ПОДГОТВЕНИ ЗА ИЛИНДЕН: Чисти, уредени и безбедни патишта низ населените места во Дебрца! Најголемиот македонски празник, симболот на нашиот непокор и традиција, го пречекуваме онака како што најдобро умееме – работно и на терен! За поголема безбедност во сообраќајот и уреден лик на нашата општина, овие денови интензивно вршиме расчистување на крајпатната вегетација и проширување […]
ТРАДИЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: ДЕБРЦА ГО НЕГУВА ИЛИНДЕНСКИОТ ДУХ! Денеска, со огромна чест и гордост, како градоначалник ја пречекав Илинденската коњаница во нашето историско село Сливово. Оттука, заедно со коњаниците продолживме кон селото Лактиње. Во знак на длабока почит кон нашите предци и херои, кои низ историјата се бореа за слободна Македонија, положивме свежо цвеќе на спомен-обележјата. […]
Денеска, во присуство на нашиот почесен конзул во Перт, Австралија, г-дин Зоран Ќосески, примивме донација која навистина топли срца. Сите наши 17 првачиња добија прекрасни, целосно опремени училишни ранчиња со сиот потребен прибор за успешен старт на нивната најубава животна авантура! Ова е дело на г-дин Драган Капинков, наш иселеник по потекло од битолско Цапари […]
ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека, поради неработниот ден 03.08.2026 година (понеделник), редовно подигање на комуналниот одпад нема да се изврши според вообичаениот распоред. Подигање на одпадот ќе се изврши во Вторник,04.08.2026 година Ви благодариме на разбирањето
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 15-та седница на Советот на општината Дебрца […]
Во селото Годивје успешно заокруживме едно навистина големо и благодетно дело, кое претставува важен чекор кон подобрување на животниот стандард на мештаните. По цели децении чекање и слушање празни ветувања во минатото, конечно го асфалтиравме патот што води до селската црква „Св. Ѓорѓија“, овозможувајќи им на верниците и на сите посетители достоинствен и лесен пристап […]
ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува корисниците дека е пуштен во употреба нов систем за електронска наплата на комунални услуги преку веб-страницата на претпријатието. Преку системот за е-наплата, корисниците можат брзо и едноставно да ги платат своите фактури online со внесување на бројот на фактурата и e-mail адреса. Доколку корисникот не го знае бројот […]
Денес во просториите на Општина Дебрца имав чест и огромно задоволство да го пречекам нашиот драг пријател и почесен гостин, г-дин Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија во Перт, Австралија. Оваа средба беше одлична можност да поразговараме за улогата на нашата дијаспора и нејзиниот непроценлив придонес кон татковината. Општина Дебрца има особена почит кон г-дин […]
Денеска имав чест да остварам средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава, Н. Е. Мартин Памер. На состанокот разговаравме за зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебрца и австриската покраина Тирол. Оваа пријателска покраина веќе има дадено значаен придонес за нашата заедница преку донацијата на возило и опрема за потребите на ДПД Ентузијаст во […]
Почитувани сограѓани, уште едно ветување станува реалност! Денес успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани. Поставени се вкупно 500м2 асфалт. Овој проект е реализиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на општина Дебрца. Со ова уредување значително го олеснуваме секојдневието и обезбедуваме подобри услови за сите жители. Нашата визија е јасна – рамномерен […]
Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа. На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за […]
Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“, број 5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 17-а став 2 од Законот за Јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ број 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, […]
