Select Page
ЈАВЕН ПОВИК  ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

Врз основа на член 22 став 1 точка 3 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 3 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА

           ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Преку мерката за финансирање на проектни активности кои придонесуваат за локален економски развој на општина Дебрца, општината има за цел да го помогне економскиот развој во населените места, да овозможи подобри и полесни услови за живот на своите граѓани како и да го поддржи социјалниот и економскиот развој во општината. Овие мерки тие треба директно да помогнат во задоволување на основните потреби на сиромашните и рурални микрозаедници и население. Со ваквата политика се овозможува директно вклучување на локалното население кое најдобро ги знае сопствените потреби.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика во соработка со своите жители со цел реализација на проектни активности иницирани од нив кои најдобро ги отсликуваат нивните потреби.

 ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Здруженија на граѓани, асоцијации и слично како и црковни одбори чии активности се предвидени да се реализираат на територијата на општина Дебрца.

  НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за локален и економски развој на општина Дебрца во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Се препорачува во проектната документација да биде вклучено и писмо за поддршка на проектната активност од месната заедница на чие подрачје е предвидено да се реализира активноста.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проектни активности кои придонесуваат за локален економски развој во општина Дебрца“  – лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

 КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

 Проектните активности треба да се мали, лесни за реализација и во себе да вклучуваат волонтерски активности од страна на локалното население. Прифатливи за финансирање се активности кои се однесуваат на следново:

 Инфраструктура:

  • Копање или реновирање на едноставен бунар /постројка за снабдување со вода

за пиење/изградба на систем за наводнување/каптажа/набавка на резервоар за вода, неповратна помош за водовод;

  • Расчистување на водотеци, канали;
  • Набавка на апарат за чистење на вегетација, улици или друг вид на јавна површина;
  • Набавка на пумпа/генератор/дупчалка.
  • Активности за ревитализација на традиционални рурални туристички атракции од заедничко значење за заедницата (ревитализација на стари фурни, селски домови, чешми, воденици, занаетчиски простори, фото-документациски архиви и сл.)

Подобрување на условите за живот и заштита на животната средина

  • Уредување на јавни површини, огради, ѕидови,
  • акции за засадување на дрвја;
  • Набавка на светлечки тела врз база на обновливи извори на енергија;

 

Мала туристичка инфраструктура за рурален, активен и еко туризам

  • Набавка и поставување на патокази, инфо табли;
  • Расчистување и обележување на постоечки или нови пешачки патеки;
  • Активности за естетско и хортикултурно уредување на јавни површини и урбана опрема (цвеќиња, садници, паркови, детски игралишта, спортско-рекреативни површини и сл.)
  • Активности за поддршка на микро саемски промоции и настани за локални производи и услуги,

 

             ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.

 

             ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.

 

Прилог: Апликационен-формулар лер

 

 

                                                                                                    ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                     Златко Сиљаноски

 

Завршен Базенот во с. Песочани

Завршен Базенот во с. Песочани

Завршен Базенот во с. Песочани, иако времето не нè послужи – ама кога се сака, сè се може.

Ни дожд, ни студ, ни лошо време не нè сопре да го довршиме започнатото. Оваа година, Светиот Крст во Песочани ќе се фрла во новиот базен.

Што сме ветиле – тоа и го правиме, зборот си е збор.

Кај нас нема „утре“ – се работи и делник и викенд, кога треба и како треба.

Продолжуваме понатаму со работа, уште многу работи нè чекаат.

Нека е за многу години – спремни сме за Водици во Песочани!

 

 

Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи

Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита.
Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави.
 Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните да нѐ контактираат веднаш.
 Контакт телефони:
 078 822 122 – Златко Сиљаноски
 071 334 801 – Иван Стрезоски
Се санираат штетите настанати од обилните врнежи на дожд

Се санираат штетите настанати од обилните врнежи на дожд

Вчера, заедно со екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца, бев на терен до доцните вечерни часови и лично ја следев состојбата на критичните локации.
🌧️ Поради обилните врнежи, беа детектирани повеќе точки кои претставуваа сериозна опасност од поплави и загрозување на имотот и безбедноста на граѓаните.
🛠️ Со навремена реакција и координиран ангажман, сите критични точки се успешно стабилизирани и ставени под контрола.
👷‍♂️ Екипите на ЈКП Дебрца и Општина Дебрца работеа неуморно и одговорно до доцна синоќа за да се надминат настанатите проблеми.
🤝 Благодарност до сите вклучени служби и работници за нивната посветеност, професионалност и пожртвуваност.
✅ Ќе продолжиме со постојан мониторинг на состојбата и со навремено преземање мерки со цел целосна заштита и сигурност на нашата општина.