Select Page
Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува : 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2022/2023 година

 

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за студиската 2022/2023 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија .

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1.да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;

2.да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 ,  а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
3. да не повторувале година во текот на студирањето;

  1. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
  2. да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2022/2023 година за сите студиски програми.

-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2022/2023 година;

  1. Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
  2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
  3. Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  4. Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Фотокопија од индексот.

  1. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 07.03.2023 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на студиската година.

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  20.03.2023 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Конкурс-студенски стипендии (комплетна документација)

 

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Конкурс за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година

Конкурс за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува :

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични  ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2022/2023 година

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за учебната 2022/2023 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

  1. II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1.да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;

2.да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
3. да не повторувале година во текот на образованието;

4.да имаат континуирано  примерно поведение;

  1. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
  2. да се државјани на Република Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-остварениот успех,

-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

  1. 1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;
  2. Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  3. Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
  4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
  5. Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  6. Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
  7. IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 07.03.2023 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 1.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на учебната година.

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  20.03.2023 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

Конкурс-ученички стипендии (комплетна документација)

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески

Поставени се три современи настрешници за автобуски стојалишта во селата Велмеј, Лешани и Злести

Поставени се три современи настрешници за автобуски стојалишта во селата Велмеј, Лешани и Злести

Денес, во рамките на проектот ” Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам” реализирана е уште една проектна активност.

Поставени се три современи настрешници за автобуски стојалишта во селата Велмеј, Лешани и Злести

Проектот се реализираше во рамките на Програмата за прекугранична соработка Македонија-Албанија,а партнери беа Црвениот Крст ОО Охрид,општина Дебрца и Алпинистичкото друштво Патагонија,од македонска страна и општина Грамш, од Албанија.

Требеништа добива нов современ колонијален маркет

Требеништа добива нов современ колонијален маркет

Денес со потпишување на договорот помеѓу општина Дебрца и фирмата Викса 2016 ДООЕЛ и официјално во Требеништа се отвара нов современ маркет.

 

Маркетот ќе биде лоциран во село Требеништа, во долниот дел од селскиот Задружен дом кој неодамна беше целосно реконструиран од страна на Општина Дебрца.Пред потпишувањето на договорот, за јавниот простор се спроведе постапка за јавно наддавање и издавање под закуп на деловниот простор за период од 10 години.

 

Маркетот е предвидено да започне со работа од 1.3.2023 година.

 

Со оваа постапка правиме еден уште едно придвижување на локалната економија, генерирајќи нови вработувања и решаваме еден од горливите проблеми во с.Требеништа.

 

Многу успех!

Ќе се тампонира полски пат во с.Требеништа

Ќе се тампонира полски пат во с.Требеништа

Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и заменик директорот Ремзи Абдулахи.

 

Мерката 124 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, е наменета за општините на целата територија на државата, што придонесува за рамномерен регионален развој. Финансиската поддршка е во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари.

По поднесен проект од страна на општина Дебрца, одобрено е тампонирање на полски пат во с. Требеништа. #ПРОДОЛЖУВАМЕ