Select Page
Пролетна акција за уредување на патната инфраструктура во општина Дебрца

Пролетна акција за уредување на патната инфраструктура во општина Дебрца

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“, започна акција за пролетно уредување и одржување на патната инфраструктура во сите населени места на територијата на општината.

Акцијата ја изведува ЈПКД „Дебрца“ со механизирано косење со трактор покрај патиштата.

Досега се завршени активностите во следниве населени места:

Оровник

Горенци

Требништа

Волино

Мешеишта

Акцијата продолжува по следниот редослед:

Климештани

Ботун

Белчишта

Злести

Лешани

Велмеј

Горно Средорече

Долно Средорече

Гркополе

Ново Село

Песочан

Црвена Вода

Издеглавје

Слатински Чифлик

Слатино

Оздолени

Сошани

Арбиново

Лактиње

Годивје

Врбјани

Сливово

Мраморец

Турие

Брежани

Заедно придонесуваме за почиста, побезбедна и поуредена средина!

Добиени средства од Министерството за локална самоуправа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион за набавка на опрема за чистење на канализациони системи

Добиени средства од Министерството за локална самоуправа преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион за набавка на опрема за чистење на канализациони системи

На јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа општина Дебрца преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи.

Со одлука на Владата на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се доделени 1.200.000 денари за набавка на наведената опрема за потребите на ЈПКД Дебрца Белчишта.

Набавката на опремата ќе придонесе за јакнење на капацитетите на ЈПКД Дебрца.

Остварена средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија

Остварена средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија

Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и  претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.

На средбата присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.

На средбата беше потецирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.

Во тој контекст, стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид,а има неопходна потреба од функционирање и на територијата на општина Дебрца.

Од страна на гостите беше потенцирано дека општината треба да се заложи да обезбеди просторни услови за друштвото и волонтери,а тие ќе помогнат да се обезбедат опрема и обуки за волонтерите.

Се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на успешна соработка во иднина.

Санација на неупотребуваниот резервоар во село Мешеишта, изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување

Санација на неупотребуваниот резервоар во село Мешеишта, изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување

Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да доведе до пукање на цевките од уличната мрежа.

Со проектот кој е во тек се врши санација на неупотребуваниот резервоар,изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување,како и изведба на шахти со линиски вентили и шахти со регулатор на притисок на водоводната мрежа во село Мешеишта.

Со овие активности и со претходното инсталирање на нова пумпа во пумпната станица целта е да се обезбеди економично користење на водата од водоводниот систем.

Вкупната вредност на работите изнесува 5.251.558 денари,а се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година

 

Завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа во село Мешеишта

Завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа во село Мешеишта

Во село Мешеишта завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа.

Ископан е каналски ров и поставен кабел во должина од околу 100 метри и поставена е потребната електроопрема.

 

Во село Оровник завршено детското игралиште/катче кај селската чешма

Во село Оровник завршено детското игралиште/катче кај селската чешма

Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на  гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци.

 

Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.