Select Page
Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Доставена апликација согласно Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти

Во рамките на Јавниот повик на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Белчишта-село Злести, во должина од 1400 метри.

Привршува доизградбата на седум фекални секундарни краци, во  село Мешеишта

Привршува доизградбата на седум фекални секундарни краци, во село Мешеишта

Во село Мешеишта привршува доизградбата на канализациониот систем, во деловите/улиците кои не беа опфатени со првичниот проект од пред неколку години.

Во оваа фаза се изградени 7 секундарни краци, во должина од 590 метри, а поставени се и 16 ревизиони шахти.

Вкупната вредност на работите изнесува 2.614.262 денари,од кои 2.500.000 се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање,Програма за животна средина за 2024 година, а 114.262 денари се од Буџетот на општината за 2024.

Општината ќе издвои дополнителни средства од Буџетот за 2024 година за доизградба на уште неколку канализациони краци.