништа и Волино за распоред за подигање на комунален отпад во неработни денови 06.01.2026г и 07.01.2026г (Бадник и Божиќ)

Известување до населени места Белчишта, Долно Средорече, Лешани, Велмеј, Требеништа и Волино за распоред за подигање на комунален отпад во неработни денови 06.01.2026г и 07.01.2026г (Бадник и Божиќ)

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места БелчиштаДолно Средорече, Лешани и Велмеј дека поради неработниот ден 06.01.2026 Вторник (Бадник), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 08.01.2026г.

JП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Требеништа и Волино дека поради неработниот ден 07.01.2026 Среда (Божиќ), комуналниот отпад ќе се подигне во Петок на 09.01.2026г.

Известување до населени места Белчишта, Долно Средорече, Лешани, Велмеј, Требеништа и Волино за распоред за подигање на комунален отпад во неработни денови 06.01.2026г и 07.01.2026г (Бадник и Божиќ)

Известување до населени места Мешеишта и Климештани за распоред за подигање на комунален отпад во неработен ден 01.01.2026 година

ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Мешеишта и Климештани дека поради неработниот ден 01.01.2026 Четврток (Нова Година), комуналниот отпад ќе се подигне наредниот ден во Петок на 02.01.2026 година.