Select Page
Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Доделување на прибор на идните првачиња во ,,ООУ Дебрца “ општина Дебрца

Почитувани ,

На ден 31.08.2023 година во 10 часот во просториите на Општина Дебрца градоначалникот Ногачески  ќе им  подели училишни ранци и прибор на идните првачиња во,,ООУ Дебрца” .

Учебната година започнува на 01.09.2023 година со почеток во 08:00часот.

Среќен почеток и добар успех во новите школски денови !!!

3-та Работилница за Екосистемски услуги- Снабдувачки услуги од Белчишко Блато и начини за нивна проценка

3-та Работилница за Екосистемски услуги- Снабдувачки услуги од Белчишко Блато и начини за нивна проценка

На ден 10 август 2023 година во организација на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016” ќе се одржи работилница: ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ – СНАБДУВАЧКИ УСЛУГИ ОД БЕЛЧИШКО БЛАТО И НАЧИНИ ЗА НИВНА ПРОЦЕНКА

Работилницата е во рамките на проектот „Екосистемски услуги од Белчишко Блато и еколошка едукација“ (Belchishta Wetland Ecosystem Services & Environmental Education (BW-ESEE)“, кој започна на 1 декември 2022 г. и ќе трае до 1 октомври 2023 г.

Целта на проектот е да ги идентификува најзначајните екосистемски услуги кои се добиваат од блатото, за да се интегрираат во донесувањето одлуки за негово управување и заштита. Проектот е финансиран од Партнерскиот фонд за критични екосистеми (Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF), кој го препозна блатото како вреден и најзачуван блатен екосистем на територијата од нашата држава.

Прилог

Агенда

 

Свечено  отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија

Свечено отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија

Вечерва свечено беше отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното 38 мо издание, кое оваа година е посветено во сеќавање на Ѓорѓија Целески, основоположникот на ликовната колонија.

Градоначалникот Ногачески поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакна дека 38–те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца.

Основоположниците на колонијата пред 40 тина години можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба , која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.

Општина Дебрца останува партнер на новото раководство на уметничката колонија во нејзините заложби да се врати стариот сјај на една од најстарите ликовни колонии во Македонија.

Спроведена Акцијата за прочистување во село Волино Заедно, за #НашатаГордост

Спроведена Акцијата за прочистување во село Волино Заедно, за #НашатаГордост

Вработените од Пивара Скопје / Pivara Skopje, волонтерите од Пакомак, Општина Дебрца, и пријавени на сајтот на Пивара Скопје организираа чистачка акција во село Волино.

Во рамки на акцијата која беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од  Пакомак и Општина Дебрца, беше собран отпад  во околината на селото Волино.

„Дебрца иако рурална општина, преставува значајна алка со подеднаква одговорност во заштитата на нашиот бисер, Охридското Езеро. И најголемиот слив на Охридското Езеро, сливот на реката Сатеска започнува и завршува во Дебрца и затоа не случајно е дел од природното и културно наследство во регионот заштитено од УНЕСКО“ Ваквите еко-активности со кои во голема мера придонесуваме во заштита на животната средина ќе останат добра пракса и во иднина.“

 

#НашаГордостНашаОдговорност

 

Акција за чистење на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад во село Волино

Акција за чистење на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад во село Волино

Волонтери претставници од општина Дебрца, ЈКП Дебрца, преставници од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, ќе одржат акција за чистење која е организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО и Пакомак, Акцијата е предвидено да се одржи во село Волино на 28.07.2023 година со  почеток  во 9и 30 часот на потегот од мостот на каналот на река Сатеска, на патот Волино – Мешеишта до мостот на патот Волино-Требеништа и селскиот плоштад .

 

Линк за пријавување на акцијата https://csr.skopsko.mk/form

Завршени работите на изградба и рехабилитација на улици во селата Требеништа, Ботун и Белчишта

Завршени работите на изградба и рехабилитација на улици во селата Требеништа, Ботун и Белчишта

Деновиве заврши првата фаза од реализација на годишната програма  за реконструкција/ рехабилитација на улици во населените места на територија на општината.

Во Првата фаза беа опфатени селта Требеништа, Ботун и Белчишта каде што се изврши прочистување на вегетација,тампонирање и асвалтирање на три улици во наведените села

Општина Дебрца продолжува  со реализација согласно Годишната програма  каде ќе бидат изградени или реконструирани / рехабилитирани улици во повеќе села, како и крпење на ударните дупки на асфалтните коловози каде има потреба според проценка на стручните служби во општината