Select Page
Работилница: Белчишко Блато како заштитено подрачје,воспоставување и ефективно управување

Работилница: Белчишко Блато како заштитено подрачје,воспоставување и ефективно управување

Четврток и петок (5-6- Мај) во новите простории од “Изложбениот центар на Белчишкото блато” во с.Белчишта ќе се одржи работилницата во рамките на проектот „Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локалните чинители“, кој започна на 1 јуни 2020 г. и ќе трае до 31 мај 2022г. Целта на проектот е изработка на студија за валоризација на природните и социо-економските
вредности на блатото за прогласување на блатото за заштитено подрачје, теренски истражувања и
јакнење на свеста на локалното население за придобивките и значењето на блатото. Проектот е
финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF) –
кои го препознаа блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата на нашата
држава.

Агенда за 5 мај (четврток)

10.30 – 10.35 ч. Вовед во работилницата, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам
„Екотуризам 2016“, Охрид и обраќање од претставник од Општина Дебрца
10.35 – 10.55 ч. Остварување на заштитата на живеалиштата и екосистемите: состојби на
зачуваност, мерки за зачувување и заштита, еколошки значајни подрачја
10.55 – 11.15 ч. Категоризација на заштитени подрачја
11.15 – 11.35 ч. Начин на прогласување на заштитено подрачје
11.35 – 12.00 ч. Отворена дискусија
12.10 – 13.00 ч. Закуска

Агенда за 6 мај (петок)

10.30 – 10.35 ч. Вовед во работилницата, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам
„Екотуризам 2016“, Охрид
10.35 – 10.55 ч. Планови за управување со заштитени подрачја
10.55 – 11.15 ч. Режим на заштита на заштитени подрачја: зонирање
11.15 – 11.35 ч. Должности на сопствениците, односно корисниците кон заштитеното
подрачје
11.35 – 12.00 ч. Отворена дискусија
12.10 – 13.00 ч. Закуска

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Во мое име и од името на вработените во општинската администрација ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Посакувам во ова кризно време да покажете трпение и престојните празнични денови да ги поминете во здравје, радост и спокој во својот дом, заедно со семејството.

Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот. Убеден сум дека пораката на големиот празник уште еднаш ќе потврди дека со заеднички напори можеме да одговориме на предизвиците со кои се соочува современиот свет и сите заедно ќе бидеме добар пример за идните генерации.

Честитка по повод Рамазан Бајрам

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод 1 Мај

Почитувани сограѓани, почитувани работници!

Од мое лично име и од името на вработените во општинската администрација, Ви го честитам меѓународниот Ден на трудот 1. Мај со желба за успех во работата, достоинствен третман од општеството и заедницата кон вашиот вложен труд и соодветна валоризација на истиот.

Вие сте најважната и нераскинливата алка во стопанските и општествените текови во општината и државата, и како такви ја заслужувате сета почит и внимание. Бидете горди на она што го работите, но секогаш бидете истрајни во борбата за задоволување на вашите работнички права.

Честит, плодотворен и вековит нека ви биде Денот на трудот.