Aug 11, 2025
Во двата мои градоначалнички мандати една од основните заложби ни беше подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам,за кој Дебрца е предодредена,поради големиот број на верски објекти,од кои некои се постари и со извонредно историско значење /црквата “Св.Ѓорѓија” во Врбјани,”Св.Јован”, во Слатино, “Сите Светии”, во Лешани/.
Континуирано ги помагавме активностите на црковните одбори .
Во оваа прилика ќе потенцирам дел од тие активности:
- Aсфалтирање на патот до и пред црква “Св.Никола”, село Белчишта,
- Aсфалтирање на патот и поставување на бекатон плочки кај црквата “Св.Јован”,Белчишта
- Aсветлување и тампонирање со гребен асфалт на дворното место кај црквата “Св.Василије”,Белчишта
- Помош со механизацијата за повеќе активности кај црквата “Св.Атанасије”,Белчишта
- Tампонирање на пат до црква “Св.Петар и Павле”,Брежани и поставување на бекатон плочки
- Поставување на бекатон плочки во црквата “Св.Никола”, Брежани,
- Чистење на дворното место во црквата “Св.Никола”, село Велмеј,
- Чистење на речното корито и заштита од поплава на црква “Св.Василије”, село Велмеј,
- Помош со механизацијата за изградба на црквата “Св.Никола Талалеј”,Велмеј,
- Помош со механизацијата за уредување на дворното место во црквата “Св.Спас”,Велмеј и осветлување на Крстот,
- Помош со механизација за изградба на црквата “Св.Петка”,Лешани
- Помош со механизација за изградба на црквата “Св.Недела”,во Лешани
- Помош со механизација кај манастир “Сите Светии”,Лешани
- Осветлување на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”
- Асфалтирање на патот до Црквата “Св.Богородица” и гробиштата,село Ботун,
- Помош со механизација за уредување на дворното место кај црквата “Св.Михаил”,село Ботун
- 320 метри црево за водоснабдување на црква “Св.Кирил и Методиј”, село Песочани,
- Тампонирање на патот до црквата “Св.Димитрија”,село Издеглавје
- Чистење на дворното место кај црквата “Св.Никола”,Издеглавје,
- 500 метри кабел за електрична енергија до црква “Св.Софија”,Издеглавје,
- Тампонирање на патот до црквата “Св.Никола Талалеј”,село Сошани
- Уредување со асфалт и бекатон плочки на влезот на црквата “Св.Јован”,Слатино,
- Асфалтирање на 200 метри од сретсело до црква “Св.Никола”,Оздолени
- Уредување со бекатон плочки на дел од дворно место во црква ” Св.Варвара “,село Сливово,
- Тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”,Сливово
- Асфалтирање на дел од патот до црквата “Св.Атанасије”,Арбиново
- Уредување со бекатон плочки на плато во двор на црква “Св.Спас”, село Годивје,
- Уредување со бекатон плочки 950 м2 кај црква “Св.Вартоломеј”,Годивје
- Чистење на пат и дворно место кај црква “Св.Петар и Павле”,Врбјани
- Асфалтирање на улица до црква “Св.Ѓорѓија”,Врбјани
- Градежен материјал ( камен ) за црква “Успение на Пресвета Богородица”, село Волино,
- Чистење на дворно место во црква “Св.Климент”,Климештани,
- Асфалтирање на патот од поштата до црква “Св.Недела”,Требеништа,
- Тампонирање на пат до црква “Св.Петка”,Требеништа
- Осветлување на пат до црква “Св.Варвара” и Крст,Требеништа,
- Уредување на просторот кај чешмата кај црква “Св.Мартинија”,Требеништа,
- Изградба на каптажа кај црква “Св.Никола”,Горенци,
- Асфалтирање на пат до црква “Св.Атанасије”,Горенци,
- Расчистување на свлечишта на пат до црква “Св.Петка:,Оровник,
- Обезбедување на вода за пиење до манастир “Св.Недела”,Оровник
финансиска помош за тековни проекти за црковните одбори ( село Сливово, село Велмеј, село Злести, село Белчишта, село Волино,село Мешеишта, манастир “Си Свети”, село Лешани,за изградба на конаците и др.)
Продолжуваме со уште неколку проекти за кои се обезбедени средства:
- Асфалтирање на патот село Ботун-манастирска црква “Св.Богородица”
- Асфалтирање на патот село Злести-црква “Рождество на Пресвета Богородица”
- Уредување на платото кај црква “Св.Атанасија “ Лешани
- Асфалтирање на патот до чешмата кај црква “Св.Мартинија”,Требеништа
Jul 14, 2025
JПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, испрати механизација во селото Лешани, во близина на црквата „Св. Недела“. Целта на активноста е изградба на потпорен ѕид кој ќе придонесе за заштита и стабилизација на теренот во овој дел од селото.
Ова е уште еден пример за нашата континуирана посветеност кон подобрување на инфраструктурата и безбедноста во руралните средини на општина Дебрца.
Заедно создаваме подобри услови за живот!
