Активности на ЈПКД ,,Дебрца”
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото.
Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста во руралните средини на општина Дебрца.
Заедно создаваме подобри услови за живот!
ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираше на водоводната мрежа кај локацијата спроти аеродромот во село Горенци, каде што беше евидентиран дефект настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за потребите на изградбата на автопатот.
При изведбата беше оштетен еден водоводен приклучок, со што привремено без вода остана едно домаќинство.
Интервенцијата е успешно завршена, приклучокот е саниран и редовното водоснабдување е целосно воспоставено
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го санираше дефектот на водоводната мрежа во село Горенци, кој настана при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за изградба на автопатот.
При изведбата беа оштетени три водоводни приклучоци, со што без вода останаа три домаќинства.
Интервенцијата е завршена, приклучоците се санирани и повторно е воспоставено редовно водоснабдување.
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно изврши чистење на дивата депонија месност Бучишта во Велмеј.
ПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, денес 10.072025 изврши чистење и проширување на патот кај селото Горенци, под аеродромот во правец кон Мишелчево.
Со оваа интервенција се овозможува полесен пристап до нивите во овој дел, за нашите земјоделци да можат без проблем да пристапат со комбајни и механизација, особено сега во сезоната на жетва.
Продолжуваме со активности за подобрување на локалната инфраструктура и поддршка на земјоделството!
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го отстрани дефектот на водоводната мрежа во село Оровник во непосредна близина кај пиланата ДрвоПром. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, испораката на вода е нормализирана и навремено е спречено жителите да останат без вода.
Продолжуваме со посветена работа во интерес на сите жители на општината.
Се интензивираат работите на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.”
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.”
Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати.
Започнавме од село Оровник и одиме по ред.
Вкупната вредност на проектните активности за набавка на светилките,демонтажа на старите и монтажа на новите светилки изнесува 5.852.918 денари ,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Со овој проект на примена на нови технологии придонесуваме за поекономично трошење на електричната енергија и поквалитетно јавно осветлување.
Известување за ларвицидна дезинсекција против комарци
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 04.06.2025 год. (среда) ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца (046-286-855)
Активно се чисти крајпатната вегетација
Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД „Дебрца“ Започнаа активности за прочистување на јавни површини и крајпатна вегетација на територија на општината, за овие активности е ангажирана механизација на Општина Дебрца и ЈПКД „Дебрца” како и човечки капацитети. Оваа активност е дел од редовното одржување на јавните површини и има за цел да обезбеди чист и попријатен престој на јавните површини и безбедност на учесниците во сообраќајот.

Упатуваме апел до жителите да не се поставуваат материјали и хаварисани возила, особено на крајпатните површини како безбедно би можеле да извршиме чистење на вегетација без оштетување на механизацијата.
21 Мај се одбележува денот на Natura 2000
21 Мај се одбележува денот на Natura 2000, во чест на воспоставувањето на првите НАТУРА 2000 подрачја во 1992 година, кога ЕУ ја донесе Директивата за живеалишта (Habitats Directive).
Македонија, има започнат процес на хармонизација со европското законодавство и во тие рамки се идентификувани значајни подрачја кои ќе бидат дел од идната НАТУРА 2000.
За општина Дебрца е значајно дека Белчишкото Блато” Сини Вирој” е меѓу идентификуваните идни заштитени подрачја на НАТУРА 2000.
