Jun 17, 2023
Деновиве интензивно се работи на решавање на уште еден проблем во врска со водоснабдувањето во општината, проектот за реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово.
Се извршува целосна реконструкција на каптажата и поставување на HDPE водоводно црево фи 63, во должина од 400 метри.
Вкупната вредност на работите изнесува 468.608 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца за 2023 година.
Следна активност е изградба на нов водоводен крак, во должина од 1 км, во село Арбиново.
Jun 14, 2023
Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.
Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.”
Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 6, 2023
Почитувани земјоделци,
Ве информираме дека во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023.
Апликациите може да се поднесат електронски преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk или директно во канцеларијата на МЗШВ подрачна единица Охрид
Земјоделците ги потсетуваме дека рокот за електронското аплицирање е отворен до 30 јуни.
За повеќе информации за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 може да добиете дирекно во канцеларијата на МЗШВ подрачна единица Охрид