Select Page
Новогодишна честитка од Градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од Градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

На крајот сме на 2017 година. Во годината што изминува секој од нас, граѓаните на општина Дебрца доживеал и убави и помалку убави моменти.

Посакувам убавите да ги помниме, а помалку убавите да посакаме да не ни се повторат во наредната 2018 година .

Пред два месеци ја добив Вашата доверба да бидам градоначалник на општина Дебрца, да бидам првиот меѓу Вас, еднаквите. Привилегија е да се работи за доброто на секој жител на општината, но и голема обврска довербата да се оправда.

Секој граѓанин заслужува подостоинствен живот, заслужува да биде разбран, почитуван, спокоен, радосен, бидејќи во сето тоа е смислата на нашето живеење.

Очекувам во наредната 2018 година да останеме фокусирани на нашата визија и сите заедно посветено да работиме на остварување на нашата заедничка цел, подобра и понадежна општина Дебрца.

Не  попусто е кажано дека секој е ковач на сопствената среќа. Ако е така, ајде сите заедно да ја исковаме нашата колективна среќа, како виза за помирна, поспокојна и поубава иднина .

Драги сограѓани,
Ви посакувам , многу здравје, среќа, бериќет и успех  во Новата 2018 година.
Да сме здрави и живи.

Големина на Фонт
Контраст