Apr 7, 2025
Поради интензивните врнежи од снег Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунални дејности „Дебрца“ веднаш излегоа на терен со лесна механизација за чистење на снег се вложија надчовечки напори до 01:40 после полноќ, но секое село беше прочистено доколку дополнително е потребно ќе се приклучат и останатите екипи и останатата механизација.
Тимовите на терен работеа на расчистување на патните правци во Горниот дел на општината, со цел да се обезбеди непречено движење на возилата и безбедноста на сите граѓани.
Активностите на терен продолжуваат и денес на расчистување на патните правци во Горниот дел на општината особено за селата Мраморец и Турије и онаму каде што е потребно, со цел да се обезбеди непречено движење на возилата и безбедноста на сите граѓани.

Апелираме до жителите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината според условите на патот !!!
Apr 4, 2025
Во пресрет на второто издание на Турнирот во мал фудбал “Св.Никола Требеништа 2025” ги подобруваме условите за сите посетители на оваа спортска манифестација,односно на источната страна од балон салата изградена е триредна трибина,во должина од 36 метри.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.121.180 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2025 година.
И оваа година општината како генерален покровител ќе го помогне турнирот во мал фудбал “Св.Никола Требеништа 2025” со 80.000 денари,согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година.

Apr 2, 2025
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2025 година, број 01-382/1, од 14.03.2025 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 13/24 ) се објавува следниот :
ЈАВЕН ПОВИК
За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2025 година
- Опис на јавниот повик
1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2025 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).
1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.
1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .
1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.
- Право на учество на Јавниот повик
2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2025 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.
3.Услови за користење на субвенцијата
3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:
-да е жител на општина Дебрца,
-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,
– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2025 година, од 01.01.2025 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2025 година.
4.Начин на пријавување на Јавниот повик
4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:
-барање за субвенција, кое може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),
-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,
-копија од трансакциска сметка,
-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2025 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2025 година,
– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.
4.2. Едно физичко лице / барател може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.
4.3.Барањата за користење на субвенција можат да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2025 година.
4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2025 година, со адреса: општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.
На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.
4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.
5.Начин на спроведување на Јавниот повик
5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.
5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.
5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.
5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.
5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2025 година.
5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.
Прилог:
БАРАЊЕ
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2025 година
1.Даниел Паункоски -претседател
2.Ристо Наумоски – член
3.Билјана Суклоска-Милошеска – член
Mar 27, 2025
Имавме чест да ги пречекаме заменик амбасадорот Јан Аксел Фос и претставници на Амбасадата на СР Германија кои ја посетија општина Дебрца во рамки на завршната контрола и примопредавањето на проектот „Патеки на откривање“, финансиран од амбасадата преку програмата Мали проекти.
Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ Струга,а со кој маркиравме и унапредивме шест велосипедски патеки,со вкупна должина од 210км, на планините Стогово,Караорман,Илинска и Славеј Планина,со цел развивање на одрлжлив еко-туризам и заштита на животната средина во општина Дебрца.

Покрај тоа, тие имаа можност да ја посетат администрацијата на општината и да се запознаат со нивното работење.
Многу силен впечаток им остави посетата на музејот- центарот за посетители со природнонаучна и етнолошка збирка и истражувањата за Белчишко блато-едно од најзначајните и најзачуваните блата во нашата земја,со фактите за стотиците видови птици,растенија и цицачи што го прави ова место вистинско природно богатство.

Оваа посета беше одлична можност претставниците на амбасадата да се запознаат со нашата работа, проектите што ги реализираме и визијата за развој на еко туризмот и заштитата на животната средина.
Голема благодарност до Германската амбасада за поддршката и соработката! Со заеднички напори, продолжуваме да создаваме нови можности за локалната заедница.
На 13 април ќе организираме велосипедски настан,на една од шесте патеки опфатени со овој проект- Славеј Планина МТБ тура 2025


Mar 18, 2025
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С.Македонија, број 01-400/1, од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2024/2025 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за студиската 2024/2025 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија .
- УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
- да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 , а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
- да не повторувале година во текот на студирањето;
- да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
- да се државјани на Република С.Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2024/2025 година за сите студиски програми.
-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2024/2025 година ( оригинал );
- Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
- Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
- Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се согласува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
- Фотокопија од индексот;
- Копија од трансакциска сметка на студентот.
МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 08.04.2025 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 15.04.2025 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ПРИЛОГ:П Р И Ј А В А- ИЗЈАВИ – студенти
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески
Mar 18, 2025
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С.Македонија ,број 01-401/1 од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува :
КОНКУРС
за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2024/2025 година
I.ВОВЕД
Општина Дебрца за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии на одлични ученици од општина Дебрца, запишани на јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.
- II. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
- да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран одличен успех;
- да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
- да не повторувале година во текот на образованието;
- да имаат континуирано примерно поведение;
- да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
- да се државјани на Република С.Македонија и жители на општина Дебрца.
Критериум за доделување на стипендиите се:
-остварениот успех,
-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III и IV година.
III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.debrca.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:
- Извод на родени на ученикот ( копија );
- Копија од трансакциска сметка на ученикот (доколку има) или на еден од родителите;
- Потврда дека е редовен ученик во учебната 2024/2025 година;
- Фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
- Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
- Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;
- Изјавапотпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
- Изјава потпишана од родител-старател за користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува Општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка.
- IV. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Пријавата со потребните документи, учениците треба да ги достават во рок од 15 работни дена, а најдоцна до 08.04.2025 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта , во затворен плик, со назнака: „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски стипендии“.
- ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.
VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до 15.04.2025 година на интернет страницата на Општина Дебрца.
Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.
ПРИЛОГ:
ПРИЈАВА – ИЗЈАВИ – ученици
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Зоран Ногачески