Select Page
Одбележан 22-Април Меѓународниот ден на планетата Земја

Одбележан 22-Април Меѓународниот ден на планетата Земја

Денес во ООУ,, Дебрца” с.Белчишта претставниците на Здружението за екологија и туризам  ,,Екотуризам 2016” во соработка со Општина Дебрца и учениците  на ООУ,, Дебрца” го Одбележаа 22-Април Меѓународниот ден или Денот на планетата Земја, со учениците се одржа едукативна работилница  посветена на како ,,Планетата против пластиката”.

Учениците се запознаа за можностите кои произлегуваат од користење на пластиката но и за нејзините лоши особини кои ја загадуваат природата и животната средина.

Се едуцираа за  начинот на собриање и рециклирање на пластиката и нејзина употреба а не одлагање во природата и одлагање на депонии каде е потребно долг временски период како истата би изчезнала.

Едукативните работилници за заштита на животната средина се практика која  ја спроведува општината во изминатиот период.

Одржни се голем број на едукации за подигнување на свесноста на жителите и учениците од најмала воздраст да ја штитат животната средина.

Општината на 17-ти Мај ќе спроведе еколошка Акција со учениците на ООУ,,Дебрца” с.Мешеишта каде во акцијата ќе биде опфатено селото Мешеишта каде ќе се изврши чистење на центарот и околу училишната зграда.

Да ја штитиме планетата земја бидејќи Резервна Немаме !

Oбјавен огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта

Oбјавен огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта

На Електронскиот систем за јавни набавки објавен е огласот за јавна набавка на пумпа за пумпната станица и санација на резервоарот во село Мешеишта.

Со проектот се планира набавка и монтажа на нова вертикална центрифугална пумпа и поставување на целосно нова електрика во пумпната станица.

Исто така, ќе се изврши санација на стариот резервоар, кој поради застареност е во многу лоша состојба и со големи загуби на вода.

Ова е почетна фаза од инвестирањето во водоснабдителниот систем во село Мешеишта.

Се планира да се обезбедат средства за целосна реконструкција и на уличната водоводна мрежа, а за што општината има изготвено инвестиционо-техничка документација-основен проект.

Ќе се изработи и Студија за економска оправданост од поставување на фотонапонска централа кај пумпната станица.

Неделен преглед на активности преку програмата за јавни работи

Неделен преглед на активности преку програмата за јавни работи

Изминатава седмица преку програмата за јавни работи реализирани се повеќе активности

Чистење на речното корито во урбаниот дел / низ село/ Волино,во должина од околу 1400 метри,

Косење на зелени рекреативни површини кај детско игралиште во село Оровник,

Косење на јавни зелени површини во центарот на село Требеништа,

Косење на парк во детско игралиште село Волино и јавни површини во центарот,

Косење на јавни зелени површини кај спортски полигон и поранешна општинска зграда село Мешеишта,

Косење на јавни зелени површини во центарот на село Белчишта,

Косење на јавни зелени површини на “Исток”,село Велмеј,

Чистење на дива депонија од градежен шут во близина на Селскиот дом,село Велмеј.

Продолжуваме во континуитет и во останатите населени места

 

3 Април Светскиот ден на водните животни

3 Април Светскиот ден на водните животни

Денес се  одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко Блато е дел од Емералд мрежата и во моментов во тек е изготвување на закон со кој ќе биде ставено под строга заштита како Парк на природата. Тоа е блатен екосистем, кој се напојува со вода од повеќе од десет видливи карстни извори, познати како „Сини Вирови“ и е потенцијално Натура 2000 подрачје, со што ќе влезе и во Европската кохерентна мрежа. Белчишкото Блато  е идна  Еко-Туристичка атракција во Општината, во регионот  и Државата а ќе биде  препознаено и во меѓународни рамки со својата уникатност и недоперна природна убавина и автентичност.

 

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Водоснабдувањето во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места

Во изминатите години водоснабдувањето беше во фокусот на интерес на општината, а со цел да се обезбеди квалитетно снабдување со вода за пиење на населените места.

На тој план, реализирани се повеќе проекти, но и покрај тоа има уште проблеми за решавање.

Еден од проблемите на кој во наредниов период ќе посветиме внимание е водоснабдителниот систем во село Мешеишта,кој јавното претпријатие го презеде во септември 2022 година.

Водоснабдителниот систем во Мешеишта,кој се презеде со долг за неплатени сметки за електрична енергија,во износ од околу 500.000 денари има и други аномалии.

Се работи за стар систем,граден во 70-те години на минатиот век,со големи загуби на вода,поради оштетувања на резервоарот и уличната мрежа,со пумпна станица со пумпи со застарена технологија, што има за последица поголема потрошувачка на електрична енергија.

Поради тоа, акцентот го ставаме на неколку активности:

  • Деновиве ќе биде објавен тендерот за набавка на нова пумпа и замена на електричниот орман, како и за санација на постојниот/стариот резервоар,
  • Во подготовка е техничка документација за оправданост од инсталирање на фотонапонска централа кај пумпната станица,
  • Општината има изготвено техничка документација за реконструкција на уличната мрежа и бидејќи се работи за поголема инвестиција, за која општината сама не може да ги обезбеди потребните средства ,

Проектот на прв објавен повик ќе биде аплициран за обезбедување грант средства од домашните или меѓународните инвестициски фондови.

 

Одбележан Меѓународниот ден на Шумите, денот на пролетта  и екологијата  21-март  со учениците на ООУ,,Дебрца”

Одбележан Меѓународниот ден на Шумите, денот на пролетта и екологијата 21-март со учениците на ООУ,,Дебрца”

Денес во присуство на учениците на ООУ,,Дебрца” село Белчишта,Наставниот кадар,претставниците на Здружението за екологија и туризам  ,,Екотуризам 2016” и Градоначалникот на Општината  го одбележаа Меѓународниот ден на Шумите и денот на пролета 21-март, со засадување на дрвца во кругот на ООУ ,,Дебрца”-Село Белчишта. Засадени се дрвца од видот на автохтона круша како и од видот на Гинкото ( Ginkgo biloba) е дрво кое е единствениот жив претставник на родот гинко.  Гинкото потекнува од пред 225 милиони години, а во леденото време тоа успеало да преживее само во одредени места и  се одликува со голема отпорност на екстремни услови, истото ќе се користи за едукативни цели на учениците со  неговите каратеристики.

Меѓународниот ден на шумите  се слави насекаде низ светот секоја година на 21 Март на меѓународно ниво, со цел да се зголеми јавната свест меѓу заедниците за вредностите, значењето и придонесот на шумите за да се балансира животниот циклус на земјата.

Шумите се суштински дел од животот на Земјата. Тие секогаш ги исполнуваат барањата на човечките суштества преку обезбедување сенка, засолниште, освежување вклучувајќи чист воздух и вода. Во современиот свет на растечка глобална популација се зголемуваат барањата на шумските производи, така што шумите се изложени на голем ризик од уништување и деградација

Шумите се сложена жива заедница на дрвја која обезбедува дом и засолниште за голем број на животни, а почвата под неа го населуваат разновидноста на без’рбетници, габи и бактерии кои играат значајна улога во балансирањето на циклусот на хранливи материи во почвата и во шумата.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста за значењето на природата и важноста на шумите и нивната заштита.

 

“Кај ќе најдеш згодно место

Ти дрво засади,

дрвото е благородно,

тоа ќе те награди “