Select Page
ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)  за под-проектот „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“, Општина Дебрца

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР) за под-проектот „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“, Општина Дебрца

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот. Овој документ е поставен за јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:

Општина Дебрца:  www.debrca.gov.mk

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документот на веб страна, преку пополнување на формуларот кој е достапен на веб страната на општина Дебрца

Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документот, на 10.07.2023 (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на општина Дебрца, со следниот дневен ред:

  1. Воведен збор на Градоначалникот на општина Дебрца и намерата за задолжување – 15 минути
  2. Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (Катарина Георгиевска, Консултант за животна средина) – 15 минути
  3. Дискусија.

 

Формулар за поднесување коментари за ПУЖССР на подпроекти на општините

ПУЖССР – Контролна листа – за подпроект за улично осветлување – општина Дебрца

Известување-и-Дневен-ред-за-јавни-консултации-на-ПУЖССР-подпроект-општина-Дебрца

Датум на објава: 30.06.2023

Министерство за финансии

Единица за спроведување на проектот и

Општина Дебрца

Свечено доделени свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование во ООУ,,Дебрца”

Свечено доделени свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование во ООУ,,Дебрца”

Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено предавање  на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование на кој присуствуваше Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање на  сите полуматуранти  им го честита  завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.

На настанот, на учениците  Бисера Огненоска во име на општина Дебрца, и е доделена плакета за првенец на генерација, а на учениците Теона Лошкоска, Анабела Нелоска, Виктор Мијакоски и Христијан Ецкоски плакети за ученици на генерација, односно пофалени ученици.

На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.

Оваа година за првпат општината и на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.

Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.

Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.

 

 

Реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово

Реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово

Деновиве интензивно се работи на решавање на уште еден проблем во врска со водоснабдувањето во општината, проектот за реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово.

Се извршува целосна реконструкција на каптажата и поставување на HDPE водоводно црево фи 63, во должина од 400 метри.

Вкупната вредност на работите изнесува 468.608 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

 

Следна активност е изградба на нов водоводен крак, во должина од 1 км, во село Арбиново.

Завршена е реконструкцијата на дел од главниот водоводен крак од “Св.Еразмо”, во должина од 180 метри.

Завршена е реконструкцијата на дел од главниот водоводен крак од “Св.Еразмо”, во должина од 180 метри.

Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.

Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена  со полиетиленска HDPE цевка  ф315 PN 16 во должина од 180м  како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа  многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем  од “Св.Еразмо.”

Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.

Одобрени средства за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3

Одобрени средства за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3

Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.

Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на  тендерската постапка  со што ќе се имплементира проектот.

 

Завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на село Лактиње

Завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на село Лактиње

Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.

Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.

Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.