Feb 2, 2024
Денес во Општина Дебрца беше потпишан Меморандум за Соработка помеѓу Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам-2016” и Градоначалникот на Општина Дебрца за изработка на Студија за стратешки развој на Eкотуризам во Општина Дебрца.
Носител на активностите е Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам-2016” во соработка со Општина Дебрца каде во наредниод период е предвидено изработка на анкети и консултации и организирање на настани со жителите на општината за навремена и квалитетна изработка на студијата .
Со изработката на Студија за стратешки развој на Eкотуризмот ќе бидат опфатени можностите за развој на екотуризмот-како гранка за економски развој во општината како и сите постоечки и можни нови какапцитети кои ќе придонесат за развој на овој вид на туризам кој општината го поседува, како и ќе бидат опфатени и нови проекти кои општината во наредниод период ќе треба да ги спроведува за забрзан развој на Eкотуризмот како форма за целокупен развој на општината.

Feb 2, 2024
Во знак на поддршка на пациентите со ретки болести и нивните семејства и оваа година особена чест ни претставува што општина Дебрца ќе биде дел од националната кампања “ Ги запознаваме ретките болести 2024” , а која ќе заврши со одбележување на 29 Февруари-Светскиот ден на ретките болести, годишен настан за подигнување на јавната свест во однос на ретките болести и влијанието што тие го имаат врз квалитетот на животот на пациентите и нивните права и потреби. И оваа година општината финансиски ќе ги помогне активностите на Здружението на граѓани за ретки болести “Ретко е да си редок”, од Охрид,а заедно со учениците и наставниците од ООУ “Дебрца” активно ќе се вклучиме во националната кампања и одбележувањето на светскиот ден на ретките болести. И секогаш имајте на ум, реткоста е предност, а не недостаток.
Jan 26, 2024
Во текот на вчерашниот ден се одржа работна средба со претставниците на Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. На состанокот разговаравме за позитивните промени како резултат на 18 месечната техничката поддршка од Проектот на USAID North Macedonia за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.
Споделуваме дел од нив:
Подготвен Извештај со препораки за подобрување на организациските капацитети за администрирање на локалните даноци,
Зголемен капацитет на даночното одделение за ажурирање на базата на податоци за данок на имот,
Ажурирана база на податоци за данок на имот со поддршка на практикант, за чиј ангажман Проектот обезбеди финансиски средства за период од 6 месеци,
Информирање на даночните обврзници за плаќањето на данокот на имот, преку едукативната кампања “Мој данок за мојата општина” споделена на веб-страница на општината на следниот линк: https://debrca.gov.mk/
Индексот на даночната транспарентност на Општина Дебрца
за 2022‐2023 изнесува 50% (од можни 100 %) во однос на 2021-2022 кога изнесувал 33%,
Подготвена Предлог-програма за еднакви можности за жените и мажите за 2023,
Буџетската транспарентност за 2022-2023 изнесува 12 (од можни 16) индексни поени, во споредба со 2021-2022, кога изнесувала 11, и
Подобрена активната транспарентност која во 2023 година изнесува 89.91% , во однос на 2022 кога изнесуваше 82,6%.
Jan 24, 2024
Денес во Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2 кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ја реализира петтата форумска сесија од проектот.
На петтата форумска сесија учесниците на форумот имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.

Во рамките на Проектните активности кои општината ги реализираше изврши – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа.
Вкупната вредност на проектот изнесува:2.605.212 МКД од кои 1.953.909 МКД се грант на донаторот и 651.303 МКД се учество на општина Дебрца .
Како и обезбедена е и монтирана опрема, со која се обезбедува пренос во живо на седниците на советот на општината каде ќе се емитуваат на YouTube каналот на Општина Дебрца, преку кој граѓаните во иднина ќе може да ги следат седниците на советот на општината.
Општината и во наредниод период продолжува со соработка со Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, каде по поднесена апликација од страна на општина Дебрца и одобрена ќе се изработува Итегриран план за Локален Економски развој како стратешки документ на општината.
Во прилог На YouTube каналот на Општина Дебрца може да го погледнете краткото видео за активностите за изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа https://www.youtube.com/watch?v=7ly-MnBnfDs

Jan 24, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 29-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 29–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 29.01.2024 година (понеделник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца. За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 28-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на измена и дополнување на Годишен план за вработување
- Предлог – Одлука за усвојување на Локален Акциски План за управување со отпад на општина Дебрца за 2024-2025
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Никола Короскоски