Jul 2, 2024
Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје.
На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон.
Извршена е санација на споменикот во центарот на селото.
Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој на подрачја со специфични развојни потреби, а 1.498.672 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2024 година.
Jun 27, 2024
Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца
И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се надоградува.
Во изминатите години создадени се бројни дела,културно наследство кое не е само наше,туку со право претставува светско наследство.
На годинешните учесници им посакав топло добредојде во Дебрца и инспирација за создавање на нови дела, а на раководството на колонијата уште мноштво изданија.
Општината и оваа година финансиски го помогна културниот настан, а тоа ќе го прави и во иднина.
Jun 7, 2024
Продолжуваме или започнуваме со годинешните планирани проекти,кои поради изборните правила беа во мирување или не можеа да започнат.
Деновиве продолживме или ќе започнеме со проектите,за кои се завршени постапките за јавни набавки.
Дел од нив се:
- Изградба на спортско игралиште и уредување на просторот кај споменикот во село Злести /проектот е во завршна фаза,
- Реконструкција на општинската зграда во село Белчишта /реконструкција на големата сала,административните простории,надворешна фасада и др.
- Реконструкција на објект-поранешна продавница во село Ботун/ проектот е во тек
- Реконструкција на кровната конструкција на Домот во село Годивје,
- Регулирање на канал за наводнување-одводнување во село Злести
- Заградување на училишниот двор во село Ботун
- Реконструкција на спортско игралиште во село Оровник
- Уредување на просторот кај чешмата во село Оровник
- Изградба на три канализациони краци во село Мешеишта,
- Набавка на нова пумпа и реновирање на стариот резервоар за водоснабдување во село Мешеишта
- Тампонирање на пат до црква Св.Димитрија во село Издеглавје,
- Тампонирање на пат до црква Св.Никола Талалеј во село Сошани
- Тампонирање на пат до црква Св.Атанасије, село Сливово
- Осветлување на светиот крст во црква Св Спас,село Велмеј
- Поставување на јавно осветлување на патниот правец село Требеништа-село Волино.
- Санација на рефлектори на спортските полигони
Во наредниот период,по завршување на тендерските постапки ќе започнеме и со други проекти.
May 28, 2024
Во тек е реконструкција на објект (поранешна продавница) во село Ботун, со реконструкцијата е предвидено промена на кров,промена на стара дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешни простории и подови.
По завршување на реконструкцијата објектот се предвидува да биде издаден како деловен простор за (продавница) и дел од објектот ќе биде наменет за потребите на жителите на село Ботун за одржување на состаноци и собири.
May 16, 2024
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка Општина Дебрца во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето се изврши во период од 20.00 до 06.00 часот во добри временски услови, со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата беа опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани- селски населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Воедно се изврши и дератизација на канализационите системи во селата Белчишта,Мешеишта,Волино,Горенци, Оровник како и регионалниот колектор од село Мешеишта до село Оровник како и јавните објекти во општината.
Средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца

Со оваа активност е извршена првата фаза од систематска дезинсекција и дератизација на територијата на општина Дебрца..
May 9, 2024
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 15.05.2024 год. (среда) ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 20.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца 046-286-855