Select Page
Преземени две противпожарни возила од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија

Преземени две противпожарни возила од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија

ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во текот на вчерашниот ден превзеде две противпожарни возила заедно со братското волонтерско здружение ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca .

Ентузијаст прераснува во сериозна волонтерска организација во југозападниот регион на Македонија

На свечената церемонија организирана во Тирол, Ентузијаст прими вредна донација од две противпожарни возила и со самото тоа се зајакнуваат капацитетите на противпожарната заштита во Општина Охрид и Општина Дебрца, на настанот присуствуваа членовите на ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca, членовите на ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid и преставници на ТППЕ Охрид – Пожарна предводени од Командирот Борко Јанкулоски

Волонтерската организација ,,Ентузијаст” и Општина Дебрца упатува благодарност до главниот двигател  на волонтерските здруженија, Командирот на ТППЕ Охрид – Пожарна , Борко Јанкулоски

Обраќање до жителите на Општина Дебрца – Градоначалник Зоран Ногачески

Обраќање до жителите на Општина Дебрца – Градоначалник Зоран Ногачески

Драги сограѓани, почитувани пријатели,

 

 

Во изминативе осум години, со ваша доверба, ја имав честа и одговорноста два мандати да бидам градоначалник на нашата општина Дебрца – првиот мандат како партиски, а вториот како независен кандидат.

Секогаш сум верувал дека два мандати се доволни човек да ја докаже својата визија и да остави зад себе дела. Денес со гордост можеме да кажеме дека зад нас остануваат многу реализирани проекти, значајни за развојот на нашата општина и за подобар живот на граѓаните.

Во изминативе месеци, секојдневно бев исправен пред голем број барања од вас – граѓаните на Дебрца. Се разговараше во општина, мојот дом, по улици, по телефон. Вие бевте тие што ме потсетивте дека многу започнати проекти чекаат да бидат довршени и дека борбата за подобра Дебрца не смее да запре.

Искрено, не беше лесна одлуката – енергијата не е истата како пред осум години, а и мојата првична одлука беше да застанам тука. Но, вашиот глас беше посилен. Вие ми покажавте дека довербата и очекувањата се уште постојат, и затоа – ја носам одлуката да се кандидирам за уште еден мандат како независен кандидат.

Со почит кон сите мои противкандидати, кои сигурен сум дека имаат свои визии и идеи, ние на граѓаните ќе им понудиме едно – дела.

Дела кои ги реализиравме, дела кои ги реализираме и нови дела кои ќе следат во наредните години.

Дела за Дебрца!

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата на новата учебна 2025/2026 година- Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата на новата учебна 2025/2026 година- Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием

За почетокот на новата учебна 2025/2026 година –Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием за 20 те првачиња од ООУ Дебрца.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.

Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

И во оваа прилика изразувам благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца.

Оваа година подароци за првачињата донираа и Министерството за образование и наука и Комерцијална банка АД Скопје.

Добредојдовте и среќно првачиња!

Започна со реализација Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година

Започна со реализација Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година

Започнавме со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година.

Завршена е:

Рехабилитација /нов асфалтен слој на улица во село Оровник,улицата која поминува кај црквата “Св.Спас” и се поврзува со новиот пристапен пат до клучка Аеродром “Св.апостол Павле”,должина 420 метри,вредност 1.589.280 денари,

Рехабилитација на улица во село Мешеишта,дел од улицата до фудбалското игралиште,должина 250 метри, вредност 1.120.056 денари.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.

 

Се уредува просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани

Се уредува просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани

Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани.

Ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи,садници.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.