Select Page

Се одржа втората работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”

Во текот на вчерашниот ден се одржа втората работилница од форумските сесии од проектот ,, Зајакнување на општинските совети”.
На сесијата се презентираа концептите за предложените проекти од страна на учесниците на форумот.
Од пет предложени концепти во наредната фаза преминуваат три концепти, кои ќе се развијат во апликации и предлог проекти, со дефинирани фази за нивно спроведување, а кои ќе бидат презентирани на наредната сесија која е закажана за 29 Март.
Покана за втора форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Покана за втора форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, започна со реализација на  Проектни форуми во заедницата.

Ви благодариме за присуството и активното учество во првата форумска сесија.

Втората форумска сесија ќе се одржи на 15.03.2023 (среда) со почеток во 10:00 часот, во просториите на ООУ „Дебрца“ с. Белчишта.

Вашето присуство на втората форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, бидејќи на втората сесија ќе се дискутираат концептите на проектите во кои се содржани решенијата на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија.

Прилог: Дневен ред

                         Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

18-та седница на Советот на општината Дебрца   

18-та седница на Советот на општината Дебрца  

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 18-та седница на Советот на општината Дебрца

 

 

Ја свикувам 18та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  15.03.2023 година (среда), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:      

 

    Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 17-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2022 година
  3. Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврски и каса за 2022 година
  5. Предлог – Одлука за отпочнување постапка за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Дебрца од сите ризици и опасности
  6. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населнието од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2023 година

 

Советнички прашања

 

 

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                  Илчо Алексоски

UNDP: Се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца

UNDP: Се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца

Денес во рамките на проектот ” Зајакнување на општинските совети“ кој го реализираат Програмата за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа, се одржа првиот форум на заедницата во општина Дебрца.
На првата форумска сесија учесниците се запознаа со форумскиот процес и дискутираа за приоритетните проблеми поврзани со стратешките области за развој со кои се соочува општина Дебрца .
На оваа и следните три форумски сесии граѓаните непосредно ќе утврдат проектни идеи/концепти од кои ќе се дефинираат и конкретни предлог проекти,кои ќе се финансираат во рамките на одобрениот грант од 40.000 УСД.
Значајно е и тоа што со вчерашното дополнување на Статутот на општината од страна на советот на општината Форумите во заедницата се внесени во Статутот, како битна алатка за непосредно учество на граѓаните во креирањето и носењето на локалните одлуки.