Select Page
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2024 за унапредување на 4 административни службеници во општинската администрација на општина Дебрца

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2024 за унапредување на 4 административни службеници во општинската администрација на општина Дебрца

Врз основа на член 48 став (4) од Закон за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 80/16,127/16,142/16,2/17,16/17, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 275/19,14/20,215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр. 11/15 , 35/18 и 303/20), а согласно Правилникот за систематизација на работни места во општинската администрација во општина Дебрца бр.09-2129/1 од 27.10.2022 и 01-1293/1 од 30.10.2023 година, општина Дебрца објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2024 за унапредување на 4 административни службеници во општинската администрација на општина Дебрца

 

Општина Дебрца објавува интерен оглас за унапредување административни службеници 4 (четири) извршители и тоа:

 

            1.УПР 01 01 Б04 000 Раководител на одделение за урбанизам и комунални работи, Одделение за урабанизам и комунални работи – 1(еден) извршител;

            2.УПР 01 01 В01 000 Советник-нормативно правни работи, Одделени за правни прашања и општи работи – 1(еден) извршител;

            3.УПР 01 01 В01 000 Советник-Буџетска координација, Одделение за финансиски прашања – 1(еден) извршител;

            4.УПР 01 01 В02 000 Виш соработник-управување и уредување на градежното земјиште, Одделение за урбанизам и комунални работи – 1(еден) извршител;

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонски јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 1 утврдени со актот за систематизација се:

  • ниво на стручни квалификации VI А според македонската рамка на квалификации

и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Научно истражувачко подрачје:Инжинерство и технологија,Научно истражувачко поле:Градежништво, друго инжинерство и технологии (архитектура, урбанизам и планирање и градежништво и водостопанство);

  • работно искуство, и тоа: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раковнодно работно место во приватен сектор;
  • потребни општи работни компетенции на напредно ниво:
  • учење и развој
  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни
  • раководење и финансиско управување;
  • Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски и германски)
  • потврда за положен испит за административно управување;

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 2 утврдени со актот за систематизација се:

  • ниво на стручни квалификации VI А според македонската рамка на квалификации

и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Научно истражувачко подрачје:Општествени науки,Научно истражувачко поле : Право;

  • работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство;
  • потребни општи работни компетенции на средно ниво:
  • учење и развој
  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни
  • финансиско управување;
  • Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски и германски);

 

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 3 утврдени со актот за систематизација се:

  • ниво на стручни квалификации VI А според македонската рамка на квалификации

и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Научно истражувачко подрачје:Општествени науки,Научно истражувачко поле: Други општествени науки (организациони науки и управување-менаџмент);

  • работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство;
  • потребни општи работни компетенции на средно ниво:
  • учење и развој
  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни
  • финансиско управување;
  • Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски и германски);

 

Посебни услови предвидени за работното место под точка 4 утврдени со актот за систематизација се:

  • ниво на стручни квалификации VI А според македонската рамка на квалификации

и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, и тоа: Градежништво, архитектура;

  • работно искуство, и тоа: најмалку две години работно искуство;
  • потребни општи работни компетенции на средно ниво:
  • учење и развој
  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон клиенти/засегнати страни
  • финансиско управување;
  • Посебни работни компетенции:
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ(англиски, француски и германски);

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Дебрца кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Кон пријавата можат да се приложат и други докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки и
  • потврди за успешно реализирано менторство.

Рокот за пријавување на интерниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

Заинтересираните административни службеници, поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Дебрца и до службената електронска адреса: contact@debrca.gov.mk.

            Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Дебрца и тоа:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Фаза 2 –интервју се спроведува  во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.

Дневното и неделното работно време е од 07:30 часот до 15:30 часот, од понеделник до петок, 40 работни часа неделно.

Платата за работно место под точка 1 е во паричен нето износ од 35.337,00 денари.

Платата за работното место под точка 2 и 3 во паричен нето износ од 31.524,00 денари.

Платата за работно место под точка 4 во паричен нето износ од 29.469,00 денари.

 

 

НАПОМЕНА:

Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Пријава за аплицирање

Со почит,

 

                                                             Градоначалник на Општина Дебрца

                                                                       Зоран Ногачески

Покана за петта форумска сесија од проектот  ” Зајакнување на општинските совети“-фаза 2 Презентација на постигнатите резултати од подпроектот Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа

Покана за петта форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“-фаза 2 Презентација на постигнатите резултати од подпроектот Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа

Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2  кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП,  Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ќе ја реализира  петтата форумска сесија од проектот.

На петтата форумска сесија  учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои тие ги избраа за најприоритетни за реализација.

Петтата форумска сесија ќе се одржи на 24.01.2024 (среда) со почеток во 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Дебрца с. Белчишта.

Вашето присуство на петтата форумска сесија е многу значајно за успешноста на форумот, и завршување на проектните активности.

Дневен Ред

 

     Со почит:

Градоначалник на Општина Дебрца

Зоран Ногачески

Упатство за имателите на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО

Упатство за имателите на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО

Ве информриаме дека Управата за заштита на културното наследство согласно мерките за рехабилитација содржани во Стратегискиот план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион и Заклучокот од Сто осумдедест и седмата седница на Владата на Република Северна Македонија (бр. 41-9086/4 од 26 септември 2023 год.), изработи ,,Упатство за имателите на недвижни културни добра во Охридскиот регион – Светско наследство на УНЕСКО“,  достапно за слободно преземање во електронска форма од  веб-страна на Управта за заштита на културното наследство: https://bit.ly/41UWkEg

На следниот линк може да пристапите до Соопштението за јавноста за изготвување на Упатството: https://bit.ly/3RU49p5 

Како локална самоуправа која се наоѓа во границите на заштитениот  регион, упатуваме на можноста да извршите информирање за Упатството кое е прикачено на  официјална веб-страна на Управта за заштита на културното наследство со цел поголема достапност и преземање од страна на секој заинтересиран чинител. На тој начин навремено ќе ги информираме и ќе им помогнеме на имателите на недвижни културни добра во навигацијата низ законските обврски пред да преземат каква било интервенција врз заштитените добра.

Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Божиќна честитка на градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани, православни христијани,

Божик-Христовото раѓање е најрадосниот ден во христијанството, величествен ден за човештвото, ден кога се здогледа големиот сјај и се означи зачетокот на славењето на љубовта кон Бога.

Божик е празник на мирот и празник на радоста.

Господ Исус Христос при една прилика им порача на своите апостоли: „Мир ви испраќам од небото“.

Тој Мир посакувам да се всели во срцата и душите на сите Нас, да ги посети сите наши домови и тој Мир да ни даде сила во деновите кои доаѓаат, за да се справиме со сите искушенија и нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранција , љубов и разбирање.

Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав :

Мир Божји – Христос се роди!

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Новогодишна честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани сограѓани,

Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.

Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж.

Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици, да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.

Ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2024 година.