ЈПКД „Дебрца“, во координација со Општина Дебрца, успешно интервенираше на водоводната мрежа кај локацијата спроти аеродромот во село Горенци, каде што беше евидентиран дефект настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за потребите на изградбата на автопатот.
При изведбата беше оштетен еден водоводен приклучок, со што привремено без вода остана едно домаќинство.
Интервенцијата е успешно завршена, приклучокот е саниран и редовното водоснабдување е целосно воспоставено
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го санираше дефектот на водоводната мрежа во село Горенци, кој настана при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за изградба на автопатот.
При изведбата беа оштетени три водоводни приклучоци, со што без вода останаа три домаќинства.
Интервенцијата е завршена, приклучоците се санирани и повторно е воспоставено редовно водоснабдување.
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно изврши чистење на дивата депонија месност Бучишта во Велмеј.
ПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, денес 10.072025 изврши чистење и проширување на патот кај селото Горенци, под аеродромот во правец кон Мишелчево.
Со оваа интервенција се овозможува полесен пристап до нивите во овој дел, за нашите земјоделци да можат без проблем да пристапат со комбајни и механизација, особено сега во сезоната на жетва.
Продолжуваме со активности за подобрување на локалната инфраструктура и поддршка на земјоделството!
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го отстрани дефектот на водоводната мрежа во село Горенци, настанат при изведба на градежни активности од страна на фирмата „Синохидро“ за изградба на автопатот.
Поради дефектот, без вода останаа три домаќинства.
Интервенцијата е завршена, водоводниот крак е саниран, и нормализиран е протокот на вода.
ЈПКД „Дебрца“, во соработка со Општина Дебрца, успешно го отстрани дефектот на водоводната мрежа во село Оровник во непосредна близина кај пиланата ДрвоПром. Благодарение на брзата и ефикасна интервенција, испораката на вода е нормализирана и навремено е спречено жителите да останат без вода.
Продолжуваме со посветена работа во интерес на сите жители на општината.
Jul 8, 2025
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.”
Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати.
Започнавме од село Оровник и одиме по ред.
Вкупната вредност на проектните активности за набавка на светилките,демонтажа на старите и монтажа на новите светилки изнесува 5.852.918 денари ,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Со овој проект на примена на нови технологии придонесуваме за поекономично трошење на електричната енергија и поквалитетно јавно осветлување.
Jun 2, 2025
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка , Општина Дебрца го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 04.06.2025 год. (среда) ќе спроведе теристичка (од земја ) Ларвицидна дезинсекција со цел уништување на возрасни комарци и ларви од комарци.
Запрашувањето ќе се врши во период од 19.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Општина Дебрца (046-286-855)
May 22, 2025
Деновиве успешно беше реализиран проектот “Безбеден раст и развој на децата во општина Дебрца”
Проектот го реализираше Кинезио Охрид,студио за пилатес вежби, корективна гимнастика за деца и професионални масажи, кое го аплицираше проектот и истиот беше одобрен од советот на општината и инкорпориран во Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година.
Со проектот беа предвидени контролни прегледи на сите ученици од ООУ “Дебрца” Белчишта.
Во контролите се проверуваа неколку потенцијални проблеми,односно деформитети кај учениците како што се кифоза,сколиоза,лумбална лордоза,вратна лордоза,лошо држење на телото,мускулен дисбаланс,скратена мускулатура и рамно стапало.
Прегледани се вкупно 162 ученици. Од сите ученици 68 деца беа апсолутно без никаков проблем и никаква пречка во нивниот раст и развој, а околу 58 проценти од децата имаат некаков проблем, врз кој што треба да посвети внимание и да се искорегира навреме.
Важно е да се напомене дека голем дел од децата имаат мускулен проблем од тип скратена мускулатура или мускулна асиметрија, кој што многу лесно и едноставно се корегира. Само околу 20 проценти од децата имаат посериозни проблеми на рбетниот столб од тип сколиоза, кифоза, вратна или лумбална лордоза.
Процентот на деформитети воопшто не е загрижувачки и од година во година сите заедно ќе треба да се потрудиме да биде помал, за децата да имаат детство без проблеми и да израснат правилно, без никакви пречки и телесни деформитети.
Сите деца кои што имаат некаков проблем со нивниот раст и развој , секогаш имаат целосно бесплатни насоки и совети во Студио Кинезио за решавање на истиот тој проблем.
Средствата за имплементација на проектот се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Општина Дебрца и во иднина ќе го поддржува спроведувањето на систематски прегледи за рано откривање на деформитети на мускулно скелетниот систем кај децата,со цел нивно навремено превенирање и обезбедување безбеден раст и здрав живот на најмладите.
May 16, 2025
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.
На средбата присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.
На средбата беше потецирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.
Во тој контекст, стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид,а има неопходна потреба од функционирање и на територијата на општина Дебрца.
Од страна на гостите беше потенцирано дека општината треба да се заложи да обезбеди просторни услови за друштвото и волонтери,а тие ќе помогнат да се обезбедат опрема и обуки за волонтерите.
Се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на успешна соработка во иднина.