Select Page
Христос се роди! Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Христос се роди! Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани, православни христијани,

 

Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, празник на мирот и празник на радоста.

 

Господ Исус Христос во една прилика им порача на своите апостоли: „Мир ви испраќам од небото“.

 

Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите Нас, да ги посети сите наши домови и тој Мир да ни даде сила во деновите кои доаѓаат, за да се справиме со сите искушенија и нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранција , љубов и разбирање.

 

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

 

Мир Божји – Христос се роди !

Среќна Нова 2023 година

Среќна Нова 2023 година

Почитувани сограѓани,
Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.
Во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж и заеднички да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.
Ви посакувам добро здравје и празнична топлина во Вашите домови.
Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2023 -та година.
Да сме живи и здрави
Јавен Повик за пријавување на заинтересирани лица за членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиско работење на ЈПКД “Дебрца”

Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2023 година, број 01-2222/13 , од 14.11.2022 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 3 општи работници ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева и секач на огревно дрво ), за времетраење до 31.12.2023 година, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи),Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договор склучен со Јавно претпријатие за државни патишта.

  1. 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 750 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

 

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае пет дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 30.12.2022 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

Пријава за Јавни Работи 2022 година, Општина Дебрца

Пријава за Јавни Работи 2022 година, Општина Дебрца

 

 

 

 

 

Денес се одржа јавна расправа за проектот “Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”

Денес се одржа јавна расправа за проектот “Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”

Денес во општина Дебрца се одржа втора јавна расправа со заинтересирани граѓани за под-проектот:

“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”, а кој ќе се финансира преку Министерството за финансии, со под-заем и грант , во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.