Select Page
Донесена одлука од Буџетот на општината да се додели финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

Донесена одлука од Буџетот на општината да се додели финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани

На денешната седница советот на општина Дебрца едногласно донесе одлука од Буџетот на општината да се доделат 200.000 денари финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани.
Средствата ќе бидат префрлени на наменската сметка за донации на Црвениот крст.
Во село Оровник завршено детското игралиште/катче кај селската чешма

Во село Оровник завршено детското игралиште/катче кај селската чешма

Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на  гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци.

 

Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.

 

Одржана вело авантура на Славеј Планина

Одржана вело авантура на Славеј Планина

Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина.

Градоначалникот Зоран Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени природни убавини, кои што се привлечни за љубителите на природата, екологисти, планинари, а во поново време и љубители на планински велосипедизам.

На учесниците им посака успешен настан, посебно да ја почуствуваат недопрената природа и притоа да се напојуваат од слободарскиот дух на овој крај.

Посебна благодарност изрази до Амбасадата на СРГерманија во Македонија,која преку програмата за мали проекти го поддржа проектот „Патеки на откривање“.

Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга,а со кој се маркираа шест велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км, на планините Стогово,Караорман,Илинска и Славеј Планина.

Општина Дебрца во целост го поддржува овој спортско-рекреативен настан, бидејќи преку истиот се промовираат здравиот начин на живот, природните убавини, историското и културното наследство на општината.

 


 

 

 

 

 

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 07 и 08.04.2025 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе  од веб страната на www.debrca.gov.mk   и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од имотен лист или копие од договор за закуп ).
  • копие од трансакциона сметка.

 

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 30.04.2025 година.

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

ПРИЈАВА

ИЗЈАВА

OПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за проценка на штети

 

Проодни Локалните патишта во Општина Дебрца

Проодни Локалните патишта во Општина Дебрца

Поради интензивните врнежи од снег Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности „Дебрца“ веднаш излегоа на терен со лесна механизација за чистење на снег се вложија надчовечки напори до 01:40 после полноќ, но секое село беше прочистено доколку дополнително е потребно ќе се приклучат и останатите екипи и останатата механизација.

Тимовите на терен работеа на расчистување на патните правци во Горниот дел на општината, со цел да се обезбеди непречено движење на возилата и безбедноста на сите граѓани.

Активностите на терен продолжуваат и денес на расчистување на патните правци во Горниот дел на општината особено за селата Мраморец и Турије и онаму каде што е потребно, со цел да се обезбеди непречено движење на возилата и безбедноста на сите граѓани.

Апелираме до жителите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината според условите на патот !!!

 

 

Изградена е триредна трибина на источната страна од балон салата во село Требеништа

Изградена е триредна трибина на источната страна од балон салата во село Требеништа

Во пресрет на второто издание на Турнирот во мал фудбал “Св.Никола Требеништа 2025” ги подобруваме условите за сите посетители на оваа спортска манифестација,односно на источната страна од балон салата изградена е триредна трибина,во должина од 36 метри.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.121.180 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2025 година.

И оваа година општината како генерален покровител ќе го помогне турнирот во мал фудбал “Св.Никола Требеништа 2025” со 80.000 денари,согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година.