Dec 15, 2022
На денешната 15-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 7 (седум) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2023 година и Годишните развојни програми на општината за 2023 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2023 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2023 година е проектиран на износ од 113.000.000 денари.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2023 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 15, 2022
Продолжуваме да вложуваме во образовната инфраструктура во општина Дебрца.
Завршена е санацијата и адаптацијата на влезниот дел од училишната зграда во село Оровник.
Се изврши санација на влезните скалила од училиштето, заградување и застаклување на терасата, нова влезна врата, монтажа на настрешница, бетонирање на тротоар, обработка на ѕидовите во заградениот простор и друго.
Вкупната вредност на работите изнесува 693.014 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината.
Dec 13, 2022
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 14-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 15–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 15.12.2022 година (четврток), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 14-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година
- Предлог – Одлука за усвојување на програми за развој
- Предлог – Годишна програма за активностите на општина Дебрца во областа на односите со јавноста, комуникациите и меѓународната соработка во 2023 година
- Предлог – Годишна програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на општина Дебрца за 2023 година
- Предлог – Одлука за распишување јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – Белчишта
- Предлог – Решение за формирање комисија за селекција на кандидати за членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца – Белчишта
- Предлог – Програма за одбележување годишнини на значајни настани и личности во општина Дебрца во 2023 година
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Dec 9, 2022
Денес (09/12/22, Петок) во општина Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески оствари работна средба со Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини.
За време на средбата градоначалникот Ногачески, го информираше министерот за текот на активностите од спроведувањето на еден од позначајните проекти, на територијата на општина Дебрца и воопшто во Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО , “Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито.”
Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот протек од 15 m3 /s во нејзиното природно корито, што се влева во река Црн Дрим и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито, со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.
Се дискутираше и за изнаоѓање решение и дополнителни средства за целосно расчистување на речното корито низ територија на општина Струга, до влевање на реката Сатеска во Црни Дрим.
Исто така министерот имаше можност и од блиску, теренски, да го види досега сработеното.
За потсетување, решавањето на проблемот со река Сатеска е нотиран во 19-те препораки на Реактивната мисија на УНЕСКО за Охридскиот регион.
Од тие причини, преземањето на конкретни активности, макар за почеток и парцијални за решавање на проблемот со река Сатеска е чекор напред во исполнувањето на препораките за зачувување на заштитениот статус на Охридскиот регион.
Проектот се имплементира преку Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ) и Министерството за животна средина и просторно планирање, урбанистичко планската документација ја донесе општина Дебрца, средствата се обезбедени од Фондот за адаптација во рамките на регионалниот проект за и прекугранично управување со ризици од поплави во сливот на река Дрим, изведувач на работите е “Маркоски К 73 “ ДООЕЛ Струга, а според договорот работите треба да завршат до месец Март 2023 година.
Dec 8, 2022
Денес градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески во управната зграда на Пивара Скопје / Pivara Skopje беше дел од промоцијата на новата долгорочна платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност.“ во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак и други поддржувачи. Главната цел на оваа платформа е заштита на животната средина со фокус на чистењето од отпад на националните обележја и заштита од загадување.
Првата фаза на реализација на целите на платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ , опфаќа повеќе активности за чистење и заштита на Охридското Езеро, со целосна поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Пакомак, општините Охрид, Струга и Дебрца, нуркачките клубови Амфора и Акватек, волонтерите од Пивара Скопје и Мен анд Маунтаин.
Во акцијата за најава на платформата беа исчистени над 100.000 метри квадратни површина од отпад од дното и крајбрежјето на Охридското Езеро.
За наредната година планирани се уште неколку акции за чистење, како и активности за пошироко вклучување на заедницата, за јакнење на свесноста и заштита на националната гордост – Охридското Езеро.